Алергија на липа

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Дали некој на форумот е алергичен на липи ? Ако е какви симптоми има ?
Мене носот постојано ми е затнат, кога ќе излезам надвор и кога го осеќам мирисот ми е преубаво, преубаво мириса и носот ми се одзатнува.
Очите ме печат, но тоа ми е од друго. Не ме гребе грлото или слично. Овој период и во текот на летото имам потешкотии со дишењето преку нос, па без капки едвај функционирам.
Не сакам да си правам алерго-тест зошто мирисот на липа ми е најомилен на цел свет, па ако испадне дека сум алергирчна ептен ќе се разочарам :zelen(star).
 

ВинаНевина

Полноправен Член
26 мај 2017
78
68
18
Hi.
Тука сум. Алергична на липа и уште мал милион други растенија. Но сепак тоа не ме спречува да бидам заљубена во мирисот, тоа што си имам мака е одделна работа.
Всушност, ако си алергична на полен тогаш големи се шансите да си алергична на липа. Најтешко ми е во периодот на цветање и некое време после тоа, некаде од почеток на мај па се до крајот на јуни јас едноставно мразам да се шетам по булеварите. Кивам по 4-5 пати во минута, носот ми се полни со секрет, па се затнува, некогаш се случува да се гушам од тоа што не можам нормално да дишам. Последниве 2 години не се исипувам, порано ми се јавуваше и осип по кожата на рацете и вратот.
Ама се навикнав веќе да живеам со тоа.
Моја препорака ти е да направиш алерго-тест, сепак можеби си алергична на нешто друго а не си ни свесна за тоа. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕвездичка

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Да,ја сум алергична на липа симптомите се чешање нос,кашлање,кивање,затнат нос,чешање на очи
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕвездичка