Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Колумни
Во темнината на ноќта мојата младост ја бара светлината на денот
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Ноќ е.. Седнатa во мојата соба, прилепенa до отворениот прозорец, внимателно и посветено ги набљудував скромните , но весели танци на ѕвездите, кои несебично сакаат барем за нијанса да ја осветлат мрачната небесна темнина, која доколку би ги немало нив, таа со својата сила и големина би не покрила сите.

Набљудувајќи го ѕвездениот сјај, заслепена од природната бескрајна убавина, светлина, нежност, занесена од илјадниците идеи, прашања и желби, расфрлани во мојата глава, започнав одговори да барам токму од нив, од ѕвездите.

Почувствував сигурност, почувствував доверба, како да ги разбираа моите зборови, како нашиот разговор да не беше залуден, се обидуваа да ми кажат нешто, да разберам некои веројатно важни работи, затоа што постојано се навраќаа на истите нежни трепкања кои значеа топли зборови со огромно значење...

Долго време разговарав со нив, но времето како да одлета, ниту го сетив, ниту ми беше јасно како за миг почна да се разденува... Во тој момент морав да се збогувам со моите „пријатели“ ѕвездите, да го затворам прозорецот и да легнам во својот кревет.

Релативно задоволна, со насмевка на лицето, поттикната од долгиот разговор на теми кои ме измачувале и не сум можела да најдам некој што ќе ме исслуша и помогне , знаев дека од сега не сум сама, имам верни слушатели кои секогаш ќе бидат подготвени да го слушнат она што ќе имам да им го кажам, ќе бидат трпеливи и ќе ме „советуваат“ на најдобар начин..

Иако задоволна и среќна, во мене имаше нешто што постојано ме мачеше, не ми даваше мир, а ниту спокој.. Покрај темнината на ноќта, постоеше друга, поголема, подлабока темнина, темнина во душата.. Во душата на еден млад човек.

Ноќта е на некој начин прибежиште, каде човекот се затскрива со своите проблеми, грижи, двоумици во нејзините темни прегратки и бара спокој, мир...

Можеби шепотот на ѕвездите, немиот, весел, танц, нежните трепкања сакаа да ми кажат нешто токму за ова.. Можеби сакаа да разберам дека темнината во која живееме не е последица на ноќта, не е последица на времето, туку предизвикана е токму од нас.

Ние, „виновниците“ за сопствената мамка, за темнината на ноќта, а воедно и целиот живот, сме луѓе кои сме на пат да ја загубиме надежта и вербата за доброто, вистинското, правилното, вредното, значајното, темелното.. Ние, млади луѓе со книга наречена живот, со страници полуиспишани и празни, не смееме да се загубиме во темнината на ноќта, затоа што секогаш може да се најде светлината на денот.

Живеејќи во свет, каде материјалното ги засенува очите, ги прелажува чувствата и изнудува заблуда во разумот, младиот човек честопати се наоѓа во ситуација каде ги губи сопствените идеали, заборава на моралот и принципите, заборава на искрената насмевка и зборови кои бездруго се најдобар амбасадор и преговарач во име на човекот, клуч за отворање на значајни порти, животни патишта, остварување на целите, плановите и очекувањата.

Жално е младиот човек да се загуби во темнината на ноќта.. Жално е да не може да го слушне сопствениот глас, гласот на потсвеста кој му кажува дека греши, дека избира погрешна патека, а сепак овој не може да го слушне, а ниту разбере.

Размислувам, се прашувам, но одговор немам.. Каде е свеста на младиот човек? Каде е светлината на денот? Парите купуваат, удоволуваат, но не усреќуваат. Среќата е во малите нешта само треба да знаеме да ја пронајдеме. Она што се купува со пари не е трајно, тоа што има цена не е вечно. Дали со пари може да се купи љубовта, радоста, здравјето? Дали со материјалното богатство се храни душата?! Најубавите, најзначајните работи во животот се ГРАТИС!

