Визи - вадење, прашања, одговори, искуства

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Се што имате да прашате или кажете околу визите, тука.

Виза за Англија
Документите кои се потребни зависат од типот на виза за кој се аплицира. Дополнителните документи кои се бараат, се со цел да може амбасадата да одлучи дали ги исполнувате потребните услови за издавање на визата. На пример, најчесто треба да покажете дека имате доволно средства да ги платите патот и храната, сместувањето и трошоците во Велика Британија. За да го исполните ова барање, потребни ви се банковни изводи, извод од плата и доказ за штедна книшка - ваша или на вашиот спонзор, во зависност од тоа кој плаќа за трошоците. Исто така, треба да покажете дека ќе заминете од Велика Британија на крајот на вашето предложено време. За да го докажете ова потребен ви е доказ од работното место, или продолжување на студирањето во вашата родна земја.

Ако не сте сигурни дали треба да вклучите одреден документ, ви препорачуваме да го вклучите. Секогаш е подобро да има повеќе отколку помалку. Но, не вклучувајте преголем број, бидејќи службеникот за виза има ограничено време за нивно разгледување.

Ако можете доставете ги оригиналните документи, особено оние кои се однесуваат на раѓањето, венчаницата, разводот и смртта. Ако не сте во можност да ги испратите оригиналните, тогаш можете да испратите копии заверени на нотар. Сите оригинални документи ќе ви бидат вратени.

Апликацијата за виза може да ја пополните он - лајн на веб адресата www.visa4uk.fco.gov.uk/ApplyNow.aspx. Пожелно е во близина да го имате вашиот пасош, адреса на која ќе престојувате во Белика Британија, и - меил адреса и план на патување. Да ве предупредиме дека за поплнување на овој формулар ќе ви биде потребно време од околу еден час, доколку вашето познавање на англискиот јазик е солидно.
Покрај попoлнетиот формулар ќе ви бидат потребни и две фотографии во боја со бела позадина. Нивните димензии треба да бидат 45 на 35мм.
Цената на визата е 67 фунти (4735 денари).

Доколку сакате да дојдете со автомобил ви препорачуваме да не го сторите тоа, бидејќи паркинг местото е навистина голем проблем. Затоа, најдобро би било да го користите јавниот градски превоз или такси службата.

Јас се потрудив да ви дадам малку инфо за вадење англиска виза, за која се доаѓа многу тешко. :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

VanHelsing

Истакнат Член
6 октомври 2013
72
58
118
27
Денеска тато ми рече да најдам информации за грин кард како се вадат па прво сакав тука да се обратам даве прашам ако некој има некоја инфромација каде може да се извадат што треба да се поднесе документи и слично :) Фала однапред.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Денеска тато ми рече да најдам информации за грин кард како се вадат па прво сакав тука да се обратам даве прашам ако некој има некоја инфромација каде може да се извадат што треба да се поднесе документи и слично :) Фала однапред.

Грин кард најверојатно у Американ ембаси. За документи ај донт ноу, некој друг вил тел ју.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: VanHelsing

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Незнам дали прашањево е за овде но мислам ќе се најде некој кој знае. Со македонски пасош после трите месеци на гости во европска држава, држава што е во Европската Унија после тоа колку време може пак? Мора ли три месеци во Македонија да се седи?