Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Дводимензионална уметност
Македонски сликари
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Вангел Коџоман (1904-1995)

Роден е на 14 фебруари 1904 година во Струга и сновното училиште го завршил во родениот крај во учебната 1914/15. Потоа го продолжил школувањето во Охридската гимназија, каде што матурирал во 1923/24. Уште како дете, Коџоман сакал да црта и таа љубов со време прераснала во страст. Тој цртал повеќе за себе, портретирајќи ги најчесто своите школски другари, со молив. Значајно влијание одиграл директниот допир со големите средновековни мајстори на фрескосликарството и иконите, кои имал можност да ги набљудува по многубројните цркви и манастири на Охрискиот и Струшкиот регион (Св. Климент, Св. Софија, Св, Наум).

Желбата за учење и за сликарство, зачната уште од најраното детство, била толку силна и Коџоман во 1924 година се запишал на Државната уметничка школа во Белград. Во периодот од 1924 и 1928 година го завршува Наставничкиот оддел на Уметничката кола во Белград. Во прва година го посетувал подготителниот курс, а во втора и трета година посетувал часови по вечерен акт и цртеж, а во четврта учел часови по акварел. Искуствата и љубовта кон акварелната техника, поуките од импресионистичката насока и искуствата за солиден и цврст цртеж го оформуваат ликовнот стил на Коџоман.

Во 1928 година, престојувал кратко во Италија, ги посетил Фиренца, Рим и Венеција и најголемо доживување за него била средбата со оригиналните дела на Ботичели, Тинторето, Тицијан, и др. Во 1929 година искача на својот прв настап на втората пролетна изложба на сликарските и скулпторските дела на југословенските уметници во Белград. Од 1931 до 1935 година работел како ликовен педагог во Охридската гимназија, а во 1935 година го положил професорскиот испит во Белград и станал професор на Реалната гимназија во Охрид. Во 1934 година станал член на Здружението на српските ликовни уметници и речиси редовно учествувал на пролетните изложби на сликарските и скулпторските дела на југословенските уметници и на есенските изложби на белградските уметници во Белград. Во 1938 година бил подготвен за прв самостоен настап и Друштвото на љубителите на уметноста "Јефимија" го организирала во Скопје во април 1938 г. Во наредните години учествувал на разни изложби во Белград како единствениот претставник од Македонија, а исто така, активно учествувал во културно-забавниот и спортскиот живот во Струга.

Во октомври 1944 г, стапил како воен сликар на должноста шеф на Одделот за пропаганда при Главниот штаб на Македонија и останал 6 месеци. Во 1945 година се вработил како професор во Средната художествена школа во Скопје, која во 1948 година прераснала во Училиште за применета уметност и тука останал се до 1952 г. Од 1952 г. па се до 1972 г. кога се пензионирал работел како професор на Вишата педагошка школа во Скопје и предавал сликарство и методика на ликовното воспитување. За време на својот четиримесечен студиски престој во 1955/56 г. во Париз, Коџоман ги посетувал секојдневно галериите и музеите, задржувајќи го своето внимание најмногу на делата од Лувр, одушевувајќи им се истовремено од творбите на Сезан, Ван Гог, Делакроа, Рембрант, и други класици.

Временски и по некои стилски карактеристики, неговото сликарство би можело да се класифицира во два поголеми периода: 1) на дела создадени во предвоениот, период се до крајот на петтата деценија на 20 век, во кои почнува со академски реализам и користење на некои поуки од постимпресионистичкото сликарство на белградската ликовна школа на 3-та и 4-та деценија; и 2) на дела создадени во периодот, условно земено, до 1950 г, осносно во текот на 6-та, 7-та и 8-та деценија, во кои пиктуралните преокупации на авторот доаѓаат во прв план, преку своеобразен колористички експресионизам со национална "обоеност", со користење на некои поуки на фовистичкото сликарство и понекогаш елементи со романтично-фантастичен призвук.

