Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Забава
Досие X на форумот
Потсвест и нејзината моќ
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

VIII дел

Потсетувајте се себеси доволно често дека исцелувачката моќ се наоѓа во вашата потсвест.Имајте на ум дека вербата наликува на семе фрлено во земјата, од него ќе израсне оној вид на билка што е посеана.

Засадете идеја (семе) во својот ум, наводнувајте ја и хранете ја со верба и со надеж и ќе го добиете саканиот резултат.Идејата за книга, пронајдок или што било друго што ќе ви се роди во умотпретставува вистинит, реален факт.

Верувајте во реалноста, опипливоста на своите идеи, планови, откритија и доклку сте истрајни, навистина ќе ги видите материјализирани.Додека ја изговарате молитвата, имајте на ум дека длабокото внатрешно сфаќање на целоста, убавината и совршеноста е во состојба да ги промени негативните обрасци на мислењето во потсвеста и да произведе чудесни ефекти. До чудесни исцелувања во многубројните храмови ширум светот доаѓа благодарејќи и на мечтата и на беспрекорната верба што дејствува врз потсвеста и ја ослободува нејзината исцелителска моќ.

Сите болести настануваат во човечкиот ум. На секоја телесна појава задолжително и претходи соодветен мисловен образец. Сугестијата под хипноза е во состојба да предизвика појава на симптоми речиси на секоја болест. Со тоа, на очигледен начин, се покажува моќта на човечкиот ум.

Еден и единствен процес на исцелување е само - вербата. Една исцелителска сила е само потсвеста.Ефектот ќе го добиете без оглед дали предметот на вербата е вистински или лажен. Потсвеста реагира на мислата родена во свеста. Значи, доволно е вербата да ја сметате мисла родена во свеста.

IX дел

Потсвеста ги наѕира сите телесни процеси и има одговори на сите прашања. Непосредно пред одење на спиење, упатете и на свеста точно одредено барање и на самиот себе докажете го постоењето на чудотворната моќ.

Се што ќе втиснете во потсвеста ќе излезе на видело како особина, искуство или случка. Затоа грижливоодберете ги идеите и мислите што и ги упатувате на потсвеста.

Законот на акцијата и реакцијата е универзален. Мислата претставува акција додека автоматскиот одговор на потсвеста е - реакцијата.Внимавајте на своите мисли.

Секоја фрустрација се темели врз неуслишената желба. Ако им посветувате премногу влијание на пречките, одлагањата и тешкотиите, ќе настапи соодветна реакција на потсвеста, со тоа работите против сопственото добро.

Доколку свесно, јасно повторувате, „Верувам дека потсвесната сила и во овој миг, користејќи го моето тело, ја исполнува замислената желба“, ќе го почувствувате протокот на Животниот принцип низ сопственото тело и дух. Сите непријатности ќе ги снема.

Стравот, јанѕата и грижата го нарушуваат нормалниот ритам на работа на срцето, белите дробови и другите органи. Нахранете ја потсвеста со хармонија, здравје и мир и сите телесни функции повторно ќе бидат нормални.

Нека свесниот дел на вашиот ум непрекинато очекува најдобро, потсвеста ќе се погрижи верно да го репродуцира вашиот начин на размислување.

Замислувате среќен крај или решавање на својот проблем, чувствувате радост од остварената цел и се што замислувате и што чувствувате со помош на потсвеста ќе се претвори во реалност

X дел

Мислете позитивно и ќе следува добро. Мислете негативно и ќе следува зло. Човекот е тоа што тој го мисли. Потсвеста не е во состојба да се спротивставува, туку прифаќа се што ќе и упати свеста.

Никогаш немојте да речете, „Немам пари за такво нешто“ дури и ако е тоа точно. Одберете подобра мисла, „Ќе го купам тој предмет. Во мислите веќе е мој.

Секој човек располага со можност да избира. Определете се за здравје и среќа. Можете да одберете љубезност или нељубезност кон ближните. Определете се за соработка, радост, љубезност и ќе ја забележите благопријатната реакција на сите околу вас. Тоа е најдобриот начин да се развие позитивна личност.

