Ех, Љубов. Ама си ми ти некаква другарка.
Нели се бевме договориле еднаш одамна, да си стоиш понастрана од мене?
Всушност не се бевме договориле, ами ти си ги собра куферите, земајќи со себе и тоа шо треба и тоа шо не треба, па си замина без да ми кажеш ни чао. Не би те пуштила да си одиш, ако ми најавеше дека заминуваш, но барем ќе бев подготвена. Можеби ќе ти ги проверев куферите и ќе си задржев нешто од тоа што одлучи да ми собереш. Можеби… иако со мене човек никогаш не е начисто, никогаш не знае до кога ќе се држам, а кога ќе отпуштам, ниту знае што ќе посакам да задржам, а што ќе прогласам за непотребно и неважечко. Така и ти, претпоставувам. Веројатно изморена од мене, си собра сѐ и замина.
И таман се навикнав без тебе и без сите твои дрангулии, таман си помислив – еј, може и вака, може и безбојно, зошто да не, секогаш и секаде се крие по некој предизвик, по некоја нова неоткриена нијанса, макар биле сите во глобала земени – само обични сиви, таман престанав да се прашувам каде си, ти, драга моја никогаш неразбрана, реши да ми се вратиш.
Туку така, без најава, без да тропнеш, само ја отвори вратата, а чудно, бев сигурна дека заклучив, си се нацрта пред мене и накезена, не до уши, ами и позади нив, ми залепи еден бакнеж на усните!
Боже мој, Љубов, зарем мене мораше?
Те гледав под око некое време, обидувајќи се да те поттурнам малку понастрана, обидувајќи се да те натерам некако да застанеш таму, во ќошето, но со деца зарем можеш да се разбереш? А таква си ти, драга моја, таква беше отсекогаш. Ако подобро размислам, веројатно заради тоа и си замина првиот пат. Зашто не бев доволно внимателна со тебе. А со децата треба внимателно, нежно, не смееш да им се развикаш кога не те слушаат, не смееш да им се налутиш кога не сакаат да те разберат. Да, затоа си замина, нели? Ти се лутев и не ти зборував со денови. Не те ни погледнував. Те оставав да стоиш таму во ќошето и не ми беше важно ни дали плачеш или си насмеана. Изгледа не ми беше важно ни дали си сеуште таму, искрено речено. Веројатно мислев, не, бев убедена дека ќе останеш засекогаш. Макар го поминала тоа „засекогаш“, таму, во ќошето.
Па сакав и сега, да те натерам повторно да застанеш таму.
Но, Љубов… Ти се врати… поинаква, чинам? Поинаква, посигурна, посилна. Се врати и се распосла на сред собата. Се распосла насекаде. И во дворот. Дури и потаму, на улицата. Дури и потаму…ни сама незнам до каде… Насекаде.
Ах, Љубов. Не се договоривме така, ти и јас. Всушност во право си, не се договоривме никако…. Ти, едноставно ми се врати…
И сега? Што ќе правиме ние две сега?
Ти очигледно немаш намера, барем не за брзо, да се потприбереш малку и да застанеш таму во ќошето. Размисли, не мораш во истото ќоше, еве застани во ова од спротивната страна, поубаво е, има прозорец дури сосема блиску, ќе можеш кога и да посакаш да го гледаш Небото, го сакаш Небото, нели? Застани таму, лево од мене, да те ѕиркам одвреме на време крадешкум и да се насмевнувам кога ќе те видам како занесено зјапаш низ прозорецот. Знаеш, уживам во твоето присуство, прекрасно е кога си толку блиску до мене, прекрасно е кога ме следиш на секој чекор, навистина… прекрасно е…
Но, Љубов… де поттргни се барем малку настрана. Сепак, мора едната од нас да биде возрасна… барем да се однесува како возрасна… макар и да глуми дека е возрасна… Ти сигурно не си таа што би можела да се нарече возрасна… Значи морам да бидам јас.
А ти сеуште се смееш… Ох, се смеам и јас со тебе и покрај тебе и за тебе и …
Знаеш, му завидувам на Небото. Тоа може, кога му се сака, да блесне во цело свое синило, а веќе следниот миг, без предупредување, уште помалку објаснување, да се отвори и да те потопи… Му завидувам… Би сакала да можев така и јас… без предупредување, уште помалку објаснување, да воздивнам и да ги оставам солзите да потечат.
Но… ти плачеш?
Немој, Љубов. Не слушај што зборувам. Ме знаеш нели, секогаш зборувам премногу.
Насмеј се. И остани покрај мене, остани дури и таква расплакано насмеана, остани… Сега не сакам да бидам сама…