Тој изградува во своето сликарство традиционална иконографија на речиси сите класични сликарски мотивни актови - портрети, мртви природи, историски портрети и композиции, слики со социјален призвук и етнофолклорни елементи и др. Но, интересот за пејсажот е доминатен, пред се за пејсажот на родниот крај. Дела: Акт I, II, III, IV; Автопортрет I, II; Портрет на девојче; Портрет на мојата мајка; Каменоресци; Охридски полјак; Чинови I, II; Долап; Портрет на мојот татко; Минијатурен акт; Поглед на моето ателје I, II; Пченка; Кон Матка; Пејсаж; Мртва природа со дуњи; Пејсаж со жито; Описменета жена; Селанец од Нерези; Повик во борба; Војводата зборува; Ослободувањето на Скопје; Мотиви од Црн Дрим; Охридски мотиви во Охрид; На Вардар; Крај Вардар; итн.

Коџоман е најпознат по своите акварели, кои се изработени прецизно, со необично фини преливи. Глава на жена е најстариот зачуван експонант на Коџоман, работен по модел во акварелна техника, детални исликан, со назнаечен цртеж и реалистички конципиран. Друго дело зачувано е Струга со мотив од житниот пазар, скицозно разрешен со повеќе стилизирани фигури. Карактеристично за акварелите на Коџоман се белите непокриени површини, така што војата на четката само делумно е нанесена. Попознати акварели се Чунови I, II, III, IV каде што се забележува послободен третман во исликувањето на природните форми со впечатливи сини тонови. Водата како да се слева низ езерската површина преку успешно нанесената акварелна боја.

[ATTACH=full]16466[/ATTACH][ATTACH=full]16465[/ATTACH][ATTACH=full]16467[/ATTACH][ATTACH=full]16468[/ATTACH][ATTACH=full]16469[/ATTACH][ATTACH=full]16470[/ATTACH]

