Возач почетник

Eva

Староседелец
19 февруари 2012
107
100
1,043
Денес ми беше трет час кај што возам. Денес учев рикверц и повторував застани, сврти, мени брзина бла бла.. Ама се осеќам многу стресно, уплашено, постојано сум анксиозна, и некако цело време се прашувам дали јас сум за ова и дали ќе можам да научам, бидејќи ми се гледаат како многу работи на кои треба истовремено да внимавам, некогаш слабо реагирам додека ми текне што треба да правам... И разочарана си сум, се си мислам дека нема да ми успее. Утре треба да возиме на улица, и сум тотално исплашена, затоа што стварно незнам како ќе се снајдам. Совети, искуства, дали е нормално вака да се осеќам првите часа? Дали ќе успеам да совладам и да се адаптирам?
 
$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183

Имав другарка се осеќаше ко тебе на ден на полагање. Не се секирај, трет час ти е. Имаш уште пет пати повеќе за возење. До тогаш ќе стекнеш и навика и се. И мене ми беше тешко на почеток со ориентација, ама еве мака неам 5 години подоцна.
 
Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Едноставно,ете и @incule ти кажа дека она не е почетник и ги разбира работиве.(yawn)
Биди смирена исто како да си сама во кола биди свесна дека и на полагање паниката ќе ти донесе само неуспех,осети ја колата како се понаша и ќе го имаш осетот,кога ќе полагаш градска со комисија во кола обавезно кога ќе тргаш тргаш одма пред да тргнеш пушташ жмигавец,константно прати ретровизори и меѓу многуте работи на кој треба да внимаваш се пешаците и растојанието од кола до кола и пред тебе и странично,исто така обрни внимание на велосипедистите кој во многу случаеви ќе ти се најдат странично до возилото не се леппи многу до нив и држи растојание од 1м најмалку и пак пратиш ретровизори истовремено,има многу фори од страна на комисијата
Пр1: Сврти тука лево,а имаш знак за забрана и ако свртиш ќе те бутне !
Пр2: Вози ајде побрзо,ти нормално ќе возиш колку што е дозволено,а тие кога ќе се возат сами нека возат така ,јас така им викав ;)
Пр3: Ако пешакот стапне на пешачки,а они ти викаат побрзо ајде не е блиску обавезно да застанеш
Има многу пример каде што сакаат да ти го скренат вниманието биди стабилна и смирена ..
СРЕЌНО :)
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec