Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Забава
Досие X на форумот
Постојат ли вампири?
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Вампирите за мене се метафора на паразитската природа на некои луѓе.

Карактеристиките на митските суштества на ноќта имаат многу реални аналогии во секојдневието на човекот.

Вампирите ја цицаат животната есенција од луѓето - крвта.

Бегаат од сонцето и светлината.

Немаат одраз во огледало.

Нивните жртви во процесот на "преобразување" минуваат низ процес кој е болен и во кој го губат човечкото, за на крај и самите да го пополнат со глад за крв.

Крвта

Овие карактеристики прават совршена аналогија за вистинските вампири меѓу нас. За разлика од филмовите, во вистинскиот живот гладта по внимание е "крвта" која вампирот ја бара.

Таа глад ќе ви ја спакува и претстави во "амбалажа" која најмногу ќе одговара во дадената ситуација. Може да биде љубов а може и пријателство сеедно за крвопиецот.

Понекогаш и самите веруваат дека задоволството кое го чуствуваат додека ја задоволуваат својата глад, е тоа што останатите го дефинираат како љубов или пријателство.

Сонцето

Една поговорка вели: "Три нешта неможе долго да се кријат - сонцето, месечината и вистината".

Вистината не им е сојузник, па затоа бегаат од неа. За овие суштества на "ноќта", вистината е сонцето кое ги пеплосува.......

Огледалото

Ликот кој го претставуваат пред останатите е она што на останатите им е потребно да го видат и чујат, ништо друго туку илузија.....Нешто кое непостои, неможе да даде ни одраз, неможе да се рефлектира.

Но затоа како појава, околината обично ги перцепира како мили, наивни, внимателни....Затоа вампирите се претставувани со надприродна привлечност.

Преобразувањето

Кога паразитот повеќе ќе нема корист, или ќе најде нова жртва, почнува преобразувањето....

Илузијата се руши и жртвата чуствува како во себе ја нема онаа "животна есенција". Нешто кое предизвикува болка. Одеднаш "сонцето" почнува да и пречи, бидејќи тоа безмилосно ја "осветлува" реалноста......Доколку не се осмели да погледне во него, преобразбата финишира со пополнување на новонастанатата празнина преку истата глад......

[QUOTE="Abraxas, post: 204526, member: 2368"] Вампирите за мене се метафора на паразитската природа на некои луѓе. Карактеристиките на митските суштества на ноќта имаат многу реални аналогии во секојдневието на човекот. Вампирите ја цицаат животната есенција од луѓето - [B]крвта.[/B] Бегаат од [B]сонцето[/B] и светлината. Немаат одраз во [B]огледало.[/B] Нивните жртви во процесот на [B]"преобразување"[/B] минуваат низ процес кој е болен и во кој го губат човечкото, за на крај и самите да го пополнат со глад за крв. [B]Крвта[/B] Овие карактеристики прават совршена аналогија за вистинските вампири меѓу нас. За разлика од филмовите, во вистинскиот живот гладта по внимание е "крвта" која вампирот ја бара. Таа глад ќе ви ја спакува и претстави во "амбалажа" која најмногу ќе одговара во дадената ситуација. Може да биде љубов а може и пријателство сеедно за крвопиецот. Понекогаш и самите веруваат дека задоволството кое го чуствуваат додека ја задоволуваат својата глад, е тоа што останатите го дефинираат како љубов или пријателство. [B]Сонцето[/B] Една поговорка вели: "Три нешта неможе долго да се кријат - сонцето, месечината и вистината". Вистината не им е сојузник, па затоа бегаат од неа. За овие суштества на "ноќта", вистината е сонцето кое ги пеплосува....... [B]Огледалото[/B] Ликот кој го претставуваат пред останатите е она што на останатите им е потребно да го видат и чујат, ништо друго туку илузија.....Нешто кое непостои, неможе да даде ни одраз, неможе да се рефлектира. Но затоа како појава, околината обично ги перцепира како мили, наивни, внимателни....Затоа вампирите се претставувани со надприродна привлечност. [B]Преобразувањето[/B] Кога паразитот повеќе ќе нема корист, или ќе најде нова жртва, почнува преобразувањето.... Илузијата се руши и жртвата чуствува како во себе ја нема онаа "животна есенција". Нешто кое предизвикува болка. Одеднаш "сонцето" почнува да и пречи, бидејќи тоа безмилосно ја "осветлува" реалноста......Доколку не се осмели да погледне во него, преобразбата финишира со пополнување на новонастанатата празнина преку истата глад...... [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Забава
Досие X на форумот
Постојат ли вампири?
На врв
Bottom