Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Забава
Досие X на форумот
Мистерии (генерална дискусија)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Во разговор, луѓето често кажуваат дека животот им се врти во круг, понекогаш круг од кој тешко гледаат излез.

Но за еден човек кругот на проклетството станал буквален, начин за искупување на некој одамна заборавен грев кој останал во неговата душа, вечно да го потсетува на пропаста на можноста за среќен живот.

На североистокот на САД крај месноста Соу Мил Вудс околу 1858 година луѓето почнале да забележуваат човек облечен во груба кожна облека која сам ја `скроил` како во редовни интервали се појавува на одредени места.

Од почеток не обрнале многу внимание на чудниот горостас но по некое време увиделе дека интервалот по кој тој се појавува во нивното место е ист, т.е. 36 дена. Она што го дознале подоцна е дека Кожниот Човек (како што го нарекле) се движел во круг од 587 км околу реките Конектикат и Хадсон и секогаш минувал покрај нивната (и не само нивната) населба.

СО текот на времето, молчеливиот чудак им станал симпатичен па му давале храна и се обидувале да дознаат кој е и зошто патува на исти места без престан, со години. Човекот освен мумлање и чудни звуци, понекогаш кажувал нешто на француски но не можеле да го разберат.А било очигледно дека тој не разбира англиски. Никогаш не повредил никого, напротив бил љубезен кон луѓето и покрај својата мрачна појава.

Низ децениите Кожниот човек станал дел од локалниот живот, татковците им кажувале на децата дека за толку и толку дена големиот Кожен Човек ќе мине низ нивната населба. И секогаш човекот навистина минувал.

Спиел во пештери и склоништа кои стратешки биле распоредени по неговата вечна маршрута, се хранел со она што ќе најдел, уловел или ќе прифател од добрнонамерните луѓе.

Неговиот идентитет никој не го дознал иако се плетеле многу приказни и шпекулации. Се` до 1889 кога за последен 360. пат ја минал вечната патека зацртана во неговата глава и бил најден умрен од студ поради невообичаено острата зима таа година кога истрошената кожна облека не успеала да го спаси. Во пештерата била најдена библија на француски и некои писма и предмети, но идентитетот останал тајна.

Подоцна откако влегол во локалниот фолклор новинари и истражувачи се обиделе да ја откријат тајната.

Најпозната шпекулација била дека наводно бил роден во Лион, Франција под име Жил Бургле, каде работел како дрводелец. Голготата започнала откако се вљубил во некоја Маргарет Ларон и сакал да се ожени со неа. Бидејќи била од богато семејство, нејзиниот татко во склад со вредностите на своето време - одбил да дозволи брак но сепак решил да му даде шанса на Жил со тоа што би го вработил во својата кожарска фабрика. Ако Жил успеел да направи кариера за неколку години - ќе ја добиел и раката на Маргарет.

Почетокот ветувал, Жил добро напредувал и стекнал доверба, само сакал да направи еден конечен потег со кој ќе го скрати времето за чекање на свадбата а тоа е вложување во купување големо количество кожа, очекувајќи цените да се наголемат драстично во наредниот период. Наместо тоа, на сцената се појавила нова техника на штавење која фабриката во која работел не ја поседувала и вредноста на набавката наместо да се наголеми, паднала за половина.

Целата заштеда, довербата, големи пари од власникот и неговата љубов - исчезнале како никогаш да ги немало.

Неможејќи да се соочи со новата реалност и пропаста на сите соништа - Жил по некое време исчезнал од Лион, а наскоро и од Франција. Приказната не кажува како стигнал до САД, но тоа и не е важно.

Друга верзија го прави канадски француз кој избегал поради слични причини преку границата во САД.

Жил станал Кожниот Човек, вртејќи го вечниот круг во својата совест и во шумите на државата Њу Јорк. Доброволно осамен до крајот на животот, изолиран од ситните и крупните животни задоволства и без надеж дека човечко срце ќе се осмели да го засака - заминал во вечноста и во меморијата на генерации локално население кое до денес ја прераскажувало наводната животна сторија на сосема реалниот Кожен Човек.

