Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Забава
Досие X на форумот
Мистерии (генерална дискусија)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Ова е една од оние мистерии кои се larger then life и кои ги надминуваат и најсмелите филмски сценарија.

На 24.11.1971, некој лик со целосно рандом фаца, експресија и надворешност си купил карта во еден правец од Портланд до Сиетл под име Ден Купер. Си седнал на седиштето заедно со уште 35 други патници и по извесно време ја повикал стјуардесата за да и даде лифче. Стјуардесата, навикната на типови кои и се пуштале на разни начини не обрнала внимание по што Ден морал да инсистира.

На изненадување на струајдесата, немало покана за пијачка туку закана со бомба. Ден и ја покажал бомбата (или барем нешто што личело на бомба), споменал дека има контакт-упаљач во раката и дека пораката треба да оди кај пилотите.

Се покажало дека Купер е скромен киднапер на авион, барал 200.000 долари (околу 1,2 милиони во денешна пара) во апоени од 20 долари, 4 падобрани и полнење со гориво на авионот кога ќе слета во Сиетл. За возврат ќе ги ослободел патниците.

Фоторобот на `Купер`, мора да се признае фаца која тешко се памети, што е предност кога се гради кариера во киднаперството

Немало многу време да се исполнат барањата на киднаперот, околу два часа лет но и покрај тоа - полицијата успеала да ги сними сериските броеви на банкнотите и да му ували еден лажен падобран меѓу четирите.

По слетувањето, Купер се покажал како киднапер од збор, душа од човек, и ги ослободил сите заложници. Not sure ни дека знаеле дека воопшто биле киднапирани. Тоа се вика киднапирање со стил.

Авионот бил наполнет со гориво и повторно полетал, овој пат кон Рено, Невада, на барање на Купер.

Уследиле многу чудни и специфични барања на киднаперот, брзина на авионот од 200км на час (одвај минимална колку да се одржи во лет), висина од 3000м, барал да не се активира вештачкиот притисок и да се спуштат тркалата. Пилотите немале избор и се согласиле.

Подоцна станало јасно зошто воопшто ги барал тие ствари и зошто воопшто избрал Боинг Б-727 за киднапирање. Имено, тој тип на авион поради конфигурацијата на мотори имал помошен излез со скалички позади, сосема погоден за намерата на Купер да скокне со падобран.

Купер порачал виски и цигари и спокојно си седнал на седиште. После некое време ставил два падобрани на себе, ги зел парите, наредил да го отворат помошниот излез и скокнал - во легендите.

Неколку ловци во тоа време веќе го прателе авионот но попусто, не виделе ништо.

Подоцна медиумите ќе го наречат киднаперот Д.Б.Купер чунки посекси име им делувало тоа.

Авионот слетал, сите членови на екипажот биле во најдобар ред а некаде во шумите на државата Вашингтон веројатно се приземјил киднаперот со тестиси до колена, па и под нив.

До ден денешен не се знае кој бил и како завршил киднаперот и покрај истрагата, деталното барање низ шумите и планините и медиумската хистерија. Разни теории со текот на времето се појавувале, имало многу осомничени но ништо конкретно. Единствена трага се појавила 1980 кога биле пронајдени три пакувања со вкупно 5.000 долари на брегот на некоја река а сериските броеви се совпаѓале со украдените пари. Тоа докажало дека......... ништо не докажало само ги подгреало шпекулaциите.

