@MNOGO BITNO Јасно . Не дека немам ниту едно брендирано парче, туку само бренд како бренд мене лично ич не ми прави разлика. Ги спомнав девојчињата од моето детство и рана младост намерно, не затоа што сите коишто носат бренд ги ставам во еден кош, туку бидејќи една од нив буквално ми се избаци со прашање „Добро ма, ти ништо немаш марка во плакар? Како бе така?“ значи со сериозен тон како да ми рекла „Ако не дојдеш уште еднаш со униформа, ќе те избркаат од школо.“

Тогаш само се насмеав и решив да не одговорам на коментарот. Си реков, ај ко ќе пораснам, можеби и ќе ја сфатам тежината на муабетот, ама ете, се`уште не ми е јасно по 10+ години од случката.
Дури немам ништо против оние коишто си имаат омилен бренд. Си се пронаоѓаат во некој стил, крој, дезен, супер. Убаво е човек да прави она коешто го исполнува, се` додека не премине во крајност, во вреднување на луѓето според тоа кој бренд носат.
Извини ако изгледало како надоврзување на твој личен став, искрено ги немав ни прочитано мислењата погоре, уствари баш и се сложив со твоето, а во моето мислење си изнесов општ став.
