Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Литература и книжевност
Разговор со вашиот омилен автор
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Aj и јас како автор да се изјаснам.

Би го викнал Амин Малуф во прошетка низ Скопје, би го прошетал на одредени се` уште функционални/живописни културни зданија (чаршија, Кале, Нерези, Матка) и би седнале во Турист на ручек и би разглабал со него за историско-културолошката кохезија меѓу некогашниот ориент и современиот запад. Би го прашал за лично мнение општо за сегашнава ситуација во балканот (верувам дека доволно е запознаен) како и тоа дали и колку би можел истиот да просперира по цена на губење на дел од својот идентитет и дали е тоа позитивна работа на долг рок. Во друг муабет би спомнал за емигрантскава криза како и негово мислење колку западот дозволува/опструира за да се роди толкава (не)толеранција меѓу уништените држави, населението и агресорите.

Со Ремарк би пошол на приватна тура (рентакар) Скопје - Велес - Прилеп - Битола - Охрид по сите можни споменици од 19ти и 20ти век. Секој град по еден ден - за една недела мање више. Во секој град би одел во некој рандом паб-бирцуз и таму би дискутирале за војната како неизбежен проблем во општеството, како и истата инфликтира горчина на оној кој ја доживеал, различно од оној кој не ја има доживеано. Би го повикал Ками да дојде да ни` се придружи, би ја обсервирал дискусијата Ками - Ремарк за нивните сличности како и разлики апропо човекот како единка во две различни ситуации на поробен/победен и агресор/слободен. Би го прашал Ками на што точно мислел кога Мерсо го утепак тој Арапин. Дали во ова денешно лудо општество би помислил сосема поразлично или од општата летаргија што ја зема секој оној кој е осиромашен во дух, не би помислил ни два пати исто така да постапи. Потоа би отворил нова тема со Ремак околу љубовта и колку таа може од човек да направи маж, земено во денешните рамки на слободоумност меѓу двата пола. Колку Ремарк е про-феминист, што за него значи право на глас на жена, дали заштитничкиот став на мажот кон жената би бил адекватен и во денешни услови на ист начин како и во негово време.

Имам уште еден куп писатели, Дојл, Хорнби, Барико па и Спаркс влагаат во кандидати, но малку да прекинам да не испадне предолг постов.

[QUOTE="Saladin, post: 355631, member: 272"] Aj и јас како автор да се изјаснам. Би го викнал Амин Малуф во прошетка низ Скопје, би го прошетал на одредени се` уште функционални/живописни културни зданија (чаршија, Кале, Нерези, Матка) и би седнале во Турист на ручек и би разглабал со него за историско-културолошката кохезија меѓу некогашниот ориент и современиот запад. Би го прашал за лично мнение општо за сегашнава ситуација во балканот (верувам дека доволно е запознаен) како и тоа дали и колку би можел истиот да просперира по цена на губење на дел од својот идентитет и дали е тоа позитивна работа на долг рок. Во друг муабет би спомнал за емигрантскава криза како и негово мислење колку западот дозволува/опструира за да се роди толкава (не)толеранција меѓу уништените држави, населението и агресорите. Со Ремарк би пошол на приватна тура (рентакар) Скопје - Велес - Прилеп - Битола - Охрид по сите можни споменици од 19ти и 20ти век. Секој град по еден ден - за една недела мање више. Во секој град би одел во некој рандом паб-бирцуз и таму би дискутирале за војната како неизбежен проблем во општеството, како и истата инфликтира горчина на оној кој ја доживеал, различно од оној кој не ја има доживеано. Би го повикал Ками да дојде да ни` се придружи, би ја обсервирал дискусијата Ками - Ремарк за нивните сличности како и разлики апропо човекот како единка во две различни ситуации на поробен/победен и агресор/слободен. Би го прашал Ками на што точно мислел кога Мерсо го утепак тој Арапин. Дали во ова денешно лудо општество би помислил сосема поразлично или од општата летаргија што ја зема секој оној кој е осиромашен во дух, не би помислил ни два пати исто така да постапи. Потоа би отворил нова тема со Ремак околу љубовта и колку таа може од човек да направи маж, земено во денешните рамки на слободоумност меѓу двата пола. Колку Ремарк е про-феминист, што за него значи право на глас на жена, дали заштитничкиот став на мажот кон жената би бил адекватен и во денешни услови на ист начин како и во негово време. Имам уште еден куп писатели, Дојл, Хорнби, Барико па и Спаркс влагаат во кандидати, но малку да прекинам да не испадне предолг постов. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Литература и книжевност
Разговор со вашиот омилен автор
На врв
Bottom