Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Наука
Философија
Инспиративни текстови кои поттикнуваат размислување
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Пред дваесетина години возев такси за да заработам за живот. Еднаш, добив повик да земам патник сред ноќ. Пристигнав пред една зграда која беше потоната во мракот, освен еден мал прозорец на приземјето, низ кој се пробиваше слаба светлина.

Во вакви околности, повеќето возачи само ќе ѕирнеа, ќе почекаа не повеќе од минута или две, а потоа ќе заминеа. Но, сум видел многу сиромашни и беспомошни луѓе кои немаа избор освен да земат понекогаш такси. Па, иако ситуацијата мирисаше на опасност, јас сепак отидов до вратата. Можеби на патникот му е потребна мојата помош – си помислив, па отидов и тропнав.

“Само една минута” – ми одговори старечки, изнемоштен глас.

Можев да слушнам како нешто се влече по подот. По долга пауза, вратата се отвори. Пред мене стоеше една ситна старица во нејзините 80 – ти години. Беше облечена во фустан со шари, а во раката држеше најлонска кеса.

Станот изгледаше како да не живеел никој со години. Мебелот беше прекриен со чаршафи. Немаше часовници на ѕидовите, ниту предмети на полиците. Во аголот имаше кутија, исполнета со стари фотографии и стаклени предмети.

“Ќе ми помогнете ли да ја однесам мојата торба до автомобилот?” – рече таа. Ја однесов торбата до автомобилот, а потоа се вратив да и помогнам на старицата. Ја зедов под рака и полека се движевме по работ на тротоарот. Таа почна да ми се заблагодарува што и помагам.

“Тоа не е ништо – велам јас. Јас едноставно се обидувам да ги третирам сите жени, онака како што би сакал и мајка ми да биде третирана”

“Ох, па ти си навистина добро момче” – рече таа. Кога ја сместив на задното седиште, старицата ми подаде лист со адреса и ме праша дали може да возам низ центарот на градот.

“Но, тоа е подолгиот пат” – и одговорив брзо.

“Не ми пречи, јас и онака никаде не брзам” – ми одговори, a јас видов во ретровизорот дека очите и се полни со солзи.

“Јас немам семејство. Многу сум болна и лекарот рече дека нема да живеам долго” – почна да зборува.

Јас го исклучив таксиметарот и прашав: “Покажете ми каде сакате да ве возам?”

Следните два часа возевме низ градот. Таа ми ја покажа зградата во која некогаш работела. Возевме низ соседството каде таа и нејзиниот сопруг живееле кога биле млади. Ме однесе до еден стар магацин за мебел, кој некогаш бил сала за танцување и каде таа била најпопуларна девојка, која преубаво танцувала. Ми раскажуваше за минатите денови, за нејзината младост, а очите и искреа како повторно да ги преживува најубавите моменти од нејзиниот живот. Понекогаш ќе ми речеше да застанам покрај некоја зграда или агол, а таа седеше во тишина, не изустувајќи ништо.

Кога се појави првиот зрак на утрото, над хоризонтот тивко ми рече: “Уморна сум, ајде да одиме сега”.

Возевме во тишина до адресата што ми ја даде.

Пристигнавме пред една ниска градба, со патека која водеше до голем трем. Две болничарки излегоа од куќарката, веднаш штом застанавме. И помогнаа да излезе и внимателно ја седнаа во инвалидска количка. Јас и ја подадов најлонската торба, а таа ме праша:

“Колку ти должам?” – завирувајќи со збрчканата дланка во торбата.

“Ништо” – реков.

“Но треба да заработиш за живот” – ме прекори.

“Постојат и други патници” – се намевнав.

Речиси без размислување, се наведнав и ја прегрнав. Таа ме држеше цврсто.

“Ти и даде на една старица момент на радост. Ти благодарам.” – прошепоти.

Ја стиснав нејзината изнемоштена рака уште еднаш, а потоа таа влезе во куќарката. Зад нејзе се затвори вртата. Тоа беше звукот на затварање на еден живот.

Повеќе не качив ниеден патник, тој ден. Возев бесцелно, изгубен во мислите. Остатокот од денот го поминав во молчење и тишина. Што ако таа старица налеташе на некој нервозен возач или некој нестрплив да ја заврши својата смена? Што ако не тропнев на вратата и си заминев, без да ја почекам? Чувствував како никогаш да не сум сторил ништо поважно во мојот живот. Ние мислиме дека сме среќни кога животот се врти околу нашите убави моменти. Но најубавите случувања се секогаш поврзани со другите. Можеби не дочекуваат неспремни, можеби за нас се само ситница, но некому му значат се.

Затоа свртете се околу себе. Таму секогаш има некој на кој му треба вашата помош. Тоа не мора да е нешто големо… може да е убав збор, прегратка, насмевка или стисок на старечка рака. Така ќе знае дека не е сам, а тоа живот значи!

