Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Сега кога ќе размислам, ни самата не знам што ме натера да скршнам низ чакалот, десно, тоа врело и пеколно попладне.

Можеби дека тоа беше последната шанса да го почувствувам тоа недефинирано чувство повторно. Којзнае.

Никогаш не ја сфатив суштината на тие попатни скршнувања, но без разлика на се', немо верував во нив. Да, не ја сфаќав суштината, но прилично ја чувствував несвесната потреба од истите.

Колку подалеку од другите толку поблиску меѓу себе, зарем не?

Секогаш велеше дека ги знаеш совршените места за бегство, патчиња кои секогаш свртуваа десно од патоказите. И навистина беа посебни на свој начин. Беа од оние места каде додека присуството на човечката нога отупавува, мирисот на љубовта чиниш постепено, добива поостра и посилна нота.

Места, на кои твојата ведра синоока насмевка ми се смееше погласно. Места, каде што напукнатата земја зема заслужена одишка од целодневната врелина на златното зајдисонце, а летниот ветер мириса на свежа слобода.

Места на кои можеш многу лесно да се изгубиш но многу почесто да се пронајдеш.

Ако знаеш како.

И ако имаш со кого.

Погледот ми застана на правта насобрана на моите кафени чевли. ,,О Боже, тогаш не ја забележував!". Најверојатно не ми ни била важна, горко и искрено си признавам.

Денес се е поразлично од тогаш. Освен оваа егзотична горештина.

Денес имам само куфер недогорена надеж обвиена во неколку прста прашина - тој ина неколку зрна слобода. Сфаќам, не е стрмнината пред мене што ме изморува додека бесконечно патувам, туку зрнцето песок залутано во мојот десен чевел. Смешно, толку мало а буди толку многу полузаспани емоции.

Го запалив автомобилот и тргнав пополека. По навика свртив десно...

Дестинација : Непозната.

[QUOTE="Luckky, post: 241486, member: 437"] Сега кога ќе размислам, ни самата не знам што ме натера да скршнам низ чакалот, десно, тоа врело и пеколно попладне. Можеби дека тоа беше последната шанса да го почувствувам тоа недефинирано чувство повторно. Којзнае. Никогаш не ја сфатив суштината на тие попатни скршнувања, но без разлика на се', немо верував во нив. Да, не ја сфаќав суштината, но прилично ја чувствував несвесната потреба од истите. Колку подалеку од другите толку поблиску меѓу себе, зарем не? Секогаш велеше дека ги знаеш совршените места за бегство, патчиња кои секогаш свртуваа десно од патоказите. И навистина беа посебни на свој начин. Беа од оние места каде додека присуството на човечката нога отупавува, мирисот на љубовта чиниш постепено, добива поостра и посилна нота. Места, на кои твојата ведра синоока насмевка ми се смееше погласно. Места, каде што напукнатата земја зема заслужена одишка од целодневната врелина на златното зајдисонце, а летниот ветер мириса на свежа слобода. Места на кои можеш многу лесно да се изгубиш но многу почесто да се пронајдеш. Ако знаеш како. И ако имаш со кого. Погледот ми застана на правта насобрана на моите кафени чевли. ,,О Боже, тогаш не ја забележував!". Најверојатно не ми ни била важна, горко и искрено си признавам. Денес се е поразлично од тогаш. Освен оваа егзотична горештина. Денес имам само куфер недогорена надеж обвиена во неколку прста прашина - тој ина неколку зрна слобода. Сфаќам, не е стрмнината пред мене што ме изморува додека бесконечно патувам, туку зрнцето песок залутано во мојот десен чевел. Смешно, толку мало а буди толку многу полузаспани емоции. Го запалив автомобилот и тргнав пополека. По навика свртив десно... Дестинација : Непозната. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)
На врв
Bottom