Јас на пр. последен пат го посетив градот Истамбул. Градот претставува огромна метропола која е една од поубавите во Европа според мене. Преубавите погледи и крстарењето на Босфорскиот проток ми остави незаборавни моменти и впечатоци, потоа чаршијата во градот во која има многубројни продавници во кои што неможете да се одлучите што попрво на погледнете и одберете, Плавата џамија, Големата палата, Аја софија и многубројни други работи кои стварно вредеа да бидат посетени и ставени под внимание. Особено преубаво е чувството во ноќните часови каде што отидов на панорамско разгледување на градот кој беше преубав пред се Босфорскиот мост и останатите други работи кои здивот го одземаа. Незаборавен помин беше и доколку ми се овозможи шанса пак би го посетил!