Венеција

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Венеција е единствена, незаборавна и магична. Град со душа, кој е тешко да се опише. Тука, во прегратките на водата, постојано живее еден вистински сон и се' изгледа како да застанало во времето. Со сигурност постои силен мотив, кој што тера 18 милиони луѓе годишно да ја посетат Венеција. Можеби, одговорна причина затоа е нејзината судбина, која отсекогаш била поврзана со водата и ја одвојувала од копното. Здивот на морето, без прекин го милува градот, но и го словува начинот на живеење. Тоа брзо станува разбирлливо, уште кога ќе тргнете низ тој магичен лавиринт од канали. Таа игра на плима и осека можеби најдобро може да се види во лагуната, кога повремено како да изникнуваат од водата мочурливите песочни наноси. Но, во Венеција не е само водата магична. Тука, исто толку се истакнува и архитектурата насликана преку прекрасните куќи и палати, градени со векови, на 118 острови поврзани со 354 мостови. Тука ќе најдете различни стилови и бои, со фасади кои кои ги насликале најпознатите сликари од тие епохи, како Тицијан, Белини, Џорџоне.... Се издвојуваат меѓудругото и специфичните скулптури на ѕидовите, кои таму ги викаат „pietra“, изклесани по налог на дуждовите и благородниците, но и на морнарите и занаетчиите. Тие може да отсликуваат грбови на богати фамилии и владетели, штитови на војници, фигури на животни или митолошки суштества.
Венеција е единствениот град во кој може да се движите исклучиво пешки, и каде може да влезете во секоја уличка и ќоше во кој често не сретнувате никој, освен можеби некоја мачка која ќе ве погледне зачудено под облеката која се суши.
Можеби Венеција е популарна и заради фактот што тука секое годишно време носи оригинална привлечност. Топли и запурни лета, и зими разбудени во розеникава утринска магла. Тука деновите се со специфична живост, а зајдисонцето претставува вистински спектакл. Се чини дека сонцето се венчава со морето, а лагуната како во некој пожар, го отсликува градот во спектар од илјада нијанси. Навечер, нејзината тишина, која единствено тука може да ја пронајдете, се чини станува помистериозна и поинтригантна. Венеција е единствена можеби затоа што несебично се дава на сите, помалку бизарна и несфатена, на својот пат до безвременоста, дури и кога тоне и полека исчезнува. Симбол на градот е крилестиот лав, кој со својата авторитетна фигура симболично ја доловува моќта на Млетачката република.
Покрај сето ова, кога станува збор за Венеција, се издвојува уште нешто, веројатно најинтересното. Се разбира, станува збор за карневалот во Венеција! Карневалот го пратела бурна историја. Не може со сигурност да се утврди кога всушност за прв пат се одржал. Се смета дека започнува во XII век по повод победата на Млетачката република над Аквилеја 1162 год. а веќе во XIII век започнало се помасовно
маскирање во најразлични ситуации преку целата година.
Во XVII и XVIII век карневалот доживеал вистинско процветување. Тогаш настанале и биле популарни најразлични маски и костими. Најкарактеристична маска била „bauta“ - бела маска која покривала нешто повеќе од пола лице, во комбинација со црна наметка и црн тророг шешир, кој го користеле и двата пола. Потоа женска „moreta“ со темна боја која го покривала целото лице, потоа „volto“ или „ larva“ - наједноставен облик и маски со мотиви од италијанската комедија. Позната е исто така занимливата бела маска со долг нос наречена „medico delle peste“ (доктор против чума). Вака е наречена бидејќи луѓето ја носеле за време на чумата и сметале дека ваквите маски ги штитат од неа. Подоцна настанале разновидни комбинации на стилови и типови на маски, а некој се така украсувани, што претставувале
вистински уметнички дела.