Јас не сакам да сум како многуте млади луѓе задушени во својата пропаст, изгубени во дупките кои самите ги копаат на штета нивна.. И покрај темнината на ноќта, мојата младост ја бара светлината на денот... И ќе ја најде, знам дека ќе ја најде..

Ако младината не е доволно свесна за своите постапки, ако не е доволно свесна за своите чекори, кој ќе ни се секира за нашата иднина, за светлите денови кои треба да ги искроиме онака како што ние сакаме...

Како што знам јас, знам дека знаете и вие, знам дека го чувствувате она што го чувствувам и јас, сигрна сум дека го сакате она што го сакам и јас. Сите сакаме исто, искажано на различни начини, но тоа суштинското, тоа главното, тоа битното, тоа е она вистинското кое е заедничко, кое не води, не тера да продолжиме понатака и да не се откажеме. Не тера да ризикуваме и да се жртвуваме, но тие жртви се наши жртви, се работи за нас, за нашата иднина, за иднината на нашите деца, за се. Дали ќе потпаднеме под црната магија, дали ќе им потклекнеме на предизвиците и слатките, но горки и лажни предизвиди или гордо, достоинствено ќе извојуваме победа, победа над погрешното, над лажното, над темното?!

Затоа што светлината може да ја победи темнината, затоа што светлината јасно ни го покажува патот на животната приказна, не води, ни ги отвара вратите на сигурната иднина, не штити, не чува, не бодри и учи да ја надминеме и да не пропаднеме во темнината.. Во темнината на животниот пропаст, која е многу поголема од темнината на ноќта.

