Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Забава
Досие X на форумот
Мистерии (генерална дискусија)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Ваљда овде ќе е најсоодветно.

Налетав на филмот Dark Water, па ми текна на случкава.

Во јануари или февруари, 2013та, не помнам точно, Елиза Лем, студентка од Канада, е пронајдена мртва во еден од резервоарите за вода на хотелот Сесил во Лос Анџелес. Случајот не добива речиси никаква медиумска покривност до моментот кога полицијата објавува CCTV снимка од лифтот во кој се наоѓала моменти пред смртта. На снимката може да се види девојката, која одеднаш почнува да се однесува многу чудно - паничи, се крие и се чини дека се расправа со личност која не постои или бар не ја гледаме во кадар.

Луѓе кои се занимаваат со теории на заговор, веднаш се фаќаат за работа. И тука случајот уште повеќе се замрсува.

Он а сајд ноут, Сесил хотелот важи за најевтиниот хотел во Лос Анџелес, но и за хотел кој го прогонува чудна вибрација. Го пратат неколку (само)убиства, меѓу кои спаѓа и познатата Black Dahlia - девојката која била најдена преполовена и со исечени екстремитети, а која последно била видена во хотелот, а своевремено во него престојувале и двајца сериски убијци (не ми текнуваат имињата, ама не беа наивни батки).

Нормално, тука се појавуваат приказни за паранормални прогонства, вмешување халуциногени дроги, сомнителни ликови кои со години престојуваат во хотелот, па дури и вработени се на списокот на осомничени.

Назад на девојката - истата е пронајдена гола и во затворен резервоар, што веднаш ја предизвикува логиката да се запрашаме зошто би се соблекла гола, каде е облеката (бар не се сеќавам да прочитав дека ја нашле), како истата успеала да пројде покрај стражарите и алармите кои би се активирале при отварање на вратите кон кровот, и како воопшто така ситна девојка би успеала да отвори толкав капак и зошто би го затворила пред да се удави...ако е тоа воопшто можно т.е. ако имало скали во внатрешноста на резервоар висок 3+ метри.

Експерти и аматери тврдат дека снимката од лифтот е успорена и едитирана, односно дека фалат над 50ина секунди, што потврдува и time frame-от долу, а неколкумина успеале да уловат и кадри со нешто што наликува на туѓа нога, што крева нова бура прашања дали хотелот покрива убиец.

И ко тоа да не е доволно зезнато, има и нов твист. Откако потстанарите се жалат на слаб притисок, болки во стомак и вода со чуден вкус, што евентуално носи до проверка на резервоарите и откривање на телото, им се препорачува да не ја пијаат водата поради тестирање за туберкулоза.

Е, сега, ситно пред случајов, во јавноста протекува вест за ширење туберкулоза. Дали случајноста е неверојатна или се работи за нешто многу помрачно од исчезнување и смрт на девојка...според записите, можниот ТБ вирус кој се испитува, е именуван Лем Елиза.

Крајно, гореспоменатиот филм, кој е направен години пред случајов, спојува во целина лик со име Dahlia, паранормални појави во лифт и тело на девојче во резервоар. Епа, чао.

Еве го и видеото, кој милува...

[MEDIA=youtube]YRkxQ8cQf5c[/MEDIA]

[QUOTE="Electra, post: 310850, member: 229"] Ваљда овде ќе е најсоодветно. Налетав на филмот Dark Water, па ми текна на случкава. Во јануари или февруари, 2013та, не помнам точно, Елиза Лем, студентка од Канада, е пронајдена мртва во еден од резервоарите за вода на хотелот Сесил во Лос Анџелес. Случајот не добива речиси никаква медиумска покривност до моментот кога полицијата објавува CCTV снимка од лифтот во кој се наоѓала моменти пред смртта. На снимката може да се види девојката, која одеднаш почнува да се однесува многу чудно - паничи, се крие и се чини дека се расправа со личност која не постои или бар не ја гледаме во кадар. Луѓе кои се занимаваат со теории на заговор, веднаш се фаќаат за работа. И тука случајот уште повеќе се замрсува. Он а сајд ноут, Сесил хотелот важи за најевтиниот хотел во Лос Анџелес, но и за хотел кој го прогонува чудна вибрација. Го пратат неколку (само)убиства, меѓу кои спаѓа и познатата Black Dahlia - девојката која била најдена преполовена и со исечени екстремитети, а која последно била видена во хотелот, а своевремено во него престојувале и двајца сериски убијци (не ми текнуваат имињата, ама не беа наивни батки). Нормално, тука се појавуваат приказни за паранормални прогонства, вмешување халуциногени дроги, сомнителни ликови кои со години престојуваат во хотелот, па дури и вработени се на списокот на осомничени. Назад на девојката - истата е пронајдена гола и во затворен резервоар, што веднаш ја предизвикува логиката да се запрашаме зошто би се соблекла гола, каде е облеката (бар не се сеќавам да прочитав дека ја нашле), како истата успеала да пројде покрај стражарите и алармите кои би се активирале при отварање на вратите кон кровот, и како воопшто така ситна девојка би успеала да отвори толкав капак и зошто би го затворила пред да се удави...ако е тоа воопшто можно т.е. ако имало скали во внатрешноста на резервоар висок 3+ метри. Експерти и аматери тврдат дека снимката од лифтот е успорена и едитирана, односно дека фалат над 50ина секунди, што потврдува и time frame-от долу, а неколкумина успеале да уловат и кадри со нешто што наликува на туѓа нога, што крева нова бура прашања дали хотелот покрива убиец. И ко тоа да не е доволно зезнато, има и нов твист. Откако потстанарите се жалат на слаб притисок, болки во стомак и вода со чуден вкус, што евентуално носи до проверка на резервоарите и откривање на телото, им се препорачува да не ја пијаат водата поради тестирање за туберкулоза. Е, сега, ситно пред случајов, во јавноста протекува вест за ширење туберкулоза. Дали случајноста е неверојатна или се работи за нешто многу помрачно од исчезнување и смрт на девојка...според записите, можниот ТБ вирус кој се испитува, е именуван Лем Елиза. Крајно, гореспоменатиот филм, кој е направен години пред случајов, спојува во целина лик со име Dahlia, паранормални појави во лифт и тело на девојче во резервоар. Епа, чао. :confused: Еве го и видеото, кој милува... [MEDIA=youtube]YRkxQ8cQf5c[/MEDIA] [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Забава
Досие X на форумот
Мистерии (генерална дискусија)
На врв
Bottom