Свеста е „чувар на портата“ и нејзината основна задача е да го попречи навлегувањето на лажните впечатоци до потсвеста. Определете се за верување во можноста за позитивни настани. Човековата најголема моќ е способноста да избира. Одберете ги среќата и изобилието.

Изјавите и сугестиите на другите немаат моќ да ви нанесат болка. Единствена сила што може да ве повреди е вашиот сопствен сложен ум, вашата автосугестија. Одлучете се да ги отфрлите мислите на другите и прифатете ги исклучиво сопствените позитивни сугестии.

Внимавајте што зборувате. На крајот ќе мора да полагате сметки за секој изречен збор. Никогаш не велете: „Ќе пропаднам, ќе останам без работа, не сум во состојба да ја платам станарината.“ Потсвеста не знае што е шега и секоја мисла ја сфаќа сериозно, трудејќи се со сите сили да ја спроведе во дело.

Вашиот ум не е злобен, ниту една природна сила сама по себе не е злобна, туку се однесува во согласност со начинот на кој што ја ползувате. Употребете го својот ум како исцелител, вдахновение и причинител на среќа на своите ближни.

Никогаш не велете: „Не сум во состојба да го сторам тоа.“ Надминете го стравотсо помош на следнава реченица: „Користејќи ја силата на мојата потсвест, во состојба сум да сторам се на светов.“

Почнете да размислувате од становиштето на вечните вистини и принципи на животот, заборавете на стравот, на незнаењето, на суеверието. Немојте да им дозволите на другите да размислуваат место вас. Самите одберете ги сопствените мисли, донесувајте сопствени решенија.

Секој човек е капетан на својата душа (потсвеста) и господар на својата судбина. Немојте да заборавите дека имате моќ на избор. Одберете ги животот, љубовта, здравјето, среќата!

Секој факт за кој свеста ќе претпостави или ќе поверува дека е вистинит потсвеста ќе го усвои и ќе го спроведе на дело. Верувајте во добрата среќа, во исправното дејствување и во чудото наречено - живот.

XI дел

Ризницата се наоѓа скриена длабоко во вас. Одговорите на желбите на своето срце барајте ги во самите себеси.

Големата тајна чие решение го имале најзначајните луѓе од сите епохи лежи во нивната способност да ги откријат и да ги ослободат силите на сопствената потсвест. И вие сте во состојба да го сторите истото.

Потсвеста ги знае одговорите на сите прашања. Доколку, непосредно пред да заспиете и соопштите на својата потсвест „Сакам да се разбудам во шест часот“, таа ќе ве разбуди точно на време.

Потсвеста е градител на вашето тело и е во состојба да ве лекува. Секоја вечер потонете во сон со помислата за совршено здравје и вашата потсвест како верен слуга ќе ја изврши наредбата. Секоја мисла е причина, а секоја особина нејзина последица.

Ако сакате да напишете книга или драмска претстава, да одржите успешно предавање, тогаш својата желба внимателно и со љубов соопштете и ја на потсвеста и таа ќе ви ја исполни.

Човекот е како капетан што управува со брод. Само правилните наредби го водат бродот до пристаништето, затоа и вие морате да и издавате (да имате правилни мисли и ментални слики) на својата потсвест што управува со сите ваши искуства.

Никогаш не употребувајте ги изразите „Тоа е прескапо“ или „Не сум во состојба да го сторам тоа“. Потсвеста секогаш ќе ве сфати сериозно и ќе се потруди никогаш да не стекнете пари, односно да не се оспособите за тоа кон кое се стремите. Наместо тоа, зборувајте си на себеси, „Во состојба сум се да сторам со помошта на мојата потсвест.“

Законот на животот е закон на вербата. Вербата е мисла што се раѓа во умот. Не верувајте во работи што ви причинуваат штета и болка. Верувајте дека потсвеста е способна да ве лекува, да ве вдахнува, да ви дава сила и да ве води во подобра иднина. Успехот во животот е пропорционален со вербата во успехот.

Ако ги примените своите мисли, ќе ја примените и својата судбина.

