Драма (генерална дискусија)

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Драма е посебна форма на литературно дело, наменета за изведување. Поимот доаѓа од грчки збор што значи „дејствие“ (Старогрчки: δρᾶμα, драма), кој пак е изведен од глаголот „прави“ (Старогрчки: δράω, дран).Драмата е во тесна врска со театарот, односно се изведува на сцена пред публика, што подразбира продукциска соработка и колективен облик на прием.
Класичната атинска трагедија Цар Едип (околу 429 пред н.е.) од Софокле и ренесансната трагедија Хамлет (1601) од Вилијам Шекспир се сметаат за ремек-дела на уметничката драма.
Двете маски поврзани со драмата ја претставуваат традиционалната видовна разлика помеѓу комедијата и трагедијата. Тие се симболи на старогрчките музи, Талија и Мелпомена. Талија е музата на комедијата (насмеаното лице), додека Мелпомена е музата на трагедијата (тажното лице).

Драмски видови се:

1. трагедија:
античка;
ренесансна;
псевдо-класична.

2. комедија
:
комедија на карактери;
комедија на нарави;
комедија на интрига;
комедија дел арте;
фарса;
гротеска.

3. трагикомедија:

трагична комедија;
комична трагедија.

4. драма во потесна смисла на зборот:

романтична;
општествена (граѓанска);
антидрама (драма на апсурдот).


Кои се вашите омилени драмски дела, автори на драмски дела, ликови кои би ги издвоиле?
И се разбира, зошто токму тие?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheFrisb

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Платон во рамките на својата естетика не го сместил високот достигнување на античката уметност - трагедијата; човештвото, не умеејќи со разумот да ги заузда страстите и да живее среќно, не треба да ги намножува своите страдања преку сликање на трагедијата на сцена: трагедијата не причинува задовоства; таа е беда и камшик за луѓето. Платон се откажува да ја прими трагичната муза во државата, бидејќи тоа би значело допуштање во неа да царува страдањето наместо мудри закони.
Аристотел високо ја ценел трагедијата како врв на уметноста. Овој поглед му соодветствува на водечкото место кое трагедијата го имала во античката уметничка култура. "Трагедијата е подражавање не на луѓето, туку на дејството и на животот, и на среќата и на злото" (Аристотел. Поетика, IX, 1450 а). Трагедијата го репродуцира преминот на човекот од среќа кон несреќа. "[Трагедијата] е подражавање не само на завршено дејство, туку и на страшното и жалното, а ова последното произлегува особено тогаш кога ќе излезе неочекуваното и уште повеќе ако се случи наспроти очекувањето едно, благодарение на друго, зашто на таков начин зачудувачкото ќе добие поголема сила отколку ако тоа би се случило само по себе и случајно, па така од случајното најзачудувачко се смета се она што се претставува како да се случило со намера, на пример, настанот кога статуата на Митиј во Агрос го убила виновникот за смртта на тој Митиј која паднала врз него во време кога тој ја набљудувал; се чини дека сите овие работи се случувале со некаква цел" (Исто, IX, 1452 а). Трагедијата е подражавање на важно и завршено дејство кое има определен обем, подражавање на речта, во секој од своите делови различно украсена со посредство на дејството, а не на тасказот кое се извршува благодарение на страдањето и стравот од слични ефекти (Исто, VI, 1449 б). Тоа е катарзичко влијание на очистување на душата на гледачот со посредство на стравот и страдањето произлезени од трагичните дејства. Во сфаќање за катарзисот Аристотел внесувал морална и естетска смисла и тоа за него означувало целосно просветлување на душата на човекот. Трагедијата има спознавачко значење и врши воспитувачко, мотално-естетско влијание. Аристотел го поставува прашањето за карактерот на трагичниот херој: "страдањето се појавува кај невино несреќниот, а стравот пред несреќата на сличниот на нас"; трагичниот херој "не се разликува (особено) со добродетел и справедливост и запаѓа во несреќа не заради својата недостојност и порочност, туку по некаква греша тогаш кога предходно бил со голема чест и среќа, како на пример Едип, Фиест и истакнатите ица на слични родови" (Исто, XIII, 1453). Аристотел ја обележува синтетичката природа на трагедијата во која сценските средства се соединуваат со впечатливата сила на музиката и другите уметности.
За Буало трагедијата е "трагедија на страдањата". Страдањето на херојот чии постапки имаат морално оправдување се одразува врз естетското влијание на трагедијата. Таа, "забавувајќи не со липање", "трогнува" и "предизвикува сочувство", зашто трагичниот херој дејствува или од незнаење (на пример, Едип), или ја испитува грижата на совеста (на пример, Орест) или, јавувајќи се како "престапник без своја волја", ги испитува "добродетелните" страдања (на пример, Федра).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Треба да ја читам Дон Џуан и љубовта кон геометријата од Марк Фриш. И треба да ја интерпретирам. Треба да има раскажување, карактеристика на личности, сместување во литературната книжевност стил и јазик за авторот... И неам поима како да почнам