Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Најдените предмети не даваа преголема надеж.

Една мапа на Северниот Атлантик и едно писмо. Како писмото преживеало може било кој да нагаѓа но во тој случај веродостојноста ќе биде сечија кучка.

Никој пособно не се заинтересира за тоа писмо. Ако рамнодушноста на припадниците на самоорганизираната група на островјани беше помалку изразена можеби и ќе го отвореа. Ќе видеа бесмислени низови на бројки како безлично се повторуваат. Можеби ќе го забележеа и Кралскиот печат. Или пак напомената дека постојат четири такви писма кои смеат да се отворат само во случај Лондон повеќе да не постои на картата.

А Лондон беше само спомен, мит пренесуван од генерација на генерација, легенда која постоеше во меморијата на малкуте старци кои сеуште беа живи, за огромниот и волшебен град во кој имало храна и вода дваесет и четири часа на ден. Нешта тешко замисливи за преживеаните.

Не знаеа многу за времињата кога сета удобност се земала здраво за готово. Кога планини со храна завршувале по депониите.

Немаше многу да дознаат за минатото од самото писмо. Кодовите за лансирање на проектили од четирите дежурни нуклеарни подморници беа досадни колку што само може да биде досадна низа на бројки.

Луѓето останаа разочарани. Ништо не им значеше називот HMS Vengeance на пликот. Читањето не им беше силна страна. Очекуваа во подрумите на Адмиралитетот да најдат нешто корисно, нешто хранливо, нешто кое ќе им купеше уште еден ден, уште едно утро.

Најдоа само праче хартија кое во даден момент во минатото засекогаш ги лиши од иднината.

Време беше да се згрее вода и да се свари нешто. Собраните дрва не се потпалуваа сами. Писмото со кодовите послужи сосема совршено.

[QUOTE="Outrider, post: 288543, member: 2887"] Најдените предмети не даваа преголема надеж. Една мапа на Северниот Атлантик и едно писмо. Како писмото преживеало може било кој да нагаѓа но во тој случај веродостојноста ќе биде сечија кучка. Никој пособно не се заинтересира за тоа писмо. Ако рамнодушноста на припадниците на самоорганизираната група на островјани беше помалку изразена можеби и ќе го отвореа. Ќе видеа бесмислени низови на бројки како безлично се повторуваат. Можеби ќе го забележеа и Кралскиот печат. Или пак напомената дека постојат четири такви писма кои смеат да се отворат само во случај Лондон повеќе да не постои на картата. А Лондон беше само спомен, мит пренесуван од генерација на генерација, легенда која постоеше во меморијата на малкуте старци кои сеуште беа живи, за огромниот и волшебен град во кој имало храна и вода дваесет и четири часа на ден. Нешта тешко замисливи за преживеаните. Не знаеа многу за времињата кога сета удобност се земала здраво за готово. Кога планини со храна завршувале по депониите. Немаше многу да дознаат за минатото од самото писмо. Кодовите за лансирање на проектили од четирите дежурни нуклеарни подморници беа досадни колку што само може да биде досадна низа на бројки. Луѓето останаа разочарани. Ништо не им значеше називот HMS Vengeance на пликот. Читањето не им беше силна страна. Очекуваа во подрумите на Адмиралитетот да најдат нешто корисно, нешто хранливо, нешто кое ќе им купеше уште еден ден, уште едно утро. Најдоа само праче хартија кое во даден момент во минатото засекогаш ги лиши од иднината. Време беше да се згрее вода и да се свари нешто. Собраните дрва не се потпалуваа сами. Писмото со кодовите послужи сосема совршено. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)
На врв
Bottom