[QUOTE="MissChievous, post: 235993, member: 266"] [B]Вангел Коџоман[/B] (1904-1995) Роден е на 14 фебруари 1904 година во Струга и сновното училиште го завршил во родениот крај во учебната 1914/15. Потоа го продолжил школувањето во Охридската гимназија, каде што матурирал во 1923/24. Уште како дете, Коџоман сакал да црта и таа љубов со време прераснала во страст. Тој цртал повеќе за себе, портретирајќи ги најчесто своите школски другари, со молив. Значајно влијание одиграл директниот допир со големите средновековни мајстори на фрескосликарството и иконите, кои имал можност да ги набљудува по многубројните цркви и манастири на Охрискиот и Струшкиот регион (Св. Климент, Св. Софија, Св, Наум). Желбата за учење и за сликарство, зачната уште од најраното детство, била толку силна и Коџоман во 1924 година се запишал на Државната уметничка школа во Белград. Во периодот од 1924 и 1928 година го завршува Наставничкиот оддел на Уметничката кола во Белград. Во прва година го посетувал подготителниот курс, а во втора и трета година посетувал часови по вечерен акт и цртеж, а во четврта учел часови по акварел. Искуствата и љубовта кон акварелната техника, поуките од импресионистичката насока и искуствата за солиден и цврст цртеж го оформуваат ликовнот стил на Коџоман. Во 1928 година, престојувал кратко во Италија, ги посетил Фиренца, Рим и Венеција и најголемо доживување за него била средбата со оригиналните дела на Ботичели, Тинторето, Тицијан, и др. Во 1929 година искача на својот прв настап на втората пролетна изложба на сликарските и скулпторските дела на југословенските уметници во Белград. Од 1931 до 1935 година работел како ликовен педагог во Охридската гимназија, а во 1935 година го положил професорскиот испит во Белград и станал професор на Реалната гимназија во Охрид. Во 1934 година станал член на Здружението на српските ликовни уметници и речиси редовно учествувал на пролетните изложби на сликарските и скулпторските дела на југословенските уметници и на есенските изложби на белградските уметници во Белград. Во 1938 година бил подготвен за прв самостоен настап и Друштвото на љубителите на уметноста "Јефимија" го организирала во Скопје во април 1938 г. Во наредните години учествувал на разни изложби во Белград како единствениот претставник од Македонија, а исто така, активно учествувал во културно-забавниот и спортскиот живот во Струга. Во октомври 1944 г, стапил како воен сликар на должноста шеф на Одделот за пропаганда при Главниот штаб на Македонија и останал 6 месеци. Во 1945 година се вработил како професор во Средната художествена школа во Скопје, која во 1948 година прераснала во Училиште за применета уметност и тука останал се до 1952 г. Од 1952 г. па се до 1972 г. кога се пензионирал работел како професор на Вишата педагошка школа во Скопје и предавал сликарство и методика на ликовното воспитување. За време на својот четиримесечен студиски престој во 1955/56 г. во Париз, Коџоман ги посетувал секојдневно галериите и музеите, задржувајќи го своето внимание најмногу на делата од Лувр, одушевувајќи им се истовремено од творбите на Сезан, Ван Гог, Делакроа, Рембрант, и други класици. Временски и по некои стилски карактеристики, неговото сликарство би можело да се класифицира во два поголеми периода: 1) на дела создадени во предвоениот, период се до крајот на петтата деценија на 20 век, во кои почнува со академски реализам и користење на некои поуки од постимпресионистичкото сликарство на белградската ликовна школа на 3-та и 4-та деценија; и 2) на дела создадени во периодот, условно земено, до 1950 г, осносно во текот на 6-та, 7-та и 8-та деценија, во кои пиктуралните преокупации на авторот доаѓаат во прв план, преку своеобразен колористички експресионизам со национална "обоеност", со користење на некои поуки на фовистичкото сликарство и понекогаш елементи со романтично-фантастичен призвук. Тој изградува во своето сликарство традиционална иконографија на речиси сите класични сликарски мотивни актови - портрети, мртви природи, историски портрети и композиции, слики со социјален призвук и етнофолклорни елементи и др. Но, интересот за пејсажот е доминатен, пред се за пејсажот на родниот крај. Дела: Акт I, II, III, IV; Автопортрет I, II; Портрет на девојче; Портрет на мојата мајка; Каменоресци; Охридски полјак; Чинови I, II; Долап; Портрет на мојот татко; Минијатурен акт; Поглед на моето ателје I, II; Пченка; Кон Матка; Пејсаж; Мртва природа со дуњи; Пејсаж со жито; Описменета жена; Селанец од Нерези; Повик во борба; Војводата зборува; Ослободувањето на Скопје; Мотиви од Црн Дрим; Охридски мотиви во Охрид; На Вардар; Крај Вардар; итн. Коџоман е најпознат по своите акварели, кои се изработени прецизно, со необично фини преливи. Глава на жена е најстариот зачуван експонант на Коџоман, работен по модел во акварелна техника, детални исликан, со назнаечен цртеж и реалистички конципиран. Друго дело зачувано е Струга со мотив од житниот пазар, скицозно разрешен со повеќе стилизирани фигури. Карактеристично за акварелите на Коџоман се белите непокриени површини, така што војата на четката само делумно е нанесена. Попознати акварели се Чунови I, II, III, IV каде што се забележува послободен третман во исликувањето на природните форми со впечатливи сини тонови. Водата како да се слева низ езерската површина преку успешно нанесената акварелна боја. [ATTACH=full]16466[/ATTACH][ATTACH=full]16465[/ATTACH][ATTACH=full]16467[/ATTACH][ATTACH=full]16468[/ATTACH][ATTACH=full]16469[/ATTACH][ATTACH=full]16470[/ATTACH] [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Дводимензионална уметност
Македонски сликари
На врв
Bottom