Пишани траги од старомакедонско писмо

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Откриени се првите пишани траги од старомакедонското писмо на територијата на Македонија, тврди д-р Душко Алексовски, професор по палеолингвистика и почесен претседател на Светската академија на карпеста уметност.
„Претставува редок пример на артефакт испишано името на божицата Веста, но првобитното име Бсефа, од која подоцна се развива името Веста. Битно е што ова е најстара пишана трага на старомакедонското писмо", вели д-р Алексовски.
Знаците на глинениот поклопец стар 4000 години, според Алексовски, се епохално откритие, прво од ваков вид во светски рамки, многу важно за палеолингвистиката.
„Ја решава енигмата што претставува Бсефа, додека досега само се претпоставуваше дека така е првобитното име на божицата Веста, сега го имаме и директниот показател. Ова претставува извор на таа праисториска писменост и јазик на ова тло", вели Алексовски.
Терактониот артефакт е откриен во централна Македонија. Засега не откриваат каде е точната локација, а се претпоставува дека глинениот поклопец се користел за изведување на религиозни ритуали посветени на Веста, божица на огништето. Неговото откривање е значајно за потврда на целокупниот културно-јазичен континуитет на овие простори.

...сега ме интересира кои коментари ке ги дадат сите оние кои негираат дека старо македонско писмо постоело...или и ова ке го негираме како по обичај...а можеби ке чекаме да ни го потврдат некои поголеми белосветски експерти, како може една светска империја која се протегала на 3 континенти да нема свое писмо апсолутно е невозможно тоа.

Што мислите дали со ова се поткопуваат темилите на таканаречената антика на “старите “ грци кои себеси се сматаат како творци на модерна европа.