Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Дојди да те гушнам

Се штрекна. Мислеше дека доцни, но се разбуди дури час и половина порано. Погледна кон прозорецот и го забележа сивото небо што демнееше над градот. Се протегна и помисли: Ах, денес ќе облечам чизми.

Беше недела. Се обидуваше да измисли некоја причина да не оди, но веќе ги имаше искористено сите можни, а и веќе предолго време ја одолговлекуваше таа средба. Последниот пат имаше лоша настинка, толку лоша што ја лечеше релаксирајќи се со Едгар Алан По и мартини. А претходниот, беше на замислен одмор со родителите каде си помина прекрасно. Тој ден неможеше да се сети на ништо, и реши да оди. Додека ги правеше утринските ритуали, нејзиниот мопс тромаво се качуваше на креветот каде беа расфрлани купишта алишта. Таа стоеше покрај нив и не приметувајќи го размислуваше што да облече. Облече фармерки и џемпер, но се пресоблече. Сакаше да изгледа малку по женствено па облече црн фустан на долги ракави, маслинести хулахопки и црни чизми до колена. Додека ја бараше марамата што и ја подари сестра и минатиот божиќ нејзиното милениче се врткаше околу неа и ја гледаше со такви очи, небаре сакаше да и рече: дојди гушни ме. Набрзина излезе од дома и замислено ја одминуваше нејзината куќа, а Едгар стоеше на прозорецот и ја гледаше неговата стопанка како полека ја одминува улицата...

Стоеше пред ресторанот како фигура од мраз, гледајќи во една точка и размислуваше. Вреди ли да се даде втора шанса на некому кој ужасно те повредил. Дали прошката те прави човек, и дали е време да се соочам со него... Влезе внатре и однапред го знаеше неговиот израз на лицето. Поглед од горе до долу, малку ќе подзастане како да размислува нешто, а потоа ќе следи прегратка и комплимент: Прекрасно изгледаш! Како си?

Таа седна спроти него, намерно ја прескокна прегратката и кога требаше да следи комплиментот порача чај од дива цреша па премина на главното. Реши еднаш за секогаш да ја прекине комуникацијата со него.

На одење, со солзи во очите тој сакаше да се збогува.

- Дојди да те гушнам... Последните зборови што ги слушна од него. Го погледна со остар поглед, се сврте и тргна накај дома. А толку многу го сакаше... Посакуваше да се врати и да му каже дека тој е нејзиниот човек, само него му припаѓа а и тој неа. Но за првпат во животот нејзиното его го победи срцето. Си помисли: Вака е најдобро.

Кога стигна дома вратата беше отворена.

Среќа што не бев долго отсутна - помисли. Како можев да бидам толку расеана и да не ја затворам на излегување. Влезе дома и викна по нејзиното кученце. Едгар не беше тука. Ја фати паника и истрча надвор, го пребара целиот двор, и тргна да го бара по улицата, но потрагата беше неуспешна. Дојде дома и седна во фотељата каде најчесто се галеше со Едгар. Пушти телевизија и ги слушна најавните вести. Сообраќајна несреќа пред еден час. На улицата кај тој ресторан. Машка особа...и веќе крвта и замрзна. Нејзиното тело едвај се помрдна а нејзините движења веќе наликуваа на успорена снимка.

Таа ноќ, лежеше во нејзиниот кревет облечена во црн фустан на долги ракави и маслинести хулахопки, сосема сама, размислуваше за сите работи кои намерно и ненамерно ги пропушти, се чувствуваше ужасно сама. Таа ноќ ја имаше само мократа перница од нејзините солзи. Силно ја гушкаше и ја зариваше главата во неа. Толку силно што мислеше дека во секој момент нејзината соба ќе биде поплавена од пердуви. Нејзините пропуштени моменти неможеше да ги врати, но тие што следеа... Тие сакаше да ги искористи како никогаш досега.

