Легенда
Една легенда (од латински збор, legenda, "нешта што треба да се читаат") е наратив на човековите дејства што, според раскажувачот и неговите слушатели, претставуваат дел од човековата историја и содржат одредена поука. Една легенда, за нејзините активни и пасивни ликови, не содржи настани што се надвор од „можното“ (дефинирано со прилично флексибилни параметри), и содржи чуда што „навистина се случиле“. Легендите претставуваат дел од традициите на одделните култури и со време се менуваат со цел да ја задржат својата свежината, виталноста и реализамот. Современите прераскажувања на легендата на Свети Ѓорѓи (во западните култури), на пример, прескокнува многу натприродни настани што биле централни во раните верзии, но кои со време изгубиле од својоткредибилитет. Урбаните легенди преземаат дел од карактеристиките на традиционалните легенди.Исто така во легендите има фантастични елементи(фантастичен начин на раскажување).
Предание
Усно пренесување на историски случувања, настани од минатото или животни искуства што се предаваат од поколение на поколение.
Легендата за мостот Елен Скок
Мостот Елен скок с. Могорче
Мостот Елен скок, изграден на Мала Река, наспроти селото Могорче, а шестотини метри од месноста Бошков Мост на регионалниот пат Гостивар-Дебар, со невообичаена градба, архитектура, материјалот со кој е граден и поставеноста во просторот го плени вниманието на посетителите. Многумина специјално доаѓаат и се воодушевуваат на мостот Елен скок и на волшебната убавина на природата. Бистрите и пенливи води на Мала Река, која ја сочинуваат Тресонечка и Гарска Река, целосно го има исполнето коритото. Така ќе биде во наредните месеци додека се топи снегот на планините Бистра и Стогово. Тука, од жителите на село Могорче, ја слушнавме и легендата за изградбата на мостот Елен скок, пренесувана од колено на колено од нивните предци.
Мостот бил изграден пред 3-4 века во спомен на загинувањето на еден волшебен и прекрасен елен. На планината Стогово, во непосредна близина на селото Могорче, ловџија од селото одејќи на лов пресретнал елен. Ја подигнал пушката за да пука. Но, кога еленот го погледал, сфатил дека еленот со топлиот поглед и ставот како да го моли да не пука, да не го убива. Ловџијата бил маѓепсан, ја спуштил пушката, се доближил до еленот и почнал да го гали, а тој со главата го гушкал и го изразил своето пријателство.
Така ловџијата и еленот се спријателиле и секој ден се дружеле. За средбите со еленот ловџијата им раскажал на селаните. Тие едно утро се упатиле да го бараат. Го сретнале и се обиделе да го фатат. Но, еленот почнал да бега и за да не стане плен на непознатите, се обидел да ја прескокне реката. Но, не успеал во тоа. Скокот бил за неколку педи пократок и ги скршил предните нозе. Во спомен на храброста и убавината на еленот, селаните на Могорче, кои биле прочуени мајстори, го соѕидале овој мост со невообичаена градба и архитектура.