venice__italy.jpg
Денес, може да се видат и да се купат најразлични модели на маски, кои се изработуваат рачно во некоја од многуте работилници низ градот. Во 1797 год. Наполеон ја освојува Венеција и ја укинува Млетачката република, а со самото тоа и карневалот. Во наредниот период, додека Венеција била под власта на Австрија, а од 1866 год. во составот на Италија, се одржувале единствено балови под маски и не постојат пишани докази за одржување на карневалот. Подоцна, од 1979 се враќа стариот сјај и повторно карневалот станува вистинска атракција. Оттогаш, се' до денес, карневалот е посетен од страна на огромен број на туристи, толку голем што властите во Венеција размислуваат да го ограничат бројот. Кога гулабите ќе полетаат од камбанаријата кон плоштадот Св. Марко и со тоа симболично го означуваат почетокот на карневалот, градот е обземен од десетдневно лудило. Венеција станува огромна театарска кулиса на која што и завидува целиот свет. Да се маскирате тука, значи многу повеќе од само облекување на тие необични костими. Тоа e специфична состојба на духот, бидејќи градот ве понесува дотолку што ќе почнете да верувате дека она што е нереално и необично, е вистинско и реално. Вие за момент станувате некој кој всушност не сте, вие не ја носите маската, таа ве носи вас. Тука може да се втурнете во таа шарена маса од луѓе и да се претопите во неа, да создадете нови пријателства, да ја почувствувате Венеција како се претвара во Ваш град. Дозволете си да ве понесе тој бран од луѓе, од плоштадот Св. Марко се до Големиот канал (Canale Grande) низ кој минуваат вапорета и гондоли, од Мостот Риалто до музејот Академија или до куќата на славниот Тинторето во Канареџо..
Ќе ја видите Венеција на Марко Поло, која се чини како повторно да оживува во квартот Канелето и ќе ја откриете историјата на славниот љубоник Џакомо Казанова. Талкајте бесцелно, таму каде што ќе ве води чекорот и интуицијата, земете здив во некое ќоше кое ќе ви подари магија. Можеби ќе ја одберете омилената улица на Венецијанците, Виа Гарибалди и ќе уживате во капучино и профитероли во некој од нејзините елегантни кафулиња. Потоа, дозволете си да ја откриете и другата страна на Венеција. Островот Мурано, каде се изработуваат чудесни предмети од феноменално стакло. Бурано, прочуен по уникатните чипки, кои со своите живи бои ги красат куќите. Торчело, острово на кое е создадена првата венецијанска населба, а на кој што денес живеат мал број на рибари. На крај не го пропуштајте ниту Џудека, веројатно најтаинствениот остров.
Останете без здив во оваа романтична екстаза, и не ги штедете вашите чувства, дозволете си вистинско уживање, бидејќи тоа е Венеција! Unica e bellissima!


venice_italy-209023.jpg


venecija-od-pticja-perspektiva-12.jpg
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Леле зошто никој нема коментирано на темава?
Зарем никој не бил во Венеција :(
Ја сакам многу.И пак и пак би одела.
Мене ми еден од најубавите градови.Колку ми е само романтичен.Има некои улички толку стари,тесни,историја испишана на ѕидовите,се дише од безвременска убавина.
И кога ќе видиш алишта пружени на куќите,и тоа ти убаво.
После шетање,едно кафе и пица на Сан Марко.
Лани бевме ова време,некаде после карневалот.Немаше многу гужва,као што знае да има и преубаво си поминавме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Carmichael02

Истакнат Член
12 август 2016
6
3
103
25
Јас летово бев во Венеција. Не останав доволно долго за да „вистински“ да го запознаам овој магичен град. Но, неколкуте часови кои ги поминав таму беа (не толку) доволни за да се загубам во тесните, но волшебни улички на Венеција. По било која уличка да одиш, секогаш ќе искочиш или на морето, или на познатиот плоштад Св. Марко.
IMG_20170629_111051.jpg

IMG_20170629_111448.jpg
Неможам, а да не ги спомнам малите и големи канали и мостови кои можеш да ги најдеш насекаде во Венеција. IMG_20170629_113638.jpg

IMG_20170629_121517.jpg