[QUOTE="Bloody Jesus, post: 21659, member: 536"] [CENTER][B]VIII дел[/B][/CENTER] [LEFT]Потсетувајте се себеси доволно често дека исцелувачката моќ се наоѓа во вашата потсвест.Имајте на ум дека вербата наликува на семе фрлено во земјата, од него ќе израсне оној вид на билка што е посеана.[/LEFT] Засадете идеја (семе) во својот ум, наводнувајте ја и хранете ја со верба и со надеж и ќе го добиете саканиот резултат.Идејата за книга, пронајдок или што било друго што ќе ви се роди во умотпретставува вистинит, реален факт. Верувајте во реалноста, опипливоста на своите идеи, планови, откритија и доклку сте истрајни, навистина ќе ги видите материјализирани.Додека ја изговарате молитвата, имајте на ум дека длабокото внатрешно сфаќање на целоста, убавината и совршеноста е во состојба да ги промени негативните обрасци на мислењето во потсвеста и да произведе чудесни ефекти. До чудесни исцелувања во многубројните храмови ширум светот доаѓа благодарејќи и на мечтата и на беспрекорната верба што дејствува врз потсвеста и ја ослободува нејзината исцелителска моќ. Сите болести настануваат во човечкиот ум. На секоја телесна појава задолжително и претходи соодветен мисловен образец. Сугестијата под хипноза е во состојба да предизвика појава на симптоми речиси на секоја болест. Со тоа, на очигледен начин, се покажува моќта на човечкиот ум. Еден и единствен процес на исцелување е само - вербата. Една исцелителска сила е само потсвеста.Ефектот ќе го добиете без оглед дали предметот на вербата е вистински или лажен. Потсвеста реагира на мислата родена во свеста. Значи, доволно е вербата да ја сметате мисла родена во свеста. [CENTER][B]IX дел[/B][/CENTER] [LEFT]Потсвеста ги наѕира сите телесни процеси и има одговори на сите прашања. Непосредно пред одење на спиење, упатете и на свеста точно одредено барање и на самиот себе докажете го постоењето на чудотворната моќ.[/LEFT] Се што ќе втиснете во потсвеста ќе излезе на видело како особина, искуство или случка. Затоа грижливоодберете ги идеите и мислите што и ги упатувате на потсвеста. Законот на акцијата и реакцијата е универзален. Мислата претставува акција додека автоматскиот одговор на потсвеста е - реакцијата.Внимавајте на своите мисли. Секоја фрустрација се темели врз неуслишената желба. Ако им посветувате премногу влијание на пречките, одлагањата и тешкотиите, ќе настапи соодветна реакција на потсвеста, со тоа работите против сопственото добро. Доколку свесно, јасно повторувате, „Верувам дека потсвесната сила и во овој миг, користејќи го моето тело, ја исполнува замислената желба“, ќе го почувствувате протокот на Животниот принцип низ сопственото тело и дух. Сите непријатности ќе ги снема. Стравот, јанѕата и грижата го нарушуваат нормалниот ритам на работа на срцето, белите дробови и другите органи. Нахранете ја потсвеста со хармонија, здравје и мир и сите телесни функции повторно ќе бидат нормални. Нека свесниот дел на вашиот ум непрекинато очекува најдобро, потсвеста ќе се погрижи верно да го репродуцира вашиот начин на размислување. Замислувате среќен крај или решавање на својот проблем, чувствувате радост од остварената цел и се што замислувате и што чувствувате со помош на потсвеста ќе се претвори во реалност [CENTER][B]X дел[/B][/CENTER] [LEFT]Мислете позитивно и ќе следува добро. Мислете негативно и ќе следува зло. Човекот е тоа што тој го мисли. Потсвеста не е во состојба да се спротивставува, туку прифаќа се што ќе и упати свеста.