[QUOTE="Еммаа, post: 229818, member: 2842"] [SIZE=3]Ноќ е.. Седнатa во мојата соба, прилепенa до отворениот прозорец, внимателно и посветено ги набљудував скромните , но весели танци на ѕвездите, кои несебично сакаат барем за нијанса да ја осветлат мрачната небесна темнина, која доколку би ги немало нив, таа со својата сила и големина би не покрила сите.[/SIZE] [SIZE=3] Набљудувајќи го ѕвездениот сјај, заслепена од природната бескрајна убавина, светлина, нежност, занесена од илјадниците идеи, прашања и желби, расфрлани во мојата глава, започнав одговори да барам токму од нив, од ѕвездите. [/SIZE] [SIZE=3] Почувствував сигурност, почувствував доверба, како да ги разбираа моите зборови, како нашиот разговор да не беше залуден, се обидуваа да ми кажат нешто, да разберам некои веројатно важни работи, затоа што постојано се навраќаа на истите нежни трепкања кои значеа топли зборови со огромно значење... [/SIZE] [SIZE=3]Долго време разговарав со нив, но времето како да одлета, ниту го сетив, ниту ми беше јасно како за миг почна да се разденува... Во тој момент морав да се збогувам со моите „пријатели“ ѕвездите, да го затворам прозорецот и да легнам во својот кревет. [/SIZE] [SIZE=3]Релативно задоволна, со насмевка на лицето, поттикната од долгиот разговор на теми кои ме измачувале и не сум можела да најдам некој што ќе ме исслуша и помогне , знаев дека од сега не сум сама, имам верни слушатели кои секогаш ќе бидат подготвени да го слушнат она што ќе имам да им го кажам, ќе бидат трпеливи и ќе ме „советуваат“ на најдобар начин.. [/SIZE] [SIZE=3]Иако задоволна и среќна, во мене имаше нешто што постојано ме мачеше, не ми даваше мир, а ниту спокој.. Покрај темнината на ноќта, постоеше друга, поголема, подлабока темнина, темнина во душата.. Во душата на еден млад човек.[/SIZE] [SIZE=3]Ноќта е на некој начин прибежиште, каде човекот се затскрива со своите проблеми, грижи, двоумици во нејзините темни прегратки и бара спокој, мир... Можеби шепотот на ѕвездите, немиот, весел, танц, нежните трепкања сакаа да ми кажат нешто токму за ова.. Можеби сакаа да разберам дека темнината во која живееме не е последица на ноќта, не е последица на времето, туку предизвикана е токму од нас.[/SIZE] [SIZE=3] Ние, „виновниците“ за сопствената мамка, за темнината на ноќта, а воедно и целиот живот, сме луѓе кои сме на пат да ја загубиме надежта и вербата за доброто, вистинското, правилното, вредното, значајното, темелното.. Ние, млади луѓе со книга наречена живот, со страници полуиспишани и празни, не смееме да се загубиме во темнината на ноќта, затоа што секогаш може да се најде светлината на денот. [/SIZE] [SIZE=3]Живеејќи во свет, каде материјалното ги засенува очите, ги прелажува чувствата и изнудува заблуда во разумот, младиот човек честопати се наоѓа во ситуација каде ги губи сопствените идеали, заборава на моралот и принципите, заборава на искрената насмевка и зборови кои бездруго се најдобар амбасадор и преговарач во име на човекот, клуч за отворање на значајни порти, животни патишта, остварување на целите, плановите и очекувањата.[/SIZE] [SIZE=3]Жално е младиот човек да се загуби во темнината на ноќта.. Жално е да не може да го слушне сопствениот глас, гласот на потсвеста кој му кажува дека греши, дека избира погрешна патека, а сепак овој не може да го слушне, а ниту разбере.[/SIZE] [SIZE=3]Размислувам, се прашувам, но одговор немам.. Каде е свеста на младиот човек? Каде е светлината на денот? Парите купуваат, удоволуваат, но не усреќуваат. Среќата е во малите нешта само треба да знаеме да ја пронајдеме. Она што се купува со пари не е трајно, тоа што има цена не е вечно. Дали со пари може да се купи љубовта, радоста, здравјето? Дали со материјалното богатство се храни душата?! Најубавите, најзначајните работи во животот се ГРАТИС![/SIZE] [SIZE=3]Јас не сакам да сум како многуте млади луѓе задушени во својата пропаст, изгубени во дупките кои самите ги копаат на штета нивна.. И покрај темнината на ноќта, мојата младост ја бара светлината на денот... И ќе ја најде, знам дека ќе ја најде.. [/SIZE] [SIZE=3]Ако младината не е доволно свесна за своите постапки, ако не е доволно свесна за своите чекори, кој ќе ни се секира за нашата иднина, за светлите денови кои треба да ги искроиме онака како што ние сакаме... [/SIZE] [SIZE=3]Како што знам јас, знам дека знаете и вие, знам дека го чувствувате она што го чувствувам и јас, сигрна сум дека го сакате она што го сакам и јас. Сите сакаме исто, искажано на различни начини, но тоа суштинското, тоа главното, тоа битното, тоа е она вистинското кое е заедничко, кое не води, не тера да продолжиме понатака и да не се откажеме. Не тера да ризикуваме и да се жртвуваме, но тие жртви се наши жртви, се работи за нас, за нашата иднина, за иднината на нашите деца, за се. Дали ќе потпаднеме под црната магија, дали ќе им потклекнеме на предизвиците и слатките, но горки и лажни предизвиди или гордо, достоинствено ќе извојуваме победа, победа над погрешното, над лажното, над темното?![/SIZE] [SIZE=3]Затоа што светлината може да ја победи темнината, затоа што светлината јасно ни го покажува патот на животната приказна, не води, ни ги отвара вратите на сигурната иднина, не штити, не чува, не бодри и учи да ја надминеме и да не пропаднеме во темнината.. Во темнината на животниот пропаст, која е многу поголема од темнината на ноќта.[/SIZE] [SIZE=3] [/SIZE] [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е снегот?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Колумни
Во темнината на ноќта мојата младост ја бара светлината на денот
На врв
Bottom