Гравитација

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Поради немање соодветно место за темава, ставена е во Општи Муабети, па после нека ѝ го наоѓа крајот некој модератор (ако има желба).

Гравитацијата е еден од феномените за кои науката сеуште нема егзактен и комплетен одговор. Откако Исак Њутн (претпоставувам сите знаат за приказната со јаболкото) ја „открил“ гравитацијата, нејзиното објаснување претставува проблем. Нешто подоцна (добро де, малку појќе) е создадена една теорија која што вели дека постојат честици кои немаат маса, се викаат гравитони и се „носители“ на гравитацијата. Но оваа теорија уште веднаш наишла на прашања за кои не понудила одговор, но во целост се вклопува со класичната физика.
Друго објаснување дал Ајнштајн во неговата Теорија на релативност. Тој воведува нешто што дотогаш никој не можел ни да замисли. Ајнштајн во својата теорија објаснува дека време-просторот всушност има форма и гравитационата сила е сила која што дејствува врз формата на време-просторот и го менува во согласност со јачината.
Во поново време е воведен поим Брзина на гравитацијата и мерењата покажуваат дека брзината на гравитацијата е иста како и брзината на светлината.

Има уште неколку теории околу овој проблем, но овие две се најблизу до одговорот па затоа само тие ги споменав.

Прашањето околу оваа тема е, како вие ја замислувате гравитацијата? Како мислите дека дејствува и зошто баш така?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Јас гравитацијата ја замислувам како сила слична на магнетната сила... или можеби слична со некоја друга физичко хемиска сила... нешто што делува, влијае на нас во секој момент и баш поради тоа сме навикнати на неа и таа е како дел од нас, не ја гледаме но псотојано ги чувствуваме нејзините ефекти. Колку би ни било чудно да нема гравитација, би биле поинакви, би отстапиле од она за нас нормалното.
Дејствува онака како што е предодредена со законите на природата во рамнотежа со сите други дејствија... не влече надоле како би можеле да бидеме условно нормални луѓе...
оу мај гат - објаснувањава ми се како на дете од прво оделение... малку знам за гравитацијата... не сум стручно поткована... се надевам некој ќе ме просветли подоле : )

Бобо добра тема : )
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@Марија
Споредено со магнетната сила, гравитационата се разликува во неколку погледи.
- Магнетната влијае на својството на самата материја, гравитационата директно на формата на времепросторот.
- Магнетната може да биде привлечна (меѓу различни магнетни полови) или одбивна (меѓу истозначните полови) додека гравитационата досега не е забележано да делува како одбивна сила.
- Постојат материјали наречени Дијамагнетици кои што се „отпорни“ на магнетната сила, т.е. векторот на магнетното поле не минува низ нив (па ако јачината на овој вектор е доволно голема да ја совлада гравитационата сила, тогаш објектот може да левитира). За разлика од нив, од гравитационата сила нема спас, секое тело во универзумот е подложно на гравитацијата па дури и фотоните : )

Она што е заедничко е дека векторите на полињата од двете сили во секоја точка од универзумот мораат да бидат еднозначно определени и никогаш не смее да се јави во една точка да коегзистираат повеќе вектори на полето (пример во некоја точка не смее да има два вектори на магнетно/гравитационо поле). Ова според мене е нешто како заштитен механизам на универзумот со цел да се избегне хаос.

Сеа малку збунувачки може делува ова со вектори на полето, ама ако е нешто нејасно прашај па ќе се обидам да разјаснам (или некој друг ако се чувствува подготвен да одговори, слободно).