Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Стариот мачор, излитен, ќор и сакат реши да си подлегне малку под стреата на болницата.

Мирисите на урбаната џунгла на кои беше навикнат беа поинакви овој пат.

Нешто недефинирано како да висеше во атмосферата, нешто непрепознатливо за доменот на мачешкиот ум но сосема конкретно за неговиот инстинкт. Кој му кажуваше да бега, да трча некаде надвор од градот на паднатите ангели, исфрлени од неонскиот рај со декрет на власта.

Тоа и би го направил ако беше млад и силен, страв и трепет за локалните ривали, татко на десетици мачиња.

Но не беше и се` што можеше е да најде суво место и да си прилегне.

Подлижувајќи си ги шепите, наглув каков што беше не придаде особено значење на жестокиот звук, звук од приближувањето на ударниот бран на сто килотонската бомба која тукушто експлодира над градот.

И да знаеше за што се работи ќе беше доцна. Никогаш не ги сакаше луѓето кои му ја газеа опашката и го удираа со камења кога ровареше низ кантите за ѓубре. Како ѓубрето да имаше којзнае каква вредност за луѓето... И подобро што беше ограничен во мачешкиот опсег на перцепција, барем немаше да се ужаснува од човекот, врвот на еволуцијата, кој решил да фрли тактичка нуклеарна бомба врз членови на својот род.

На местото каде што стоеше стариот мачор остана само сенка. Сенка на мачор на ѕидот, феномен на радиоактивното зрачење кој го овековечи неговото присуство на Земјата. Штета што не остана никој за да го види тоа.

А мачорот си продолжи понатаму, како во прикаските на Прат - во мачешкиот рај каде што имало изобилство на врапчиња, риби, млеко и секако глувци, убаво сортирани и свежи, на радост на заминатата мачешка душа. Неговиот израз поприми задоволна гримаса која премина преку искривената усна. Препозна неколку мачки во далечината кои не ги беше видел одамна.

Тоа не требаше да го зачуди. Бидејќи сите мачки одат во рајот.

[QUOTE="Outrider, post: 278728, member: 2887"] Стариот мачор, излитен, ќор и сакат реши да си подлегне малку под стреата на болницата. Мирисите на урбаната џунгла на кои беше навикнат беа поинакви овој пат. Нешто недефинирано како да висеше во атмосферата, нешто непрепознатливо за доменот на мачешкиот ум но сосема конкретно за неговиот инстинкт. Кој му кажуваше да бега, да трча некаде надвор од градот на паднатите ангели, исфрлени од неонскиот рај со декрет на власта. Тоа и би го направил ако беше млад и силен, страв и трепет за локалните ривали, татко на десетици мачиња. Но не беше и се` што можеше е да најде суво место и да си прилегне. Подлижувајќи си ги шепите, наглув каков што беше не придаде особено значење на жестокиот звук, звук од приближувањето на ударниот бран на сто килотонската бомба која тукушто експлодира над градот. И да знаеше за што се работи ќе беше доцна. Никогаш не ги сакаше луѓето кои му ја газеа опашката и го удираа со камења кога ровареше низ кантите за ѓубре. Како ѓубрето да имаше којзнае каква вредност за луѓето... И подобро што беше ограничен во мачешкиот опсег на перцепција, барем немаше да се ужаснува од човекот, врвот на еволуцијата, кој решил да фрли тактичка нуклеарна бомба врз членови на својот род. На местото каде што стоеше стариот мачор остана само сенка. Сенка на мачор на ѕидот, феномен на радиоактивното зрачење кој го овековечи неговото присуство на Земјата. Штета што не остана никој за да го види тоа. А мачорот си продолжи понатаму, како во прикаските на Прат - во мачешкиот рај каде што имало изобилство на врапчиња, риби, млеко и секако глувци, убаво сортирани и свежи, на радост на заминатата мачешка душа. Неговиот израз поприми задоволна гримаса која премина преку искривената усна. Препозна неколку мачки во далечината кои не ги беше видел одамна. Тоа не требаше да го зачуди. Бидејќи сите мачки одат во рајот. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази
На врв
Bottom