[QUOTE="Avona Vi, post: 74972, member: 196"] Пред дваесетина години возев такси за да заработам за живот. Еднаш, добив повик да земам патник сред ноќ. Пристигнав пред една зграда која беше потоната во мракот, освен еден мал прозорец на приземјето, низ кој се пробиваше слаба светлина. Во вакви околности, повеќето возачи само ќе ѕирнеа, ќе почекаа не повеќе од минута или две, а потоа ќе заминеа. Но, сум видел многу сиромашни и беспомошни луѓе кои немаа избор освен да земат понекогаш такси. Па, иако ситуацијата мирисаше на опасност, јас сепак отидов до вратата. Можеби на патникот му е потребна мојата помош – си помислив, па отидов и тропнав. “Само една минута” – ми одговори старечки, изнемоштен глас. Можев да слушнам како нешто се влече по подот. По долга пауза, вратата се отвори. Пред мене стоеше една ситна старица во нејзините 80 – ти години. Беше облечена во фустан со шари, а во раката држеше најлонска кеса. Станот изгледаше како да не живеел никој со години. Мебелот беше прекриен со чаршафи. Немаше часовници на ѕидовите, ниту предмети на полиците. Во аголот имаше кутија, исполнета со стари фотографии и стаклени предмети. “Ќе ми помогнете ли да ја однесам мојата торба до автомобилот?” – рече таа. Ја однесов торбата до автомобилот, а потоа се вратив да и помогнам на старицата. Ја зедов под рака и полека се движевме по работ на тротоарот. Таа почна да ми се заблагодарува што и помагам. “Тоа не е ништо – велам јас. Јас едноставно се обидувам да ги третирам сите жени, онака како што би сакал и мајка ми да биде третирана” “Ох, па ти си навистина добро момче” – рече таа. Кога ја сместив на задното седиште, старицата ми подаде лист со адреса и ме праша дали може да возам низ центарот на градот. “Но, тоа е подолгиот пат” – и одговорив брзо. “Не ми пречи, јас и онака никаде не брзам” – ми одговори, a јас видов во ретровизорот дека очите и се полни со солзи. “Јас немам семејство. Многу сум болна и лекарот рече дека нема да живеам долго” – почна да зборува. Јас го исклучив таксиметарот и прашав: “Покажете ми каде сакате да ве возам?” Следните два часа возевме низ градот. Таа ми ја покажа зградата во која некогаш работела. Возевме низ соседството каде таа и нејзиниот сопруг живееле кога биле млади. Ме однесе до еден стар магацин за мебел, кој некогаш бил сала за танцување и каде таа била најпопуларна девојка, која преубаво танцувала. Ми раскажуваше за минатите денови, за нејзината младост, а очите и искреа како повторно да ги преживува најубавите моменти од нејзиниот живот. Понекогаш ќе ми речеше да застанам покрај некоја зграда или агол, а таа седеше во тишина, не изустувајќи ништо. Кога се појави првиот зрак на утрото, над хоризонтот тивко ми рече: “Уморна сум, ајде да одиме сега”. Возевме во тишина до адресата што ми ја даде. Пристигнавме пред една ниска градба, со патека која водеше до голем трем. Две болничарки излегоа од куќарката, веднаш штом застанавме. И помогнаа да излезе и внимателно ја седнаа во инвалидска количка. Јас и ја подадов најлонската торба, а таа ме праша: “Колку ти должам?” – завирувајќи со збрчканата дланка во торбата. “Ништо” – реков. “Но треба да заработиш за живот” – ме прекори. “Постојат и други патници” – се намевнав. Речиси без размислување, се наведнав и ја прегрнав. Таа ме држеше цврсто. “Ти и даде на една старица момент на радост. Ти благодарам.” – прошепоти. Ја стиснав нејзината изнемоштена рака уште еднаш, а потоа таа влезе во куќарката. Зад нејзе се затвори вртата. Тоа беше звукот на затварање на еден живот. Повеќе не качив ниеден патник, тој ден. Возев бесцелно, изгубен во мислите. Остатокот од денот го поминав во молчење и тишина. Што ако таа старица налеташе на некој нервозен возач или некој нестрплив да ја заврши својата смена? Што ако не тропнев на вратата и си заминев, без да ја почекам? Чувствував како никогаш да не сум сторил ништо поважно во мојот живот. Ние мислиме дека сме среќни кога животот се врти околу нашите убави моменти. Но најубавите случувања се секогаш поврзани со другите. Можеби не дочекуваат неспремни, можеби за нас се само ситница, но некому му значат се. Затоа свртете се околу себе. Таму секогаш има некој на кој му треба вашата помош. Тоа не мора да е нешто големо… може да е убав збор, прегратка, насмевка или стисок на старечка рака. Така ќе знае дека не е сам, а тоа живот значи! [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Наука
Философија
Инспиративни текстови кои поттикнуваат размислување
На врв
Bottom