Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

,,Немој да бледнееш и погледни ја месечината’’ – да можев да ти проговорам пред прерано да заминеш во вековина. Божицата на спокојот и вечерва не ни е наклонета, забележувам. Ти прекриј ги жеглите и свили се под телесна голотија додека продолжуваш нечујно. Добра ноќ и патувај спокојно. Продолжи низ привременото отсуство од животната река. Само понекогаш, сосема на кратко и на сон да се вратиш, кога од ѕвездени боцки те оттргнувам. Те влечкам и разграбувам, за врз згужвани чаршави што голи страсти потат да можеш да ме посетуваш. Не сакам да те брзам, читај ме пополека.

Оџаци вечерва в мрамор ме задскриваат од месечева ластика, растегната над анскиозни плетенки црна коса. Вдишувам и молкно коленичам во средина, додека зачадени ѕидови години поминати ми развикуваат. Тишина. Само водени капки расквасуваат арии в мрачила. Расфрлив петролејни легени низ одајава за дождовница да собираат. Дождовница, за душа од жед најдојдена да згаснам. Повторно усти во тишина ме жежат како потпечена лута пиперка. Немој да раслистувате, немо ги прекорувам. Немојте, зошто кобни шумови ме крадат додека крцкаат пенџериња

Молкнете - им велам.

Молкнете.

Стапала кршни - расцутете, а вие клепки, под затворени капаци да чмаете вечно да закоравам тука до железава. Сакам само времето да ми се разбранува во папочнава остава како љубовна гасеница. Сега и тука, сама, јас само в тишина си припаѓам.

Се губам во обидите да ја спрепелкам ноќта во молчалива соната. Вкочането лежам и ја величам нејзината злокобна големина. Панични напади ми ја затресуваат слезинката додека в забрзано оро ги вплеувам дишките и ги издишувам. А месечината ми се подбива како поднапиена блудница без ниту трошка сеќавање на денешницава што ме одминува. Почнувам да исчезнувам. Зар сите бледнееме вака, се прашувам. Се губам и наизменично се појавувам. Срцеви чукања пробуваат да излезат од дробни зандани. А и никогаш не ги надминав само ги исклучувам надвор пред да станат мисла. Гледам, душава ми останала плашлива како срнечка мекушлина. Студено е ноќва додека гласови загушени со налудничави врелини ме покриваат.

,,Погледни во месечината додека бледнеам” повторно ти велам. Тишината најгласно ми говори за секој касај што го подголтнувам и ме задушува додека немо го премолчувам и него во тишина.

[QUOTE="Luckky, post: 320497, member: 437"] ,,Немој да бледнееш и погледни ја месечината’’ – да можев да ти проговорам пред прерано да заминеш во вековина. Божицата на спокојот и вечерва не ни е наклонета, забележувам. Ти прекриј ги жеглите и свили се под телесна голотија додека продолжуваш нечујно. Добра ноќ и патувај спокојно. Продолжи низ привременото отсуство од животната река. Само понекогаш, сосема на кратко и на сон да се вратиш, кога од ѕвездени боцки те оттргнувам. Те влечкам и разграбувам, за врз згужвани чаршави што голи страсти потат да можеш да ме посетуваш. Не сакам да те брзам, читај ме пополека. Оџаци вечерва в мрамор ме задскриваат од месечева ластика, растегната над анскиозни плетенки црна коса. Вдишувам и молкно коленичам во средина, додека зачадени ѕидови години поминати ми развикуваат. Тишина. Само водени капки расквасуваат арии в мрачила. Расфрлив петролејни легени низ одајава за дождовница да собираат. Дождовница, за душа од жед најдојдена да згаснам. Повторно усти во тишина ме жежат како потпечена лута пиперка. Немој да раслистувате, немо ги прекорувам. Немојте, зошто кобни шумови ме крадат додека крцкаат пенџериња Молкнете - им велам. Молкнете. Стапала кршни - расцутете, а вие клепки, под затворени капаци да чмаете вечно да закоравам тука до железава. Сакам само времето да ми се разбранува во папочнава остава како љубовна гасеница. Сега и тука, сама, јас само в тишина си припаѓам. Се губам во обидите да ја спрепелкам ноќта во молчалива соната. Вкочането лежам и ја величам нејзината злокобна големина. Панични напади ми ја затресуваат слезинката додека в забрзано оро ги вплеувам дишките и ги издишувам. А месечината ми се подбива како поднапиена блудница без ниту трошка сеќавање на денешницава што ме одминува. Почнувам да исчезнувам. Зар сите бледнееме вака, се прашувам. Се губам и наизменично се појавувам. Срцеви чукања пробуваат да излезат од дробни зандани. А и никогаш не ги надминав само ги исклучувам надвор пред да станат мисла. Гледам, душава ми останала плашлива како срнечка мекушлина. Студено е ноќва додека гласови загушени со налудничави врелини ме покриваат. ,,Погледни во месечината додека бледнеам” повторно ти велам. Тишината најгласно ми говори за секој касај што го подголтнувам и ме задушува додека немо го премолчувам и него во тишина. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)
На врв
Bottom