Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Ваши омилени поеми
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

СЕЌАВАЊЕ

Дали се сеќаваш кога прв пат се сретнавме,

и кога ме гледаше, правејќи се дека не ме гледаш

и кога јас те гледав, како да не те гледам;

и кога ти реков: тој што ќе го прашаш за мене

оној е за кого прашуваш.

И кога потоа се држевме за раце,

како живиот оган што се држи за огништето.

Дали се сеќаваш кога се враќавме дома,

и кога, пред да не наврне дождот, ми рече:

падна првата капка - почетокот на поплавите,

доаѓа водата што е корен на секој корен,

што е фитил во зрното, во икрата, во ципата

во кои се подготвува светската експлозија.

Дали се сеќаваш кога со едната рака работев,

а со другата те хранев и те милував

и кога ти реков дека прегратката и бакнежот

не ја кажуваат ни половината од мојата љубов;

кога срцата ни грмеа и го заглушуваа светот

и кога ти ми рече, не знам што ми рече,

и кога јас ти реков, не знам што ти реков

и кога она што не можев да ти го кажам

беше меѓу моите зборови заостанато.

Дали се сеќаваш кога ја отвори вратата,

покажувајки ми колку е убав надвор денот

и кога јас ти реков дека и дома е убаво

и убаво е секаде кај што ти престојуваш.

Ти рече: погледни! а мислеше - Те гледам,

јас ти реков: гледам, а мислев - Ме гледаш,

кога Земјата се преобуваше, се преврзуваш,

kога се’ беше јасно во јасното сонце

и качунката на повисоко си ја качуваше воздишката,

што беше несреќна само кога не е со тебе.

Дали се сеќаваш кога се тркаа моторциклистите,

втрчувајки во денот што требаше да дојде,

кога Работнички победуваше во кошарка,

кога небото го задржуваше сонцето

на височината што е еднакво оддалечена од сите

кога низ кожата ти назирав како низ прозорец

и гледав што се работи во моето село,

кога Јули надоаѓаше од секаде до секого,

кога од пологот излетуваше потполошката,

како патоказ на своето беспатје на полето

и кога ме праша: Што мисли јајцето во птицата?

и кога ти реков: А што мисли птицата во јајцето?

Дали се сеќаваш кога ветрот ги диплеше житата,

и лицата ни трепереа во водата што ја пиевме,

и на времето кога те чекав, кога ме чекаше

и кога те барав, кога ме бараше ко јагулата

што го бара родниот крај на својата смрт

кога открај докрај ни се отвораше залезот,

кога нашите тела на својата сенка и сенеа

и ноќта ја мразевме зашто не разделуваше,

но тоа доаѓаше и празнината си ја пополнуваше

со карбитните ламби и фосфорот што и светкаше

од очитена мачките, од срцата на светулките.

Дали се сеќаваш на она потоа и потаму,

кога ставаше за вечера, кога чекав да постелиш,

кога ми рече: Легни си!, а мислеше - дојди!

и кога чу: Ќе дојдам дур да изброиш до сто,

а мислев: Мислам на тоа и ти што го мислиш.

И кога потоа твојот здив ми се доближуваше,

како превез навеан дожд, како пауново перце,

како облаче од испраните алишта што се сушеа;

и кога спиеше и продолжуваше да го калемиш

поубавиот сон на погрдиот

и кога утрото гледајки во твоето росно чело,

го препознаваше својот елмас своето ведро небо.

Дали се сеќаваш: тој што го праша за мене,

оној е за кој сеуште прашуваш.

-Петре М. Андреевски

[QUOTE="violetmoon, post: 320046, member: 2223"] [SIZE=5][B]СЕЌАВАЊЕ[/B][/SIZE] Дали се сеќаваш кога прв пат се сретнавме, и кога ме гледаше, правејќи се дека не ме гледаш и кога јас те гледав, како да не те гледам; и кога ти реков: тој што ќе го прашаш за мене оној е за кого прашуваш. И кога потоа се држевме за раце, како живиот оган што се држи за огништето. Дали се сеќаваш кога се враќавме дома, и кога, пред да не наврне дождот, ми рече: падна првата капка - почетокот на поплавите, доаѓа водата што е корен на секој корен, што е фитил во зрното, во икрата, во ципата во кои се подготвува светската експлозија. Дали се сеќаваш кога со едната рака работев, а со другата те хранев и те милував и кога ти реков дека прегратката и бакнежот не ја кажуваат ни половината од мојата љубов; кога срцата ни грмеа и го заглушуваа светот и кога ти ми рече, не знам што ми рече, и кога јас ти реков, не знам што ти реков и кога она што не можев да ти го кажам беше меѓу моите зборови заостанато. Дали се сеќаваш кога ја отвори вратата, покажувајки ми колку е убав надвор денот и кога јас ти реков дека и дома е убаво и убаво е секаде кај што ти престојуваш. Ти рече: погледни! а мислеше - Те гледам, јас ти реков: гледам, а мислев - Ме гледаш, кога Земјата се преобуваше, се преврзуваш, kога се’ беше јасно во јасното сонце и качунката на повисоко си ја качуваше воздишката, што беше несреќна само кога не е со тебе. Дали се сеќаваш кога се тркаа моторциклистите, втрчувајки во денот што требаше да дојде, кога Работнички победуваше во кошарка, кога небото го задржуваше сонцето на височината што е еднакво оддалечена од сите кога низ кожата ти назирав како низ прозорец и гледав што се работи во моето село, кога Јули надоаѓаше од секаде до секого, кога од пологот излетуваше потполошката, како патоказ на своето беспатје на полето и кога ме праша: Што мисли јајцето во птицата? и кога ти реков: А што мисли птицата во јајцето? Дали се сеќаваш кога ветрот ги диплеше житата, и лицата ни трепереа во водата што ја пиевме, и на времето кога те чекав, кога ме чекаше и кога те барав, кога ме бараше ко јагулата што го бара родниот крај на својата смрт кога открај докрај ни се отвораше залезот, кога нашите тела на својата сенка и сенеа и ноќта ја мразевме зашто не разделуваше, но тоа доаѓаше и празнината си ја пополнуваше со карбитните ламби и фосфорот што и светкаше од очитена мачките, од срцата на светулките. Дали се сеќаваш на она потоа и потаму, кога ставаше за вечера, кога чекав да постелиш, кога ми рече: Легни си!, а мислеше - дојди! и кога чу: Ќе дојдам дур да изброиш до сто, а мислев: Мислам на тоа и ти што го мислиш. И кога потоа твојот здив ми се доближуваше, како превез навеан дожд, како пауново перце, како облаче од испраните алишта што се сушеа; и кога спиеше и продолжуваше да го калемиш поубавиот сон на погрдиот и кога утрото гледајки во твоето росно чело, го препознаваше својот елмас своето ведро небо. Дали се сеќаваш: тој што го праша за мене, оној е за кој сеуште прашуваш. [B][I][SIZE=4]-Петре М. Андреевски[/SIZE][/I][/B] [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е снегот?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Ваши омилени поеми
На врв
Bottom