Зимски салон

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
На 05.02.2014 година се одржа 15-тиот Зимски салон во галеријата Мала станица. Покрај домашни автори (38 на број), изложуваа дела и 33 автори од странство и тоа од 10 земји: Турција, Србија, Бугарија, Косово, Р Српска, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Црна Гора и Австрија. Делата кои беа изложени имаа директна врска со дадена тема под наслов "Тело што помни".

Тело што помни.jpg

Еве неколку информации поврзани со традицијата на Зимскиот салон превземени од mkd.mk: "Зимскиот салон на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) е единствена ликовна манифестација од тој вид во нашата земја. Замислен и основан во 1991 година како ликовна посебност со свои правила и критериуми, новата појава во културниот живот беше прифатена со широка љубопитност и обилна медиумска поткрепа. Денешната физиономија на Зимскиот салон ги има задржано основните карактеристики: професионалност, строга селекција на учесници, квалитетен каталог и соодветна медиумска покриеност. Почнувајќи од 2003 година, наградата „Гран-при“ ја овозможува Министерството за култура на Република Македонија, а од 2006 година ДЛУМ ја вградува темата на Зимскиот салон, со што ги ангажира уметниците на индивидуален творечки чин кој нуди широки асоцијации од случувањата во нашето современо урбано живеење."

Оваа година "Гран-при" наградата ја доби Жарко Башески за своето дело "Венера".

Venera 1.jpg Venera 2.jpg

Да напоменам дека оваа скулптура е одприлика околу 2 метра висока и за време на отворањето на Салонот, имаше поставено мини камера на челото и можевме да го гледаме "нејзиниот видик" преку камерата.

Без разлика дали сте ја посетиле изложбата можеме да подискутираме пред се околу ова дело. Што мислите за него? Што ве фасцинира или одбива кај него? Која е главната поента?

Еве во прилог неколку слики од други приложени дела на Салонот:

"Автоартистично тренирано распетие" , автор: Микица Трујановиќ

автоартистично тренирано распетие.jpg

"Надвор од кадарот" , автор: Костантин Качев

надвор од кадарот костантин качев.jpg

"Spei Esse Reliquum" , автор: Синиша Кашавелски

Spei Esse Reliquum Синиша Кашавелски.jpg
"Без наслов" , автор: Јовица Мијалковиќ

Без наслов Јовица Мијалковиќ.jpg

"Иднина", автор: Стојан Дурланов

Иднина Стојано Дурланов.jpg

Се надевам дека темава (иако доцна отворена) ќе побуди интерес кај некого да ја посети изложбата НАБРЗО додека сеуште е отворена. Насловот "Тело што помни" поставува неколку прашања: "Како уметникот го разбира своето тело? Како неговото тело станува уметничко дело? Како телото на другиот станува уметничко дело? Како телото станува „јавно тело“?"
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead and Prashina