Пред неколку денови мојата суета се здоби со врели шлаканици и клоци во задникот, слушајќи муабети за должина на женското здолниште. Излагањево нема допирна точка со буквална должина на здолништето, но наликува на муабетот - колку е долга чергата, толку ќе ја пуштиш. Затоа секогаш кога слушам муабети од посилниот пол за девојка и нејзиното "идеално" битосување во и надвор од домот, ми горат вени.
Прво Драги мои, пред да наградите девојка со епитети како припроста и сељанка, ќе престанете со користење на двојни стандарди. Еднаш Вашата совршена девојка е онаа која е паметна и убава што знае да готви и при тоа ве дочекува во вашите омилени подвезници во кујна, секогаш средена, миризлива и насмеана.
Но, кога станува збор за средени девојки кои ги гледате на сепаре и се ложите на нив, кога целата ваша крв е симната во половото подрачје, тогаш вашата плитка логика брзо проработува и донесува заклучок дека станува збор за сељанки кои преку ден лупат кромид, со постојано дневно мени на јадење ајвар.
Да не се збуните, на старт ќе ви објаснам пар ствари.
Јас сум од Скопје, израсната во една од најурбаните населби и излегувам во град, како што менувам долен веш, а тоа верувајте е навистина често. При тоа кога ја посетувам нашата преполна и "помпезна метропола" обраќам внимание до најситни детали, без разлика тоа што промилите на алкохол во крвта ми врескаат и ме предупредуваат дека наредна чаша вино е навистина too much.
Во такви моменти јас седам во задушливи простории, некогашно од цигари, поново од мишки и јаки парфеми кои се чистилиште за плитки џебови и анализирам. Ја анализирам секоја девојка која ќе помине, која облекла свое најдобро здолниште и заминала во потрага по посилна половина, надевајќи се вечерва на добитна комбинација.
Дали навистина мислите дека сите тие се "дами" кои не фаќаат кутлача по дома, уште помалку крпи за прашина? Сметате ли дека освен пиење и дискотеки, длабоко деколте и трачеви, за друго не се интересираат? Или сметате дека најголем дел од нив треба да се закопаат меѓу тенџериња и тави за да станат привлечни како газ на монахиња?
Пред да ми одговорите, суштината е ваква. Секоја девојка која посветува внимание на себе и на својата околина се грижи за домот. Тоа подразбира - пружање на алишта, готвење, перење, чистење, лупење кромид, барање рецепти и јадење ајвар. Која е таа будала да ми рече дека ако сакам да седнам на сепаре треба да јадам кавијар или да пијам виски, а да се откажам од малиџано и туршија?
Кога вредностите како посветување во кујна и барање на состојки за подобра арома и вкус на манџа се синоним за сељачизам и пештерско однесување?
Затоа кога ќе го завршам со сласт јадењето туршија и дневни обврски, лично се наградувам со посветено време на себеси, а тоа подразбира - лакирање на нокти, пеглање на коса, шминкање, шопинг и време со либето, во град, на кафе, во дискотека, или во кафана.
Кога бев сингл и кога ќе ми пријдеше начукана будала која мисли дека целосниот труд на скоцканост во град се купува со една пијачка и муабет "Шо ќе пиеш", застанувал веднаш зад црвена линија. Зошто?
Прво е сељак, не онаков од село, туку во однесување и пристап. Второ, освен брз секс и во најдобар случај превоз до дома, зарем таквиот е способен да понуди друго? Не верувам, а кога би, не би приоѓал на таков излитен и клише начин. Затоа разменувањето на телесни течности и продолжување по сопствен пат на непрераскажливи моменти кај мене е одамна отпишано. Едноставно таквите луѓе се родени да бидат заборавени.
И трето, кое е најчесто - Таквата будала знае да биде нападна и кога ќе го одбиеш на директен и нефлексибилен начин ти во негови очи прераснуваш во цитирам - "Сељанка која дневно лупи кромид и прави манџи, а навечер е девојка на 15ка штикла со најнови панталочниња купени на последна распродажба".