Општествени отпушоци

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Колку често среќавате маалски монаси? Пардон, дали воопшто ги приметувате? Дали сте го активирале вашето сетило а.к.а уво да чуете што прават момци на 30 годишна возраст висејќи на клупа со местоположба негде меѓу вашата зграда и булевар, во паркот, прилагодени на секаква температура?

Сте го приметиле ли нивното адолесценско однесување, имуно на годините во прочитани книги, кои се преточиле во ставови и бунење против општествениот систем, формирајќи група од 4-5 души, која се декларира како револуционерна и бунтовна, односно следбеник на философијата на Ниче?

Доближувајќи се, успешно ќе ја приметите нивната нота на мелодраматичност, лизгав говор, придружен од пластична чаша со вино и цигарче во десна рака. Нивното ораторство го цеди вашиот мозок за изнаоѓање на аргументирани ставови кога ќе го доведете во прашање нивното "социјално" вегетирање и вложување на труд во напредокот на нивна сопствена реализација. На сметка за тоа ќе чуете многу теории за заговор во светот и пропаѓање во сиви простори каде моралниот кодекс е исто што и улица. Секогаш постојат два тротоари на кои човек зачекорува и преминува по потреба. Но за нив асфалтирањето е тежок процес, зашто сфатиле дека нивните поплаки за улицата пред зграда не се остварени и си земаат за право да бидат бандери, односно светилки за рајата која слепо поминува.
Секако ќе ги чуете и најновите теории за грозоморното убиство на петмина кои ја потресоа нашата држава, со краен исход - разглабање на политика до раните утрински часови, кога сите заминуваат на работа а тие во својот кревет.
Што е за нив осумчасовно работење, внесување на труд за непропорционален приход кој сеедно би завршил на тролитарка, зашто такви се македонските услови?!

Ќе го чуете нивното ехо на чекори во влез и отклучување на врата, дур вие се подготвувате да го зграпчите денот со нови сили, бидејќи е смешно дека Бог дава леб на тие без заби?!
Дури и да дава, како би загризале? Дали воопшто некогаш се запрашале?

Да не забегувам од првичната тема, муабетот ми е дека за такви погоре, лекот е лопата.
По можност 10 часовна работа и солзи од плускавци. Тоа е морален квалитет за домаќинска еуфорија, односно продуктивно џаболебарење затоа што непродуктивното кошта многу нерви за околината која ги опкружува и многу пари за издршка на толкаво магаре. Сепак ова се македонски услови и не смееме да дозволиме издатоци или незаслужени лускузирања.
Не дозволувајте да бидете општествени отпушоци, барајќи слободна волја онаму каде нема. Без гнев и во стадо офци секогаш бидете онаа црна. Сеедно, заштитени сте во стадото.
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Одлично размислување, кое реално претставува не само отпушок, туку и голем катран во нашето секојдневие. Убаво си се изразила кога велиш дека тие одат на спиење додека другите одат на работа.
Да, тие ги немаат стекнато работните навики, и секако не им останува ништо друго освен да разглобуваат нивни политики, маалски филозофии, и секако да ги обвинуваат другите, индиректно за нивната мизерија. Тие се оние кои на 30+ години се жалат дека немаат работа, дека друг им е крив, дека тие што имаат факултет, можат со дипломата да си го избришат задникот итн...се со цел да не се посветат самите на својот проблем, туку вината за сопствената интелектуална и работна пепељара полна со отпушоци и црнила да ја префрлат на другите во вид на предрасуди за некого или болна завист заради нечиј друг постигнат успех.
Делот од 8 часа од деноноќието, кога некој се посветува на заработување средства за живеачка, тоие го трошат на собирање по 20-30 денари од дома, за да земат ефтино вино и пластични чаши. Кај нив проблемот е во мрзата, немањето воља да стане во 6:30, да се замие од сабајле, спреми за на работа и се врати дома во 16-17 часот, со пристојна плата и морално исполнување дека нешто сам направил во животот.
Не разбирам како само имаат нерви постојано тоа да го прават. Ќе ти скисели и вино и ќе се отруе човек од цигари со секојдневно вакво темпо на живот. А нивната тролитарка опасно почнува да ферментира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto, Реми and LMFAO

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Иако никогаш не дискриминирам нити пак судам, но тие луѓе што се жалат дека немаат работа и дремат на клупи до 5 наутро за мене се паразити.
Иако некогаш посакувам бар на 1 ден да бидам како нив за да ја пронајдам убавината во таа работа.Ако воопшто постои убавина.
А за работа, кој сака да заработува бар 300 денари дневно може да најде работа како магационер или општ работник.Само што нашиот народ е научен се’ да му се даде во рака.Епа нема.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Одлично размислување, кое реално претставува не само отпушок, туку и голем катран во нашето секојдневие. Убаво си се изразила кога велиш дека тие одат на спиење додека другите одат на работа.
Да, тие ги немаат стекнато работните навики, и секако не им останува ништо друго освен да разглобуваат нивни политики, маалски филозофии, и секако да ги обвинуваат другите, индиректно за нивната мизерија. Тие се оние кои на 30+ години се жалат дека немаат работа, дека друг им е крив, дека тие што имаат факултет, можат со дипломата да си го избришат задникот итн...се со цел да не се посветат самите на својот проблем, туку вината за сопствената интелектуална и работна пепељара полна со отпушоци и црнила да ја префрлат на другите во вид на предрасуди за некого или болна завист заради нечиј друг постигнат успех.
Делот од 8 часа од деноноќието, кога некој се посветува на заработување средства за живеачка, тоие го трошат на собирање по 20-30 денари од дома, за да земат ефтино вино и пластични чаши. Кај нив проблемот е во мрзата, немањето воља да стане во 6:30, да се замие од сабајле, спреми за на работа и се врати дома во 16-17 часот, со пристојна плата и морално исполнување дека нешто сам направил во животот.
Не разбирам како само имаат нерви постојано тоа да го прават. Ќе ти скисели и вино и ќе се отруе човек од цигари со секојдневно вакво темпо на живот. А нивната тролитарка опасно почнува да ферментира.

Го делев истово мислење со тебе, кога ги гледав нив пред десет години. Беа на клупи пред зграда, на клупи на кеј, на клупи во парк. Нивното општење со тролитарка или пиво мене ми беа интересни на 13-14 години, кога шема беше летно Кабрио.
Тие тогаш имаа 20 и беа на праг од младоста.

Нивната маршута продолжи и даље, со набиена километража од зграда до парк и назад, километрања на споделување маки и плукање по луѓе кои завршија етапа во живот - студии, работат за просечна македонска плата, но за нив се сеуште амеби, бидејќи влегуваат во македонска статистика и прифаќаат шанса, прифаќаат почеток многу порано од нив.