Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Со мака се обидува да се присили себеси да го разбере времето како човечка измислица и се обидува секој миг да го доживее подолго од обично. Се затвора во едно посебно место во своите мисли, се оттуѓува од утринскиот џагор кој порано или подоцна ке и го надвика сонот и потонува, се обидува да се зарони во намерно избраното тло. Всушност таа самата го изгради тој дворец. Со денови, со месеци, со години се мачеше да го изгради, да го замисли, да го осмисли до најситниот детал. Ги ловеше далечините до избезуменост, но никогаш не ја задоволи потребата да избега. Колку и да бегаше, колку и длабоко да тонеше никогаш не и беше доволно. Таму некаде во тие длабочини каде што душата безгранично се раскрилува и ги отвора сите пупки и шуплини, секогаш фалеше едно зрно по кое што таа ке тргнеше да трага...

Барањето одговори не и е мачно.Таа ги обожува тие талкања по сржта на сопствеото битие, го обожува копањето по одамна закоравените, натрупани една врз друга крвави рани...

Колку и да е болно нивното повторно оживување и колку и да се остри нивните молскавично брзи и остри јазици, таа едноставно не умееше да живее без тие слики и мириси на кои толку жаровито се присетува со налудничаво силен копнеж... Сеќавањата се со вкус на свежа и гнила крв истовремено. Таа се сеќава со радост и тага, со солзи кои и самата не умее да ги протолкува...

Понекогаш толку многу и се насладуваше на сопствената болка што упорно ги премотуваше сите слики од почеток до крај изобличувајки ги секој следен пат за да ги представи како поболни и пострашни...

Болката е слатка, таа е она највистинското... Се во животот избледува, секоја среќа, секоја пеперутка во стомачната шуплина, секоја искра која го забрзува ритамот на срцето... Бледее, ветрее, старее, гние, се распаѓа, исчезнува... Болката - не!

Таа само умее да се подзатскрие, да собере нови сили со кои ке те гребе директно во јадрото на твоето свесно и несвесно постоење, да допре и до највозвишеното, да го уништи и најцврстиот слој...

Таа повеќе не може да чувствува. Нејзе може само да ја боли. Болката и е единствениот доказ дека е жива!

Враќањето во реалноста е најтешкиот дел од утринскиот ритуал. Одкако ги прочепка сите можни чирчиња до степен на крварење и гноење, таа мора да исплива од сопственото море и да дише.

Секој следен чекор е само обична, здодевна рутина. Таа чекори низ денот со затворени очи. Стегајки ги забите се охрабрува да издржи. Копното не и е сигурна средина. Мечтае за повторно нуркање во темните длабочини. Секој шум ја враќа назад. И го крши кристалниот универзум и и ја расчеречува свеста принудувајки ја да ги отвори очите. Силувајки го секое повторно вдишување таа успева да наслика една цврста насмевка на скаменетото, бледо лице.

Денот ке помине! Денот ке помине! ... ке помине!

Уморна од татнежот на денот, уморна од неговата светлина и шареноликост, пред сосем да се повлече во своето свето дувло посакува повторно да воскресне.

Се соблекува гола. Посегнува во некој остар предмет и внимателно седнува на кадата. Сече еден дел од својата кожа. Вдишува длабоко подигајки ја главата и со нов еуфоричен сјај во очите повторно го вбризгува сечивото во своето месо.

Задоволството преточено во болка, болката преточена во задоволство... одекнуваат испреплетени во едноогласен крик -

`` НЕКА МЕ БОЛИ!!! НЕКА МЕ БОЛИ!!!``

[QUOTE="malo, post: 186380, member: 1867"] Со мака се обидува да се присили себеси да го разбере времето како човечка измислица и се обидува секој миг да го доживее подолго од обично. Се затвора во едно посебно место во своите мисли, се оттуѓува од утринскиот џагор кој порано или подоцна ке и го надвика сонот и потонува, се обидува да се зарони во намерно избраното тло. Всушност таа самата го изгради тој дворец. Со денови, со месеци, со години се мачеше да го изгради, да го замисли, да го осмисли до најситниот детал. Ги ловеше далечините до избезуменост, но никогаш не ја задоволи потребата да избега. Колку и да бегаше, колку и длабоко да тонеше никогаш не и беше доволно. Таму некаде во тие длабочини каде што душата безгранично се раскрилува и ги отвора сите пупки и шуплини, секогаш фалеше едно зрно по кое што таа ке тргнеше да трага... Барањето одговори не и е мачно.Таа ги обожува тие талкања по сржта на сопствеото битие, го обожува копањето по одамна закоравените, натрупани една врз друга крвави рани... Колку и да е болно нивното повторно оживување и колку и да се остри нивните молскавично брзи и остри јазици, таа едноставно не умееше да живее без тие слики и мириси на кои толку жаровито се присетува со налудничаво силен копнеж... Сеќавањата се со вкус на свежа и гнила крв истовремено. Таа се сеќава со радост и тага, со солзи кои и самата не умее да ги протолкува... Понекогаш толку многу и се насладуваше на сопствената болка што упорно ги премотуваше сите слики од почеток до крај изобличувајки ги секој следен пат за да ги представи како поболни и пострашни... Болката е слатка, таа е она највистинското... Се во животот избледува, секоја среќа, секоја пеперутка во стомачната шуплина, секоја искра која го забрзува ритамот на срцето... Бледее, ветрее, старее, гние, се распаѓа, исчезнува... Болката - не! Таа само умее да се подзатскрие, да собере нови сили со кои ке те гребе директно во јадрото на твоето свесно и несвесно постоење, да допре и до највозвишеното, да го уништи и најцврстиот слој... Таа повеќе не може да чувствува. Нејзе може само да ја боли. Болката и е единствениот доказ дека е жива! Враќањето во реалноста е најтешкиот дел од утринскиот ритуал. Одкако ги прочепка сите можни чирчиња до степен на крварење и гноење, таа мора да исплива од сопственото море и да дише. Секој следен чекор е само обична, здодевна рутина. Таа чекори низ денот со затворени очи. Стегајки ги забите се охрабрува да издржи. Копното не и е сигурна средина. Мечтае за повторно нуркање во темните длабочини. Секој шум ја враќа назад. И го крши кристалниот универзум и и ја расчеречува свеста принудувајки ја да ги отвори очите. Силувајки го секое повторно вдишување таа успева да наслика една цврста насмевка на скаменетото, бледо лице. Денот ке помине! Денот ке помине! ... ке помине! Уморна од татнежот на денот, уморна од неговата светлина и шареноликост, пред сосем да се повлече во своето свето дувло посакува повторно да воскресне. Се соблекува гола. Посегнува во некој остар предмет и внимателно седнува на кадата. Сече еден дел од својата кожа. Вдишува длабоко подигајки ја главата и со нов еуфоричен сјај во очите повторно го вбризгува сечивото во своето месо. Задоволството преточено во болка, болката преточена во задоволство... одекнуваат испреплетени во едноогласен крик - `` НЕКА МЕ БОЛИ!!! НЕКА МЕ БОЛИ!!!`` [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази
На врв
Bottom