Еден член постира слика од некој филм, а останатите членови погодуваат. Кога некој член ќе го погоди името на филмот, треба тој да постави слика од друг филм. За да нема коментари од типот Тој е. Точен одговор. и слично, доколку е погоден филмот членот кој ја објавил сликата треба да кликне Ми се допаѓа на точниот одговор. Доколку подолго време не е погоден филмот, членот кој ја постирал сликата треба да даде некоја помош (пр. од која година е филмот или кој е режисерот и слично) со која ќе им го олесни погодувањето на филмот на останатите членови. Мислам дека се е јасно, па да започнеме.