[/LEFT] Никогаш немојте да речете, „Немам пари за такво нешто“ дури и ако е тоа точно. Одберете подобра мисла, „Ќе го купам тој предмет. Во мислите веќе е мој. Секој човек располага со можност да избира. Определете се за здравје и среќа. Можете да одберете љубезност или нељубезност кон ближните. Определете се за соработка, радост, љубезност и ќе ја забележите благопријатната реакција на сите околу вас. Тоа е најдобриот начин да се развие позитивна личност. Свеста е „чувар на портата“ и нејзината основна задача е да го попречи навлегувањето на лажните впечатоци до потсвеста. Определете се за верување во можноста за позитивни настани. Човековата најголема моќ е способноста да избира. Одберете ги среќата и изобилието. Изјавите и сугестиите на другите немаат моќ да ви нанесат болка. Единствена сила што може да ве повреди е вашиот сопствен сложен ум, вашата автосугестија. Одлучете се да ги отфрлите мислите на другите и прифатете ги исклучиво сопствените позитивни сугестии. Внимавајте што зборувате. На крајот ќе мора да полагате сметки за секој изречен збор. Никогаш не велете: „Ќе пропаднам, ќе останам без работа, не сум во состојба да ја платам станарината.“ Потсвеста не знае што е шега и секоја мисла ја сфаќа сериозно, трудејќи се со сите сили да ја спроведе во дело. Вашиот ум не е злобен, ниту една природна сила сама по себе не е злобна, туку се однесува во согласност со начинот на кој што ја ползувате. Употребете го својот ум како исцелител, вдахновение и причинител на среќа на своите ближни. Никогаш не велете: „Не сум во состојба да го сторам тоа.“ Надминете го стравотсо помош на следнава реченица: „Користејќи ја силата на мојата потсвест, во состојба сум да сторам се на светов.“ Почнете да размислувате од становиштето на вечните вистини и принципи на животот, заборавете на стравот, на незнаењето, на суеверието. Немојте да им дозволите на другите да размислуваат место вас. Самите одберете ги сопствените мисли, донесувајте сопствени решенија. Секој човек е капетан на својата душа (потсвеста) и господар на својата судбина. Немојте да заборавите дека имате моќ на избор. Одберете ги животот, љубовта, здравјето, среќата! Секој факт за кој свеста ќе претпостави или ќе поверува дека е вистинит потсвеста ќе го усвои и ќе го спроведе на дело. Верувајте во добрата среќа, во исправното дејствување и во чудото наречено - живот. [CENTER][B]XI дел[/B][/CENTER] [LEFT]Ризницата се наоѓа скриена длабоко во вас. Одговорите на желбите на своето срце барајте ги во самите себеси.[/LEFT] Големата тајна чие решение го имале најзначајните луѓе од сите епохи лежи во нивната способност да ги откријат и да ги ослободат силите на сопствената потсвест. И вие сте во состојба да го сторите истото. Потсвеста ги знае одговорите на сите прашања. Доколку, непосредно пред да заспиете и соопштите на својата потсвест „Сакам да се разбудам во шест часот“, таа ќе ве разбуди точно на време. Потсвеста е градител на вашето тело и е во состојба да ве лекува. Секоја вечер потонете во сон со помислата за совршено здравје и вашата потсвест како верен слуга ќе ја изврши наредбата. Секоја мисла е причина, а секоја особина нејзина последица. Ако сакате да напишете книга или драмска претстава, да одржите успешно предавање, тогаш својата желба внимателно и со љубов соопштете и ја на потсвеста и таа ќе ви ја исполни. Човекот е како капетан што управува со брод. Само правилните наредби го водат бродот до пристаништето, затоа и вие морате да и издавате (да имате правилни мисли и ментални слики) на својата потсвест што управува со сите ваши искуства. Никогаш не употребувајте ги изразите „Тоа е прескапо“ или „Не сум во состојба да го сторам тоа“. Потсвеста секогаш ќе ве сфати сериозно и ќе се потруди никогаш да не стекнете пари, односно да не се оспособите за тоа кон кое се стремите. Наместо тоа, зборувајте си на себеси, „Во состојба сум се да сторам со помошта на мојата потсвест.“ Законот на животот е закон на вербата. Вербата е мисла што се раѓа во умот. Не верувајте во работи што ви причинуваат штета и болка. Верувајте дека потсвеста е способна да ве лекува, да ве вдахнува, да ви дава сила и да ве води во подобра иднина. Успехот во животот е пропорционален со вербата во успехот. Ако ги примените своите мисли, ќе ја примените и својата судбина. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е снегот?
Испрати мислење
Форум
Забава
Досие X на форумот
Потсвест и нејзината моќ
На врв
Bottom