Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Наука
Философија
Анархизам
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Како може да е сеедно? На која тоа планета има услови за живот? За да твојот пример биде разгледан сериозно, мора да му се дадат сериозни параметри. Ако не можеш, да помогнеме.

Анархијата не е отсуство на хиерархија туку е отсуство на хиерархија која е однапред определена, користи присилни средства за да се одржи и/или материјално или физички ги повредува оние кои се на различно ниво во хиерархијата. Надолго и нашироко објаснето од Пјер Жозеф Прудон, меѓу другите.

Смешно е само незнаењето. Факт е непостоењето на држава низ 99% од времето на постоењето на човекот. Што ја исклучува теоријата за нејзина неопходност. Сложени урбани цивилизациите кои егзистирале се факт. http://www.independent.org/pdf/tir/tir_10_3_04_thompson.pdf

Општеството само по себе не обезбедува ништо. Можеби на оние од државна администрација, или на некој цајкан или политичар. Нормално нивниот статус го должат на оштеството и на тоа колку се послушни. Обично таквите луѓе се благодарни робови, но тоа е друг правец, не е важно. На кратко, колку што можам да заклучам од без сомнение реторичките прашања, некоја компанија во Данска е ок бидејќи ја употребува хиерархијата а истата која има филијала во Бангладеш ја злоупотребува.

Човекот отсекогаш морал да се избори со предизвиците да опстане. И пред 200 и пред 20 и пред 10 и пред 2 илјади години.

Квалитетот на живот на генералната популација на многу држави денес, од кои некои стари и по стотици години е на помизерно ниво од она на ловците-собирачи. А тоа кажува многу. Единствено појавата на парната машина и консеквентно други последични ситуации создале можност за постоење на извесен број т.н. welfare states. Што значи во 7.000 годишната историја на државата, само последните 50-70 и тоа само исклучоци имаат пристојни услови за своите граѓани.

Прогресот отсекогаш бил во зависност од непочитувањето на дадената наметната хиерархија. Во спротивно сеуште ќе бевме во средниот век, кој немаше да се вика мрачен, бидејќи некој тогашен Апраксас ќе објаснувал дека камбаната на црквата е `сегашниот статус`...

Пазарот е добар регулатор но неможе да е најдобар. Тоа е само мит. Како е поврзана оригиналноста со тоа и како пазарот ќе стане слодобен од појава на монополи, во реални услови. Бидејќи уште пред Адам Смит, првата форма на индустриски капитализам се појавила преку државна интервенција и по пат на сила - во Англија.

Бројот на иновации е сомнителен начин за да се одреди предност на еден модел пред друг, и во СССР и во третиот Рајх имало многу иновации и технички пронајдоци па кога некој би го поделил времето за кое тие модели егзистирале со бројот на иновации би рекол дека се поефикасни од капитализмот/либертаријанизмот.

[QUOTE="Outrider, post: 234126, member: 2887"] Како може да е сеедно? На која тоа планета има услови за живот? За да твојот пример биде разгледан сериозно, мора да му се дадат сериозни параметри. Ако не можеш, да помогнеме. Анархијата не е отсуство на хиерархија туку е отсуство на хиерархија која е однапред определена, користи присилни средства за да се одржи и/или материјално или физички ги повредува оние кои се на различно ниво во хиерархијата. Надолго и нашироко објаснето од Пјер Жозеф Прудон, меѓу другите. Смешно е само незнаењето. Факт е непостоењето на држава низ 99% од времето на постоењето на човекот. Што ја исклучува теоријата за нејзина неопходност. Сложени урбани цивилизациите кои егзистирале се факт. [url]http://www.independent.org/pdf/tir/tir_10_3_04_thompson.pdf[/url] Општеството само по себе не обезбедува ништо. Можеби на оние од државна администрација, или на некој цајкан или политичар. Нормално нивниот статус го должат на оштеството и на тоа колку се послушни. Обично таквите луѓе се благодарни робови, но тоа е друг правец, не е важно. На кратко, колку што можам да заклучам од без сомнение реторичките прашања, некоја компанија во Данска е ок бидејќи ја употребува хиерархијата а истата која има филијала во Бангладеш ја злоупотребува. Човекот отсекогаш морал да се избори со предизвиците да опстане. И пред 200 и пред 20 и пред 10 и пред 2 илјади години. Квалитетот на живот на генералната популација на многу држави денес, од кои некои стари и по стотици години е на помизерно ниво од она на ловците-собирачи. А тоа кажува многу. Единствено појавата на парната машина и консеквентно други последични ситуации создале можност за постоење на извесен број т.н. welfare states. Што значи во 7.000 годишната историја на државата, само последните 50-70 и тоа само исклучоци имаат пристојни услови за своите граѓани. Прогресот отсекогаш бил во зависност од непочитувањето на дадената наметната хиерархија. Во спротивно сеуште ќе бевме во средниот век, кој немаше да се вика мрачен, бидејќи некој тогашен Апраксас ќе објаснувал дека камбаната на црквата е `сегашниот статус`... Пазарот е добар регулатор но неможе да е најдобар. Тоа е само мит. Како е поврзана оригиналноста со тоа и како пазарот ќе стане слодобен од појава на монополи, во реални услови. Бидејќи уште пред Адам Смит, првата форма на индустриски капитализам се појавила преку државна интервенција и по пат на сила - во Англија. Бројот на иновации е сомнителен начин за да се одреди предност на еден модел пред друг, и во СССР и во третиот Рајх имало многу иновации и технички пронајдоци па кога некој би го поделил времето за кое тие модели егзистирале со бројот на иновации би рекол дека се поефикасни од капитализмот/либертаријанизмот. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Колку нозе има кучето? (напишете со букви)
Испрати мислење
Форум
Наука
Философија
Анархизам
На врв
Bottom