Брзи и лесни рецепти без печење

*Маја

Истакнат Член
28 октомври 2013
23
7
103
Што сакате да си подготвите на брзинка? Рецептите без печење обично се најлесни, без разлика дали се солени или слатки.
За сите што ќе им треба рецепт кога ќе им дојдат ненајавени гости или едноставно ги мрзи да го поминат цел ден во кујна, ова да им биде спасот :)
Имате некој поредлог за салата, ручек или десерт без печење?
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Овие колачиња ги правам скоро секој ден, ги јадам како оброк, но одлични се и како десерт за пред гости.
Во еден подлабок сад се става мелено ленено семе, семе од афион, ситно сецкани јаткасти плодови и ситно сецкано суво овошје. Количината и соодносот на состојките зависи исклучиво од вашиот вкус, не е битно од кое колку ке ставите, но во секој случај зачувајте од мелениот лен за ако подоцна се појави потреба да се додаде уште.
Сето тоа постепено се полева со вода и се меша, се внимава да не се претера, смесата треба да биде густа за да може од неа да се формираат форми. Одкако ленот и останатите состојки ке ја впијат водата додадете мед и таан. Повторно додавате онолку колку што сакате, доколку сакате послатко додавате повеќе, но количината на мед треба да биде иста со количината на таанот.
Од оваа смеса можете да направите бомбици кои одкако ке ги формирате ке ги извалкате во кокос или мелени ореви. Можете да формирате подебела кора за торта и одозгора да ја украсите со сезонско овошје, да ја прелиете со чоколаден прелив или некој овошен сируп.
Многу е вкусно, но и многу здраво, лесно се подготвува и што е најважно остава простор за вашата креативност и фантазија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Big Berta and Prashina

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Меме ми се прочита Рецепти за лечење. Мислев нешто како Баба Рада ќе е темава, чаеви ќе си разменуваме. :)

Да придонесам со една салата, ако може салати нели. Ако не може тогаш бришете.

Се земаат два домати, црвени, и се мијат убаво и се оставаат на страна. Потоа се зема една зелена пиперка и еден кромид. Кромидот се лупи и се сецка на ситни парчиња, истото се прави и со пиперката и со претходното измиените домати. Потоа земате сирење и со ренде го рендате во салатата, ја мешате салатата додека не се спои се што е ставено. Потоа се става масло, препорачувам 2-3 капки маслиново масло. Повторно се меша и се послужува, се посолува со сол по желба.
 
-•Lil Lamb•-

Баниран
27 февруари 2012
74
48
318
31

Многу тешка е оваа салата, а сепак убава. Благодарам што си го пишал рецептот, ќе пробам здравје да ја направам. Но, не знам дали ќе ми излезе така убаво. А дали може со сончогледов зејтин? Стравувам да не и се расипе вкусот?
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Многу тешка е оваа салата, а сепак убава. Благодарам што си го пишал рецептот, ќе пробам здравје да ја направам. Но, не знам дали ќе ми излезе така убаво. А дали може со сончогледов зејтин? Стравувам да не и се расипе вкусот?
Ќе се расипе со сончогледов, само маслиново и тоа стрикно 2-3 капки.

Иначе нема кај мене да ти успее тролањето. Секое добро.
 
-•Lil Lamb•-

Баниран
27 февруари 2012
74
48
318
31
Би сакала да споделам еден рецепт. Ова е торта, а не се пече. Се што ни треба за тортава се, бисквити, две банани, две ресани и пудинг со вкус да биде по ваша желба и млеко. Пудингот го подготвуваме и го ставаме на страна да се олади.
Зимаме бисквитите ги трошиме во еден сад заедно со 7 ресанки. Зимаме една чинија редиме еден ред бисквитите, тие недробените, врз нив ги ставаме изтрошените бисквити со ресаните, а потоа поливаме со пудингот, потоа пак ред бисквити, па ред издробените со бананите ги ставаме,потоа пудингот и така повторувајте се додека не ви снема смеса. Супер е. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and diva orhideja