Да, тоа е најлошото "јас"

Alaysa

Полноправен Член
17 декември 2015
68
15
18
Вака значи јас сум нова, хајј (wave) и незнам дали ова е дупла тема така да се извинувам ако тоа е така :sram сепак имам една цел за темава, сакам да знам колку сте искрени и колку можете да ги покажете вашите прелоши карактеристики на карактерот ( Озборувате, љубомора, да си желен да бидеш секогаш прв, да навредуваш оние што се пониско од тебе итн.) П.с Темава ја напишав во женски род :p али нормално важи и за машките форумџии :igra
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Колку сум искрен? Види, тоа јас, вака, со мојот светоглед мислам дека поприлично сум искрен. Тоа не значи дека сѐ што ми стои, го кажувам така како што го мислам. Во тој случај би ме сметале за луд. Сите имаме вграден филтер за информации, само тие што се во Демир Хисар и слични установи го имаат ставено на 0% тој филтер. Обично мојата искреност ја ставам во плакар како да е швалер кога ќе видам дека тоа што го мислам може да расплачи некого. Исто така ја ставам во плакар кога сфаќам дека ако го кажам нештото како што го мислам, ризикувам да изгубам некого/нешто.
Колку сум искрен? Веројатно на скала од 1 до 5, би си ставил 3.
Сепак, за нашата искреност најубаво е да ги прашаме другите што мислат. Да не заборавиме дека постојат луѓе кои си веруваат во сопствените лаги, па сѐ што кажуваат сметаат за апсолутна вистина...а сите околу нив се свесни дека се здробуваат од лажење :) Можеби несвесен сум дека сум дел од нив...
Колку можам да ги покажам моите негативни особини? Колку што некој може да ги извади од мене, толку јас можам да ги покажам :)