- 17 февруари 2012
- 5,085
- 7,019
- 1,683
"Intelligence without ambition is a bird without wings." - Salvador Dali.
Иако ми е тешко да издвојам еден сликар како омилен, лесно ми е да го издвојам Салвадор Дали како еден од најдобрите и најзначајните во уметноста. Дали под влијание на старите мајстори и на барокот, обработува нов творечки метод што го дефинира како "параноидно-критичка активност". Вешто ги употребува визуелните искуства, интерпретациите на сеќавањето и сите деформации што му ги обозможува совесната и систематската примена на психолошките неправилности и паталошки појави.
Надреализмот го искористува и како ново средство за изразување во филмот. Во 1928 година го снима Андалузискиот пес, а во 1932 година, заедно со Луис Буњуел го прави филмот Златно време. Необичното се појавува во одделните кадри, но особено во "слободната" композиција на филмот кој го разбива вообичаеното следење "сцени" и настани.
Меѓу горенаведеното, Дали се бави и со архитектура, фотографија и мода. Во соработка со италијанскиот моден дизајнер Елса Шиапарели, Дали има изработено бел фустан со принт со омар. Исто така, има изработено капа во форма на чевла и розов каиш со тока во форма на усни. Изработувал и шишенца за парфем.
Кој е вашиот омилен сликар?