Се тврдело дека Купер е екс специјалец поради знењето и смелоста, други дека бил аматер, трети дека загинал при скокот, четврти дека го виделе на рандом место години после настанот... која и да е вистината, човек не може да не се запраша зошто во такви случаи просто `навива` за престапникот. Јас сум за верзија во која живеел долго и лагодно без да се занимава со секојдневни стресови

[QUOTE="Outrider, post: 314972, member: 2887"] Ова е една од оние мистерии кои се larger then life и кои ги надминуваат и најсмелите филмски сценарија. На 24.11.1971, некој лик со целосно рандом фаца, експресија и надворешност си купил карта во еден правец од Портланд до Сиетл под име Ден Купер. Си седнал на седиштето заедно со уште 35 други патници и по извесно време ја повикал стјуардесата за да и даде лифче. Стјуардесата, навикната на типови кои и се пуштале на разни начини не обрнала внимание по што Ден морал да инсистира. На изненадување на струајдесата, немало покана за пијачка туку закана со бомба. Ден и ја покажал бомбата (или барем нешто што личело на бомба), споменал дека има контакт-упаљач во раката и дека пораката треба да оди кај пилотите. Се покажало дека Купер е скромен киднапер на авион, барал 200.000 долари (околу 1,2 милиони во денешна пара) во апоени од 20 долари, 4 падобрани и полнење со гориво на авионот кога ќе слета во Сиетл. За возврат ќе ги ослободел патниците. [IMG]http://1000words1000days.com/wp-content/uploads/2014/06/Header12.jpg[/IMG] Фоторобот на `Купер`, мора да се признае фаца која тешко се памети, што е предност кога се гради кариера во киднаперството :pusi Немало многу време да се исполнат барањата на киднаперот, околу два часа лет но и покрај тоа - полицијата успеала да ги сними сериските броеви на банкнотите и да му ували еден лажен падобран меѓу четирите. По слетувањето, Купер се покажал како киднапер од збор, душа од човек, и ги ослободил сите заложници. Not sure ни дека знаеле дека воопшто биле киднапирани. Тоа се вика киднапирање со стил. :cool: Авионот бил наполнет со гориво и повторно полетал, овој пат кон Рено, Невада, на барање на Купер. Уследиле многу чудни и специфични барања на киднаперот, брзина на авионот од 200км на час (одвај минимална колку да се одржи во лет), висина од 3000м, барал да не се активира вештачкиот притисок и да се спуштат тркалата. Пилотите немале избор и се согласиле. Подоцна станало јасно зошто воопшто ги барал тие ствари и зошто воопшто избрал Боинг Б-727 за киднапирање. Имено, тој тип на авион поради конфигурацијата на мотори имал помошен излез со скалички позади, сосема погоден за намерата на Купер да скокне со падобран. [IMG]http://www.mikejamesmedia.com/modo_media/modo_wip/b727_db_cooper/db_cooper_727_067_airstair.jpg[/IMG] Купер порачал виски и цигари и спокојно си седнал на седиште. После некое време ставил два падобрани на себе, ги зел парите, наредил да го отворат помошниот излез и скокнал - во легендите. Неколку ловци во тоа време веќе го прателе авионот но попусто, не виделе ништо. Подоцна медиумите ќе го наречат киднаперот Д.Б.Купер чунки посекси име им делувало тоа. Авионот слетал, сите членови на екипажот биле во најдобар ред а некаде во шумите на државата Вашингтон веројатно се приземјил киднаперот со тестиси до колена, па и под нив. :kafe До ден денешен не се знае кој бил и како завршил киднаперот и покрај истрагата, деталното барање низ шумите и планините и медиумската хистерија. Разни теории со текот на времето се појавувале, имало многу осомничени но ништо конкретно. Единствена трага се појавила 1980 кога биле пронајдени три пакувања со вкупно 5.000 долари на брегот на некоја река а сериските броеви се совпаѓале со украдените пари. Тоа докажало дека......... ништо не докажало само ги подгреало шпекулaциите. Се тврдело дека Купер е екс специјалец поради знењето и смелоста, други дека бил аматер, трети дека загинал при скокот, четврти дека го виделе на рандом место години после настанот... која и да е вистината, човек не може да не се запраша зошто во такви случаи просто `навива` за престапникот. Јас сум за верзија во која живеел долго и лагодно без да се занимава со секојдневни стресови (inlove) [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Забава
Досие X на форумот
Мистерии (генерална дискусија)
На врв
Bottom