Вдомување мачиња и кучиња

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
156
256
1,063
Јас сум тежок љубител на животни - конкретно мачки и кучиња. Иако сум алергична на нив дома си чувам куче цел живот, па и мачки. Моментално двете мачки ми се трудни па (пу пу да не ги урочам) очекуваме кај и да е принова, а ќе треба да ги вдомам некаде - за да не завршат на улица под кола :( Имам и едно кутре улично ама му направивме куќичка пред врата па сега тука си живее. Мислам дека неќам да го вдомам него си го засакав за мене :)

Така што во случај да имате животинче кое можете да го згрижите или на кое му е потребен дом - слики, контакти оставајте овде.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Јас имав кутре вдомено.
Кога го бирав, најгрд беше од сите. Уствари и затоа го земав, си викам ова лепотаниве ќе ги земат, ова душиче ќе си остане само.
Леле ко ќе ми текне какво беше слабичко, грдо...
Се претвори во вистинска дебела кукла. Дечко ми мрчеше на почетокот за после да станат најдобри другари.
Кога се вселивме во новиот стан морав да го дадам, ама во сигурни раце е убав на мајка :D
Сега е и татко.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Ова куче што го чувам сега ми е вдомено.
Ако не го вдомевме ние ќе го дадеа во Вардариште, а сите знаеме што се случува таму.
Моите додуша сакаа со низок раст, а ова испадна големо :D али нема врска пак си го чуваме.
Повеќе сакам да вдомам, одколку куче со педигре.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Ајде уште еднаш да прашам. Дали сака некој да вдоми мало маченце?

На еден другар е, и уште ова му остана, другите ги раздаде. Го дава како подарок.

411815_456699074354930_747724499_o.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah

Сања93

Нов член
5 октомври 2013
1
1
3
31
Имам мало кученце, го давам на подарок. Има месец и 20 дена и многу е слатко, со мал раст. Татко му е пинч, а мајката е мешавина од пинч и нешто друго. Ако сака некој да го вдоми нека ми пише. :)
1379481_10202055265166708_2092056990_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Порано секоја година имаше некоја акција или како да се викаше за вдомување на животни во Скопје. Постои сеуште тоа нешто или слабо? Сакам да си вдомам некое животиче. :)