Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Забава
Досие X на форумот
Мистерии (генерална дискусија)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Од многуте мистерии на морските длабочини, мистеријата за бродот кој се појавува и исчезнува околу `ртот на Добра надеж (Ј.Африка) е еден од најдолготрајните.

Холандската фрегата Де Флигенде Холандер на средината на 17.век се упатила за Источна Индија под водство на капетанот Хендрик Ван Дер Декер. Стигнувајќи до `ртот кој не е познат како премногу едноставен за пловење, посебно во тоа време кога на многу морнари им станал гроб, Хендрик решил да го преплови по секоја цена, што побрзо и покрај бурното време и струите кои му сметале на `Летечкиот холанѓанец`. Откако не успеал во првиот обид, упорен човек каков што бил се обидел повторно...и повторно...и повторно...залудно. Упорноста не секогаш се исплати и морнарите биле исцрпени и гневни а таа комбинација во тоа време често резултирала со побуна и висење на капетанот на ветренцето кое го ниша јажето на јарболот.

Капетанот свесен за тоа, решил да посегне по помош на малку....неортодоксен начин - повикувајќи го Ѓаволот лично да му асистира, откако Бог не направил премногу за да ги услиши молитвите.

Ѓаволот како ѓавол - помогнал ама барал потпис, со крв. Некои морнари, разочарани од про-сатанскиот договор на капетанот, во склад со своето време - го проколнале капетанот никогаш да не пристигне во ниедно пристаниште се` до крајот на светот и крајот на времето. Не им текнало дека со тоа и самите нема да стапнат на копно до судниот ден, веројатно и не биле најбистри...

Како и да е, откако го поминале `ртот, бродот, капетанот и екипажот - исчезнале. Нивната субдина останала непозната иако низ вековите се` до денес - глетката на Летечкиот холанѓанец е честа појава, за посуеверните морнари знак за претстоечки проблеми или соочување со тонење и смрт. Многу познати личности го виделе бродот-фантом како лута заробен во регионот околу `ртот - а понекогаш и нешто понатаму, меѓу кои и британскиот крал Џорџ V кој за време на едно пловење на крстосувач на британската морнарица јасно заедно со екипажот го забележал Холанѓанецот како плови пред нивниот брод на мало растојание, језива појава со искината едра и црвени светла на палубата.

Опседнати со оваа мистерија биле многу писатели и поети, а најпознат е композиторот Рихард Вагнер кој го овековечил бродот со својата опера - `Летечкиот холанѓанец`.

Постои и приказна за најбаксузниот морнар ever кој пловејќи со векови на Холанѓанецот - после многу перипетии некако успеал да избега од проколнатиот брод, да скокне во вода и да се надева на спас. А спасот дошол после неколку часа кога еден друг едреник го забележал морнарот и го избавил од водата. Наоѓајќи се безбедно на палубата и благодарејќи на морнарите кои го забележале и спасиле, морнарот прашал за името на бродот кој го пронашол. Одговорот бил - Марија Селеста...

[QUOTE="Outrider, post: 279118, member: 2887"] Од многуте мистерии на морските длабочини, мистеријата за бродот кој се појавува и исчезнува околу `ртот на Добра надеж (Ј.Африка) е еден од најдолготрајните. Холандската фрегата Де Флигенде Холандер на средината на 17.век се упатила за Источна Индија под водство на капетанот Хендрик Ван Дер Декер. Стигнувајќи до `ртот кој не е познат како премногу едноставен за пловење, посебно во тоа време кога на многу морнари им станал гроб, Хендрик решил да го преплови по секоја цена, што побрзо и покрај бурното време и струите кои му сметале на `Летечкиот холанѓанец`. Откако не успеал во првиот обид, упорен човек каков што бил се обидел повторно...и повторно...и повторно...залудно. Упорноста не секогаш се исплати и морнарите биле исцрпени и гневни а таа комбинација во тоа време често резултирала со побуна и висење на капетанот на ветренцето кое го ниша јажето на јарболот. Капетанот свесен за тоа, решил да посегне по помош на малку....неортодоксен начин - повикувајќи го Ѓаволот лично да му асистира, откако Бог не направил премногу за да ги услиши молитвите. Ѓаволот како ѓавол - помогнал ама барал потпис, со крв. Некои морнари, разочарани од про-сатанскиот договор на капетанот, во склад со своето време - го проколнале капетанот никогаш да не пристигне во ниедно пристаниште се` до крајот на светот и крајот на времето. Не им текнало дека со тоа и самите нема да стапнат на копно до судниот ден, веројатно и не биле најбистри... Како и да е, откако го поминале `ртот, бродот, капетанот и екипажот - исчезнале. Нивната субдина останала непозната иако низ вековите се` до денес - глетката на Летечкиот холанѓанец е честа појава, за посуеверните морнари знак за претстоечки проблеми или соочување со тонење и смрт. Многу познати личности го виделе бродот-фантом како лута заробен во регионот околу `ртот - а понекогаш и нешто понатаму, меѓу кои и британскиот крал Џорџ V кој за време на едно пловење на крстосувач на британската морнарица јасно заедно со екипажот го забележал Холанѓанецот како плови пред нивниот брод на мало растојание, језива појава со искината едра и црвени светла на палубата. Опседнати со оваа мистерија биле многу писатели и поети, а најпознат е композиторот Рихард Вагнер кој го овековечил бродот со својата опера - `Летечкиот холанѓанец`. Постои и приказна за најбаксузниот морнар ever кој пловејќи со векови на Холанѓанецот - после многу перипетии некако успеал да избега од проколнатиот брод, да скокне во вода и да се надева на спас. А спасот дошол после неколку часа кога еден друг едреник го забележал морнарот и го избавил од водата. Наоѓајќи се безбедно на палубата и благодарејќи на морнарите кои го забележале и спасиле, морнарот прашал за името на бродот кој го пронашол. Одговорот бил - Марија Селеста...:pusi [IMG]http://fc05.deviantart.net/fs70/i/2013/339/5/d/flying_dutchman_by_megser-d6wt06v.jpg[/IMG] [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Забава
Досие X на форумот
Мистерии (генерална дискусија)
На врв
Bottom