[QUOTE="Outrider, post: 281640, member: 2887"] Во разговор, луѓето често кажуваат дека животот им се врти во круг, понекогаш круг од кој тешко гледаат излез. Но за еден човек кругот на проклетството станал буквален, начин за искупување на некој одамна заборавен грев кој останал во неговата душа, вечно да го потсетува на пропаста на можноста за среќен живот. На североистокот на САД крај месноста Соу Мил Вудс околу 1858 година луѓето почнале да забележуваат човек облечен во груба кожна облека која сам ја `скроил` како во редовни интервали се појавува на одредени места. Од почеток не обрнале многу внимание на чудниот горостас но по некое време увиделе дека интервалот по кој тој се појавува во нивното место е ист, т.е. 36 дена. Она што го дознале подоцна е дека Кожниот Човек (како што го нарекле) се движел во круг од 587 км околу реките Конектикат и Хадсон и секогаш минувал покрај нивната (и не само нивната) населба. СО текот на времето, молчеливиот чудак им станал симпатичен па му давале храна и се обидувале да дознаат кој е и зошто патува на исти места без престан, со години. Човекот освен мумлање и чудни звуци, понекогаш кажувал нешто на француски но не можеле да го разберат.А било очигледно дека тој не разбира англиски. Никогаш не повредил никого, напротив бил љубезен кон луѓето и покрај својата мрачна појава. Низ децениите Кожниот човек станал дел од локалниот живот, татковците им кажувале на децата дека за толку и толку дена големиот Кожен Човек ќе мине низ нивната населба. И секогаш човекот навистина минувал. Спиел во пештери и склоништа кои стратешки биле распоредени по неговата вечна маршрута, се хранел со она што ќе најдел, уловел или ќе прифател од добрнонамерните луѓе. Неговиот идентитет никој не го дознал иако се плетеле многу приказни и шпекулации. Се` до 1889 кога за последен 360. пат ја минал вечната патека зацртана во неговата глава и бил најден умрен од студ поради невообичаено острата зима таа година кога истрошената кожна облека не успеала да го спаси. Во пештерата била најдена библија на француски и некои писма и предмети, но идентитетот останал тајна. [IMG]https://lh4.googleusercontent.com/-m1WA63X2-sw/TXZL5Y7QzZI/AAAAAAAANmI/b3o9w_J0bq4/s640/Leather+man.jpg[/IMG] Подоцна откако влегол во локалниот фолклор новинари и истражувачи се обиделе да ја откријат тајната. Најпозната шпекулација била дека наводно бил роден во Лион, Франција под име Жил Бургле, каде работел како дрводелец. Голготата започнала откако се вљубил во некоја Маргарет Ларон и сакал да се ожени со неа. Бидејќи била од богато семејство, нејзиниот татко во склад со вредностите на своето време - одбил да дозволи брак но сепак решил да му даде шанса на Жил со тоа што би го вработил во својата кожарска фабрика. Ако Жил успеел да направи кариера за неколку години - ќе ја добиел и раката на Маргарет. Почетокот ветувал, Жил добро напредувал и стекнал доверба, само сакал да направи еден конечен потег со кој ќе го скрати времето за чекање на свадбата а тоа е вложување во купување големо количество кожа, очекувајќи цените да се наголемат драстично во наредниот период. Наместо тоа, на сцената се појавила нова техника на штавење која фабриката во која работел не ја поседувала и вредноста на набавката наместо да се наголеми, паднала за половина. Целата заштеда, довербата, големи пари од власникот и неговата љубов - исчезнале како никогаш да ги немало. Неможејќи да се соочи со новата реалност и пропаста на сите соништа - Жил по некое време исчезнал од Лион, а наскоро и од Франција. Приказната не кажува како стигнал до САД, но тоа и не е важно. Друга верзија го прави канадски француз кој избегал поради слични причини преку границата во САД. Жил станал Кожниот Човек, вртејќи го вечниот круг во својата совест и во шумите на државата Њу Јорк. Доброволно осамен до крајот на животот, изолиран од ситните и крупните животни задоволства и без надеж дека човечко срце ќе се осмели да го засака - заминал во вечноста и во меморијата на генерации локално население кое до денес ја прераскажувало наводната животна сторија на сосема реалниот Кожен Човек. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Забава
Досие X на форумот
Мистерии (генерална дискусија)
На врв
Bottom