Палео диета

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Оваа диета ја напишал професор Лорен Кордеин, која се заснова на истражување на можната исхрана на нашите предци од времето на палеолитот, што не значи дека треба да јадеме сирово месо и корења, ама избегнувањето на житариците, шеќерот и разни преработени продукти навистина можат да помогнат.
Оваа диета освен што дава сјајни резултати помага при намалувањето на крвниот притисок, како и мастите во крвта.
Со оглед на фактот дека во изминатите 200 години индустриската револуција значајно ја променила нашата исхрана, и штетноста на адитивите кои го продолжуваат рокот на траење и другите конзерванси се всушност еден од главните кривци за болестите на модената цивилизација како дијабетис, срцеви оболувања, рак, прекумерна тежина...

Дозволени намирници: јајца, сите врсти на месо, морски плодови, зеленчук и тоа првенствено домат, пиперка, лук, краставици, тиквици, зелка, морков, блитва, печурки...сите овошја без исклучоци, околу 150 гр мед неделно, маслиново масло, вода, чај.

Забранети намирници: шеќер, житарки, компир, млечни производи, преработено месо ( салами, виршли, паштети ) , чоколадо, производи од пченкарно и соино брашно, мајонез, сол, квасец, оцет ( се препорачува лимонов сок за салати).

Позитивни страни на диетата:

- Зголемениот внес на протеини го намалува апетитот и го забрзува метаболизмот, а протеинската исхрана ги зајакнува и мускулите.
- Се нагласува важноста на овошјето и зеленчукот,
- Организмот има доволно масни есенцијални киселини,
-Исхраната ќе им одговара на личностите кои имаат покачен шеќер во крвта,
- Ќе го подобри здравјето и го намалува ризикот од дијабетис, срцеви оболувања и рак,
- НЕМА БРОЕЊЕ КАЛОРИИ И МЕРЕЊЕ НА ОБРОЦИ!

Негативни страни на диетата:

- Прекумерниот внес на протеини го оптеретува организмот со штетни материи меѓу кои и амонијак кој може да има токсични последици,
- Диетата може тешко да им падне на оние кои се љубители на јаглехидратите или скробни намирници,
- Диетата бара преданост!
- Во друштвени ситуации ( родендени, слави) може да имате потешкотии да се придржите на диетата,
-Обавезно се зема калциум поради недостатокот на млечни производи,
-Не може да се прилагоди на вегетаријанците.

Пример за еден ден:

Појадок: Омлет со спанаќ и печурки
Ужина: рака зрнесто овошје
Ручек: Патрмка на жар, салата со маслиново масло и сок од лимон
Ужина: Сиров морков и јаболко
Вечера: Пилешко на жар, обарени брокули, салата од домати
Десерт: Ореви и јаболка.

paleo.jpg
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
.

Позитивни страни на диетата:

- Зголемениот внес на протеини го намалува апетитот и го забрзува метаболизмот, а протеинската исхрана ги зајакнува и мускулите.


Отвори ја прикачената датотека 737

Кои се глупости нема да ги слушнеш, кога си на протенска диета, ти се намалува апетитот- ДА, ДА. :rofl
Кога јадеш повеќе протеини, а гледам од диетата отфрлени се јаглехидратите има да ти се јаде како луд.
Сите „професори„ пишуваат најразлични диети ретко од нив само кој ги применил и ги истражувал.