Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Забава
Досие X на форумот
Мистерии (генерална дискусија)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Нешто слушав пред некој ден, околу кризни ситуации, трети светски, револуции и слични забави - дека повеќето од државите во светот имале подземни скривалишта во распон од обичен бункер па се` до подземни градови.

Во САД се познати Чејен маунтин и Рејвнрок каде што постојат огромни подземни комплекси, во првиот случај издлабени во гранитна планина, каде што америчката власт и главниот штаб требало да се скријат во случај на инкаминг нуклеарни проектили. Освен подземните градови имаат и неколку авиони, сериозно модификувани Боинг Б-707 и 747, не само Ер форс 1 туку и многу други, Е-4 Најтвоч на пример, тука биле и соодветни бродови кои овозможувале продолжување на дејствија после `првиот удар`.

Советските власти исто имале такви чуда, како континуитет на подземни тунели и градби уште од времето на Иван Грозни, под Кремљ наводно имало специјална линија на метрото која водела до други подземни центри или аеродроми и за неа требало хајест клиренс за да се пристапи. Најголем дел од тие градби биле започнати во времето на Сталин, а колку и какви постојат е предмет на шпекулации. Друг центар имало под планината Јамантау на Урал.

Хитлер, како убер-злобна но и впечатлива особа имал свој подземен град под Берлин а нешто имало и во Источна Прусија. Можеби единствен пример на ставање во оперативна употреба на типично думсдеј живеалиште со цел да се заштити власта, иако знаеме како сето тоа заврши (or do we?). Во Баварија имало напуштени рудници за сол кои нацистите ги модифицирале во подземни бази од каде што требало да делуваат наци-герилските сили, организацијата Ди Веревулф после потпишувањето на капитуалцијата, вршење зулуми по сојузничките окупациони зони. Не биднало нешто од тоа, рајата била уморна од војни... но затоа останала легендата на нацистичките тајни бази на Антарктик (лично тоа ми е омилена теорија ) каде Адолф, Менгеле, Борман и други фини господа и дами нашле прибежиште од рушевините на третиот Рајх и нормално, напорно работеле на создавање на четвртиот Рајх (а што друго и би правеле по цели денови на Антарктик).

Оваа теорија се базира на реални експедиции пред војната на Антарктик каде била прогласена Нова Швабија на одредена територија на белиот континент. Бел=ариевец лол.

За екс-Југославија знам за подземниот град на Тито, `Д-0` кај Коњиц во Босна и за подземниот аеродром (no brainer, but still... ) Жељава, исто во Босна, не сум сигурен дали авионите само полетувале оттаму или имало и можност за слетување.

Во Романија, Чаушеску изградил подземна мрежа под Букурешт, посебно околу неговиот дворец кој сеуште не бил доволно истражен а наводно имало и раја која залутала истражувајќи по тунелите.....and was never seen again. На несреќа на Чаушеску, не успеал да стигне до тајните бази, бил фатен а кој сака може на јутјуб да гледа снимка од неговата егзекуција.

Во Македонија има муабети за планината Јасен каде што имало екс-ЈНА подземна база која денес имала намена за прибежиште на политичари во случај на фрка и некои муабети за слична градба на Криволак (!?).

[QUOTE="Outrider, post: 289264, member: 2887"] Нешто слушав пред некој ден, околу кризни ситуации, трети светски, револуции и слични забави - дека повеќето од државите во светот имале подземни скривалишта во распон од обичен бункер па се` до подземни градови. Во САД се познати Чејен маунтин и Рејвнрок каде што постојат огромни подземни комплекси, во првиот случај издлабени во гранитна планина, каде што америчката власт и главниот штаб требало да се скријат во случај на инкаминг нуклеарни проектили. Освен подземните градови имаат и неколку авиони, сериозно модификувани Боинг Б-707 и 747, не само Ер форс 1 туку и многу други, Е-4 Најтвоч на пример, тука биле и соодветни бродови кои овозможувале продолжување на дејствија после `првиот удар`. Советските власти исто имале такви чуда, како континуитет на подземни тунели и градби уште од времето на Иван Грозни, под Кремљ наводно имало специјална линија на метрото која водела до други подземни центри или аеродроми и за неа требало хајест клиренс за да се пристапи. Најголем дел од тие градби биле започнати во времето на Сталин, а колку и какви постојат е предмет на шпекулации. Друг центар имало под планината Јамантау на Урал. Хитлер, како убер-злобна но и впечатлива особа имал свој подземен град под Берлин а нешто имало и во Источна Прусија. Можеби единствен пример на ставање во оперативна употреба на типично думсдеј живеалиште со цел да се заштити власта, иако знаеме како сето тоа заврши (or do we?:^)). Во Баварија имало напуштени рудници за сол кои нацистите ги модифицирале во подземни бази од каде што требало да делуваат наци-герилските сили, организацијата Ди Веревулф после потпишувањето на капитуалцијата, вршење зулуми по сојузничките окупациони зони. Не биднало нешто од тоа, рајата била уморна од војни... но затоа останала легендата на нацистичките тајни бази на Антарктик (лично тоа ми е омилена теорија :zelen) каде Адолф, Менгеле, Борман и други фини господа и дами нашле прибежиште од рушевините на третиот Рајх и нормално, напорно работеле на создавање на четвртиот Рајх (а што друго и би правеле по цели денови на Антарктик). Оваа теорија се базира на реални експедиции пред војната на Антарктик каде била прогласена Нова Швабија на одредена територија на белиот континент. Бел=ариевец лол. За екс-Југославија знам за подземниот град на Тито, `Д-0` кај Коњиц во Босна и за подземниот аеродром (no brainer, but still... :zelen) Жељава, исто во Босна, не сум сигурен дали авионите само полетувале оттаму или имало и можност за слетување. Во Романија, Чаушеску изградил подземна мрежа под Букурешт, посебно околу неговиот дворец кој сеуште не бил доволно истражен а наводно имало и раја која залутала истражувајќи по тунелите.....and was never seen again. На несреќа на Чаушеску, не успеал да стигне до тајните бази, бил фатен а кој сака може на јутјуб да гледа снимка од неговата егзекуција. Во Македонија има муабети за планината Јасен каде што имало екс-ЈНА подземна база која денес имала намена за прибежиште на политичари во случај на фрка и некои муабети за слична градба на Криволак (!?). [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Колку нозе има кучето? (напишете со букви)
Испрати мислење
Форум
Забава
Досие X на форумот
Мистерии (генерална дискусија)
На врв
Bottom