Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Ваша поезија
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Но ако

За најдалечните ме боли душава,

боли багремот во неа,

не го почитуваат сонцето како некогаш,

но ако,

ќе се сетат тие на светлината и од далеку кога корењата ќе им скапуваат длабоко во земјата,

не ќе се изземат од тагата.

За тие сличните што го точат најблиското ко ефтин алкохол,

рози бели и нежни им постелувам во срцево,

што крвта му ја пијат со искривени вилици,

ама ако,

боли од жал врбата во нив,

со последниот зрак ќе се разбудат да земат последен здив,

а јас ќе останам жив.

Се плашам,

вистината е дека лажам,

ниту на едните,

ниту на другите,

ќе им удостојам кога боли нешто друго,

а не полноќта која ме дели од нив,

ќе заборават,

но лузната ќе им шепоти немир.

Достоинството е жртва за роденото,

не се согласувам,

но ако,

нека стои такво,

јас не го насликав со акварелни жуборења на темнината,

не ќе го предадам ниту пред смртта.

Доблеста е токсична,

не, таа е вродена,

но ако,

таква нека биде,

ќе присуствувам на нејзиниот погреб,

нека умира полека,

но ќе запомнам,

зборот за неа беше збор во некое минато време,

сега е холокауст во генерациите,

занемени и ближни и далечни,

неспознавајќи се едни со други,

но ако,

ќе заминат и тие,

грди во епитафот по нивното постоење,

ако не следното утро,

некое потоа,

никому важно,

тишината ќе ги проголта.

Ќе ги преспијам сите сонливо,

зошто,

затоа што ме боли лажниот тиркиз на небото,

кој го украдоа од несебичноста,

дарежливоста,

од бистрата солза на искреноста,

од она што се нарекува човек,

кој го почитува човек,

затоа што е човек,

а можеше сѐ поинаку,

можеше сѐ подобро,

со надеж да се дофати со прсти далечината,

да се допре една поубава иднина што носи мал спокој,

доволен за голема радост,

исконски распукана,

врз сводот кој поврзува.

[QUOTE="Achernar, post: 369667, member: 3190"] Но ако За најдалечните ме боли душава, боли багремот во неа, не го почитуваат сонцето како некогаш, но ако, ќе се сетат тие на светлината и од далеку кога корењата ќе им скапуваат длабоко во земјата, не ќе се изземат од тагата. За тие сличните што го точат најблиското ко ефтин алкохол, рози бели и нежни им постелувам во срцево, што крвта му ја пијат со искривени вилици, ама ако, боли од жал врбата во нив, со последниот зрак ќе се разбудат да земат последен здив, а јас ќе останам жив. Се плашам, вистината е дека лажам, ниту на едните, ниту на другите, ќе им удостојам кога боли нешто друго, а не полноќта која ме дели од нив, ќе заборават, но лузната ќе им шепоти немир. Достоинството е жртва за роденото, не се согласувам, но ако, нека стои такво, јас не го насликав со акварелни жуборења на темнината, не ќе го предадам ниту пред смртта. Доблеста е токсична, не, таа е вродена, но ако, таква нека биде, ќе присуствувам на нејзиниот погреб, нека умира полека, но ќе запомнам, зборот за неа беше збор во некое минато време, сега е холокауст во генерациите, занемени и ближни и далечни, неспознавајќи се едни со други, но ако, ќе заминат и тие, грди во епитафот по нивното постоење, ако не следното утро, некое потоа, никому важно, тишината ќе ги проголта. Ќе ги преспијам сите сонливо, зошто, затоа што ме боли лажниот тиркиз на небото, кој го украдоа од несебичноста, дарежливоста, од бистрата солза на искреноста, од она што се нарекува човек, кој го почитува човек, затоа што е човек, а можеше сѐ поинаку, можеше сѐ подобро, со надеж да се дофати со прсти далечината, да се допре една поубава иднина што носи мал спокој, доволен за голема радост, исконски распукана, врз сводот кој поврзува. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Ваша поезија
На врв
Bottom