[QUOTE="Aleksis, post: 301203, member: 2736"] [CENTER][B]Дојди да те гушнам[/B][/CENTER] Се штрекна. Мислеше дека доцни, но се разбуди дури час и половина порано. Погледна кон прозорецот и го забележа сивото небо што демнееше над градот. Се протегна и помисли: Ах, денес ќе облечам чизми. Беше недела. Се обидуваше да измисли некоја причина да не оди, но веќе ги имаше искористено сите можни, а и веќе предолго време ја одолговлекуваше таа средба. Последниот пат имаше лоша настинка, толку лоша што ја лечеше релаксирајќи се со Едгар Алан По и мартини. А претходниот, беше на замислен одмор со родителите каде си помина прекрасно. Тој ден неможеше да се сети на ништо, и реши да оди. Додека ги правеше утринските ритуали, нејзиниот мопс тромаво се качуваше на креветот каде беа расфрлани купишта алишта. Таа стоеше покрај нив и не приметувајќи го размислуваше што да облече. Облече фармерки и џемпер, но се пресоблече. Сакаше да изгледа малку по женствено па облече црн фустан на долги ракави, маслинести хулахопки и црни чизми до колена. Додека ја бараше марамата што и ја подари сестра и минатиот божиќ нејзиното милениче се врткаше околу неа и ја гледаше со такви очи, небаре сакаше да и рече: дојди гушни ме. Набрзина излезе од дома и замислено ја одминуваше нејзината куќа, а Едгар стоеше на прозорецот и ја гледаше неговата стопанка како полека ја одминува улицата... Стоеше пред ресторанот како фигура од мраз, гледајќи во една точка и размислуваше. Вреди ли да се даде втора шанса на некому кој ужасно те повредил. Дали прошката те прави човек, и дали е време да се соочам со него... Влезе внатре и однапред го знаеше неговиот израз на лицето. Поглед од горе до долу, малку ќе подзастане како да размислува нешто, а потоа ќе следи прегратка и комплимент: Прекрасно изгледаш! Како си? Таа седна спроти него, намерно ја прескокна прегратката и кога требаше да следи комплиментот порача чај од дива цреша па премина на главното. Реши еднаш за секогаш да ја прекине комуникацијата со него. На одење, со солзи во очите тој сакаше да се збогува. - Дојди да те гушнам... Последните зборови што ги слушна од него. Го погледна со остар поглед, се сврте и тргна накај дома. А толку многу го сакаше... Посакуваше да се врати и да му каже дека тој е нејзиниот човек, само него му припаѓа а и тој неа. Но за првпат во животот нејзиното его го победи срцето. Си помисли: Вака е најдобро. Кога стигна дома вратата беше отворена. Среќа што не бев долго отсутна - помисли. Како можев да бидам толку расеана и да не ја затворам на излегување. Влезе дома и викна по нејзиното кученце. Едгар не беше тука. Ја фати паника и истрча надвор, го пребара целиот двор, и тргна да го бара по улицата, но потрагата беше неуспешна. Дојде дома и седна во фотељата каде најчесто се галеше со Едгар. Пушти телевизија и ги слушна најавните вести. Сообраќајна несреќа пред еден час. На улицата кај тој ресторан. Машка особа...и веќе крвта и замрзна. Нејзиното тело едвај се помрдна а нејзините движења веќе наликуваа на успорена снимка. Таа ноќ, лежеше во нејзиниот кревет облечена во црн фустан на долги ракави и маслинести хулахопки, сосема сама, размислуваше за сите работи кои намерно и ненамерно ги пропушти, се чувствуваше ужасно сама. Таа ноќ ја имаше само мократа перница од нејзините солзи. Силно ја гушкаше и ја зариваше главата во неа. Толку силно што мислеше дека во секој момент нејзината соба ќе биде поплавена од пердуви. Нејзините пропуштени моменти неможеше да ги врати, но тие што следеа... Тие сакаше да ги искористи како никогаш досега. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)
На врв
Bottom