Посни рецепти

filigran

Нов член
10 март 2012
7
9
3
Макарони со зеленчук
Се варат посните макарони ( количината зависи од бројот на лицата). Настрана се става половина или цело пакетче златна мешавина да се вари само 5 мин. Се процедува зеленчукот, се става масло, кечап или домата, се мешаат макароните и се зачинува по желба. Може да се стави и туна (доколку јадете), посен кашкавал, кисели краставички.
Ова може како салата или главно јадење.:)

Pizza лепчиња
Еве едно брз и лесен оброк. Не многу тазе леб го сечете на парчиња. Секое од парчињата го мачкате со малку маргарин, ставате кечап, маслинки, печурки и рендате кашкавал посен. По желба може оригано. Се ставаат во рерна да се потпечат, да се стопи кашкавалот и готови се за папање.
мњам мњам :)
 

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
502
1,110
393
ПАШТЕТА ОД ОРЕВИ
4-5 компири
250 гр. мелени ореви
1-2 лажици доматно пире
1-2 лажици сенф
Сок од ½ лимон
Сол, бибер, ситно сечкан млад лук и кромид по вкус
Компирите се лупат, се варат (како за пире); кога ќе се свари водата се одделува (не се фрла, по потреба се додава во пирето). Компирот се пасира, се додаваат оревите и другите состојки. Се меша со миксер и се дотерува по вкус со зачините.
 

filigran

Нов член
10 март 2012
7
9
3
Ова ми е омилено посно благоЧ

Пита со јаболка
ФИЛ:
Се рендаат без лушпа околу 1 кг јаболка. Се ставаат на оган да се запржат ама без масло ( се додека испари водата која јаболката ја пуштаат). Се става шеќер по вкус и цимет.
1\2кг кори како за баклава (од потанките) се земаат една по една и зависно колку ги има се редат една врз друга на пр. 3 кори , помеѓу секоја се попрскува масло и се става од филот. Се виткаат ролати. Вака се прави со остатокот од корите и филот. Се редат во подмачкан плех и се сечат на парчиња. Се печат на околу 200 - 250Cстепени с едодека не поруменат. Кога се готови парчињата се вадат и се посипуваат со шеќер во прав.
Многу лесен рецепт и за јадење и за правење.
:igra
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Еве и јас да дадам некој убав посен рецепт....

Макарони со соја....

Ги варите макароните (посни) ....Соја трошките ги попарувате со врела вода .Во тавче на оган со масло за јадење сецкате малку кромид и го пропржувате па ја додавате сојата и сол и бибер...:)Тоа се пропржува се додаваат сварените макарони ,сецкани шампињнони и растителен кашкавал ..потоа сето тоа се меша и се пече ... :) :)

Неможам сега да ја пронајдам тетратката со рецепти ...кога ке ја најдам ке постирам и нешто друго :D :trepka
 

Светлана

Нов член
7 март 2012
2
5
3
61
Ова ми е омилено посно благоЧ

Пита со јаболка
ФИЛ:
Се рендаат без лушпа околу 1 кг јаболка. Се ставаат на оган да се запржат ама без масло ( се додека испари водата која јаболката ја пуштаат). Се става шеќер по вкус и цимет.
1\2кг кори како за баклава (од потанките) се земаат една по една и зависно колку ги има се редат една врз друга на пр. 3 кори , помеѓу секоја се попрскува масло и се става од филот. Се виткаат ролати. Вака се прави со остатокот од корите и филот. Се редат во подмачкан плех и се сечат на парчиња. Се печат на околу 200 - 250Cстепени с едодека не поруменат. Кога се готови парчињата се вадат и се посипуваат со шеќер во прав.
Многу лесен рецепт и за јадење и за правење.
:igra
за да не се мачиш со пржење на јабојката додади им малку нишесте или пудинг од ванила и никулци од пченица (ги има во продавниците за здрава храна, Тинекс, Веро) сето ова ќе ја собере водата од јаболките а филот ќе биде кремаст
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
"КИФЛИЧИЊА"(посни кроасани)
За подготовка на овие посни кифлички потребно е околу 1 кгр брашно, пола литар топла вода(пола минерална, пола обична), една чаша од 2 дл масло, 2-3 лажичиња шеќер, 1 лажица сол, 1 коцка квасец (40 гр), 1 маргарин "кристал".
Во пола чаша топла вода и 1 лажичка шеќер се става квасецот и 3-4 лажичиња брашно да надојде.Се промешува и пак се остава да надојде.
Се замесува средно меко тесто од брашното,маслото, водата, останатите состојки и надојдениот квасец. Се остава на топло да одмара и при тоа неколку пати се премесува. Се дели на 4 дела. Секој дел се дели на по 8 топчиња, се сучат катмерчиња и се премачкуваат (7) со маргарин, осмото се става одозгора, се притиска малку и се става настрана, постапката се повторува со остнатите точиња. Се развлекува кора од осумте катмерчиња поголема и се дели на 16 дела. Се виткаат кифлички, се редат во плек за печење премачкан со малку маргарин. Се оставаат да надојдат убаво покриени со платнена салфета, но не на многу топло, за да не се стопи маргаринот. Бидејќи се посни не се премачкуваат со ништо,се ставаат во загреана рерна (250 степ.), а по некое време се намалува температурата и убаво се печат.Од оваа количина излегуваат два плека кифлички, кои по желба можат и да се смрзнат.
69490_118613228299854_1092140892_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_melnicanecot

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Посен мајонез (а може и посна павлака да биде пошто вкусот е некаде помеѓу)
Овој мајонез е едно од најубавите нешта што ги имам пробано, одкако го открив секој ден го јадам, го комбинирам со се. Одличен е во ,,мајонез салата", можете да го ставите во солени кифлички наместо сирење, да го служите како прелив за тестенини или салати...
состојки:
- 200 г. не печен, лупен сончоглед
- една лажица сенф
- една лажица оцет ( или сок од еден исцеден лимон)
- 100 мл масло
- сол по ваш вкус (можете да додадете бибер, кари или некој друг зачин по ваша желба)
- вода (додавате постепено се додека не ја добиете посакуваната густина)
Сончогледот се остава да одстои еден час во вода, потоа се процедува и се става во блендер. Веднаш се додаваат останатите состојки и малку вода. Се блендира и ако е густо разредувате со вода. Се блендира околу една минута.
По овој рецепт излегува една тегла превкусен и здрав мајонез.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina