Град во облаците” е архитектонски дизајнерски концепт за футуристички град кој би се наоѓал во Лондон. Концептот е развиен од бугарскиот архитект Цветан Тошков кој работи во Лондон. Проектот е имагинарна тивка оаза издигната над загадениот град каде може да се избега од секојдневната бучава, стресот и нечистотијата. Целиот концепт на Тошков е инспириран од цветот на лотос, цвет кој има способност да се издигне со сета убавина над загадените и темни води.










