Неколку техники како да учите поефективно

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
При учење најважно е да се има мир и тишина. Да нема луѓе околу тебе ниту пак технологија.
Кога ќе почнеш, лесно е. Да, знам, тешно е да се почне.
Но, згасни го телевизорот, компјутерот/лаптопот, па и мобилниот. Изолирај се од сите вреви.
And you can do it.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Измешајте ги техниките – Да бидеме реални, без разлика каков е вашиот стил на учење, нема многу да ви помогне ако постојано само ги препрочитувате вашите книги и забелешки. Потребно е да вметнете неколку различни техники за да не ви биде досадно и да се осигурате дека информациите ќе останат во вашата глава. Ако веќе некое време сте читале, преминете на правење „постери“ за вашата соба со најважните информации. Кога ќе го покриете ѕидот околу вашата маса, вратете се на потцртување на вашите забелешки. Измислете и други начини на кои ќе се „забавувате“ себеси додека учите, на тој начин времето ќе ви поминува побрзо и со сигурност ќе запомните поголем дел од материјалот.

Не плашете се да застанете
– По подолго учење ако забележите дека веќе не ни ги сфаќате вашите забелешки, дефинитивно е време за пауза. Дури и ако сте планирале да учите цел ден, докажано е дека по 1 час активно учење концентрацијата се губи, а вие почнувате да се нервирате. Оваа ситуација на никој не му помага. Станете малку, излезете на свеж воздух, раздвижете се… Мала пауза нема во никој случај да ви наштети, баш напротив – кога ќе се вратите на учењето, вашата концентрација повторно ќе биде на високо ниво.


Грижете се за себе
– Не сакаме да звучиме како вашите родители, но без разлика на сè, не смеете да се заборавите себеси. Тоа значи дека мора да јадете редовно, да спиете доволно и да имате паузи помеѓу учењето. Без разлика на тоа што некои луѓе велат дека најдобар начин за положување е интензивно учење 24 часа, 7 дена во неделата, тоа е целосна лага. Никој на светов не може да ја заврши работата како што треба ако е уморен или гладен. Ставете се себеси како приоритет и само тогаш ќе ги добиете најдобрите резултати.


Анализирајте го своето учење
– Пробајте да забележите во кој дел од денот имате најмногу концентрација и адаптирајте го вашиот распоред за учење во тој период. Нема поента да учите навечер, ако знаете дека не можете да се фокусирате по 17 часот.


Распоред, распоред, распоред
– Планирањето е КЛУЧНО кога станува збор за учењето. Не мора да биде строго и секогаш да започнува во исто време ако сакате да имате малку повеќе слобода, но барем направете план кои денови ќе учите и отприлика колку време ќе ви биде потребно. Ова значи дека ќе имате некаков вид цел поради која ќе биде многу полесно да им кажете „не“ на вашите пријатели за излегување во периодот кога треба да учите. Без дури и најосновен план вашето учење ќе стане огромен хаос.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Најчесто по сите предмети правеме план на лекцијта, учам по тој план или пак сама си правам план (кога имам време) и пишувам прибелешки, Вака мене ми е најлесно за учење, можам да учам и во просторија каде се зборува, но во мирна просторија е многу подобро. АКо не се скоцентрирам ќе се замислам или загледам некаде и времето ми отиде.:giggle
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Мислам дека не можеш на некој да му кажеш макар и техники, како да уче подобро. Секој знае на свој начин да уче. На некој му требаат 2 саата за пола текст, на некој 5 мин за истиот текст. Значи нема врска тоа.. Убаво е да се знаат техниките, ама не палат кај секој :)
Ја кога седнам да учам, сакам да имам тивка, chill out нешто музика, обавезно да има до мене, вода и материјалите шо ми се потребни за учење, а претходно прилично одморена онака, а за концентрација, можам да се сконцентрирам брзо ако ме заинтересира материјалот.А и да, сакам да практикувам да учам у природа, на ливадичка од сабајле така, тоа ќе ми биде ногу ќефче (sun)
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
ја кд учеше за петку, али ептен оној за петку : ) значи не напамет него сс разбирање, увек учеше одсабајле рано
јабуку обавезно едеше и чилаунт абмиебнт на тивок оган си лебдеше по собата моја три на три : )
прво гу читам целу лекцију, па после дел по дел га учу али викам ти брат не напамет, него сс мои зборови(куманофски)
деси се едн пут кд раскажува за Хитлера и тија наци глупости,избаци ми се од уста мубает 'сеестру фашистичку'...
jeбига пукна ме емоција : )
мноо петке сам имаја, поготово четфорке : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA