Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Забава
Досие X на форумот
Мистерии (генерална дискусија)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Рајата во француската област Жеводан, сместена помеѓу реката Лоара и планината Маржерид за време на трулиот `древен режим` (Ancient regime, кралството на Бурбоните) се опоравувала од епидемија на чума, бројот на население почнал да се наголемува повторно, раните зацелувале.....кога почнала наезда на разбојници, ликови кои краделе од богатите ама не им текнувало да даваат на сиромасите, напротив ги краделе и нив, даноците повторно натежнувале на грбот на јадните селани а бидејќи животот им бил премногу `забавен` судбината решила да им прати и глад која траела неколку години.

И таман кога рајата помислила дека не може да биде полошо, се појавил врколак.

Можеби не од оние филмските, кои на полна месечина со крици се претвараат во ѕверови и кои припаѓаат на фантазијата туку сосема реална опасност која ќе одземе непознат број животи.

Страданијата народни започнале во Јуни 1764 кога нешто налик на волк но многу поголемо и со тенденција да се исправува на две нозе нападнал девојка која чувала стадо волови (и после денешниве жени кукаат ццц...). За среќа на девојката крвожедниот створ само ја ранил бидејќи неочекувано неколку волови тргнале во противнапад и го избркале створењето  за разлика од кучињата-чувари кои цвикајќи побегнале

Изјавите на девојката за огромен волковиден створ биле исмеани од рајата кои сметале дека тоа е резултат на страв и паника. За крвава потврда на девојчините зборови не требало многу да се чека, истото битие нападнало, задавило и делумно изело `колешка` на преживеаната девојка од првиот напад - после неколку дена.

Во следните неколку месеци почнало владеење на стравот и ужасот, осамени патници по магливите Жеводански патишта, намерници низ шумските патеки, овчари и остали сточари, деца кои си играле малку понастрана од обично и чија крв мрзнела пред злокобното завивање на створењето кое изронувало од утринската магла со демонски сјај во очите само за да се фрли и да ги задави жртвите - тоа била тажната `шема` по која во наредните три години на оној свет ќе заминат најмалку 113 а најмногу 300 души (проценките варирале).

Народот се собирал по црквички да се моли за избавување од маката а нивната молитва често била прекратена од завивањето на ѕверот во далечината, најава за нова смрт, страв и неспокој во областа.

Освен молитва, рајата се фатила и за пушка, вила, секира - дај шта даш и се формирале групи кои требале да го откријат и убијат `сторителот`.

Биле убивани волци на големо, некои од нив прилично големи - но попусто, секој убиен волк само правел лажна надеж дека опасноста е елиминирана само за да наредниот ден повторно се копа нечиј гроб...

Наредната година, глас за настаните стигнал и до кралот Луи XV кој финансирал посебна група `специјалци`  поточно искусни ловци собрани од цела Франција кои требало да го решат проблемот. И тие убивале волци наголемо, но попусто. Само еднаш дошле во контакт со наводниот Врколак кога успеале да му нанесат рана иако и неколкумина од елитните ловци задобиле тешки повреди.

Нападите продолжувале се до Јуни 1767 кога локален ловец по име Жан Шастел, прецизен стрелец, ризикувајќи го својот живот конечно успеал да го застрела битието и тоа со помош на сребрен куршум (!?). Конечно дошол крај на маките но не и на мистеријата. Огромниот и бизарен леш на нешто кое наликувало на хибрид меѓу огромен волк и Мастиф бил однесен во Париз, ловецот бил награден а за гледање на лешот се наплаќале пари. Предлозите да се препарира чудото биле задоцнети, летно време и високи температури - лешот се распаднал и бил закопан, за жал.

Никој не успеал да утврди за што станува збор. Нападите на волци врз луѓе се реткост но створењето и онака не било волк. Брзината и бројот на напади исто така биле невозможни за волк а територијата која ја `покривал` ѕверот во потрага по жртви била неверојатна.

Сребрениот куршум употребен за ликвидација послужил за раѓање на теории дека се работи за Врколак.

Некои тврделе дека `ординирал` сериски убиец камуфлиран со крзно а хибридната животиња само служела за да одвлече внимание и да сее страв, нешто како помошник-убица.

Створот останал познат како `Ѕверот од Жеводан` и продолжил да живее во легендите и колективната свест долго време. До ден денешен не се знае за што точно се работело, но ако навистина бил сериски убиец и престанал да убива после смртта на `миленичето` тогаш тоа бил еден од најголемите манијаци евер, со барем 113 убиства зад себе - што ги прави Џек Мевосек, Зодијак, Лудиот касап од Кингсбери Ран, Џек д Стрипер и секирашот од Њу Орлеанс - тотални аматери (освен што останале неоткриени и легендарни фигури во светот на сериското убивање)

П.С. Има прилично добар француски филм на оваа тема.

http://www.imdb.com/title/tt0237534/

[QUOTE="Outrider, post: 318076, member: 2887"] Рајата во француската област Жеводан, сместена помеѓу реката Лоара и планината Маржерид за време на трулиот `древен режим` (Ancient regime, кралството на Бурбоните) се опоравувала од епидемија на чума, бројот на население почнал да се наголемува повторно, раните зацелувале.....кога почнала наезда на разбојници, ликови кои краделе од богатите ама не им текнувало да даваат на сиромасите, напротив ги краделе и нив, даноците повторно натежнувале на грбот на јадните селани а бидејќи животот им бил премногу `забавен` судбината решила да им прати и глад која траела неколку години. И таман кога рајата помислила дека не може да биде полошо, се појавил врколак.:frantic Можеби не од оние филмските, кои на полна месечина со крици се претвараат во ѕверови и кои припаѓаат на фантазијата туку сосема реална опасност која ќе одземе непознат број животи. Страданијата народни започнале во Јуни 1764 кога нешто налик на волк но многу поголемо и со тенденција да се исправува на две нозе нападнал девојка која чувала стадо волови (и после денешниве жени кукаат ццц...). За среќа на девојката крвожедниот створ само ја ранил бидејќи неочекувано неколку волови тргнале во противнапад и го избркале створењето :eek: за разлика од кучињата-чувари кои цвикајќи побегнале :facepalm2 Изјавите на девојката за огромен волковиден створ биле исмеани од рајата кои сметале дека тоа е резултат на страв и паника. За крвава потврда на девојчините зборови не требало многу да се чека, истото битие нападнало, задавило и делумно изело `колешка` на преживеаната девојка од првиот напад - после неколку дена. Во следните неколку месеци почнало владеење на стравот и ужасот, осамени патници по магливите Жеводански патишта, намерници низ шумските патеки, овчари и остали сточари, деца кои си играле малку понастрана од обично и чија крв мрзнела пред злокобното завивање на створењето кое изронувало од утринската магла со демонски сјај во очите само за да се фрли и да ги задави жртвите - тоа била тажната `шема` по која во наредните три години на оној свет ќе заминат најмалку 113 а најмногу 300 души (проценките варирале). Народот се собирал по црквички да се моли за избавување од маката а нивната молитва често била прекратена од завивањето на ѕверот во далечината, најава за нова смрт, страв и неспокој во областа. Освен молитва, рајата се фатила и за пушка, вила, секира - дај шта даш и се формирале групи кои требале да го откријат и убијат `сторителот`. Биле убивани волци на големо, некои од нив прилично големи - но попусто, секој убиен волк само правел лажна надеж дека опасноста е елиминирана само за да наредниот ден повторно се копа нечиј гроб... Наредната година, глас за настаните стигнал и до кралот Луи XV кој финансирал посебна група `специјалци` :kafe поточно искусни ловци собрани од цела Франција кои требало да го решат проблемот. И тие убивале волци наголемо, но попусто. Само еднаш дошле во контакт со наводниот Врколак кога успеале да му нанесат рана иако и неколкумина од елитните ловци задобиле тешки повреди. Нападите продолжувале се до Јуни 1767 кога локален ловец по име Жан Шастел, прецизен стрелец, ризикувајќи го својот живот конечно успеал да го застрела битието и тоа со помош на сребрен куршум (!?). Конечно дошол крај на маките но не и на мистеријата. Огромниот и бизарен леш на нешто кое наликувало на хибрид меѓу огромен волк и Мастиф бил однесен во Париз, ловецот бил награден а за гледање на лешот се наплаќале пари. Предлозите да се препарира чудото биле задоцнети, летно време и високи температури - лешот се распаднал и бил закопан, за жал. Никој не успеал да утврди за што станува збор. Нападите на волци врз луѓе се реткост но створењето и онака не било волк. Брзината и бројот на напади исто така биле невозможни за волк а територијата која ја `покривал` ѕверот во потрага по жртви била неверојатна. Сребрениот куршум употребен за ликвидација послужил за раѓање на теории дека се работи за Врколак. Некои тврделе дека `ординирал` сериски убиец камуфлиран со крзно а хибридната животиња само служела за да одвлече внимание и да сее страв, нешто како помошник-убица. Створот останал познат како `Ѕверот од Жеводан` и продолжил да живее во легендите и колективната свест долго време. До ден денешен не се знае за што точно се работело, но ако навистина бил сериски убиец и престанал да убива после смртта на `миленичето` тогаш тоа бил еден од најголемите манијаци евер, со барем 113 убиства зад себе - што ги прави Џек Мевосек, Зодијак, Лудиот касап од Кингсбери Ран, Џек д Стрипер и секирашот од Њу Орлеанс - тотални аматери :pusi(освен што останале неоткриени и легендарни фигури во светот на сериското убивање) П.С. Има прилично добар француски филм на оваа тема. [URL]http://www.imdb.com/title/tt0237534/[/URL] [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Забава
Досие X на форумот
Мистерии (генерална дискусија)
На врв
Bottom