![20122201-otsuten.jpg](http://www.fakulteti.mk/Images/News/2012/01/20122201-otsuten.jpg)
Министерот за образование и наука, Панче Кралев денеска соопшти дека загубените часови поради лошите временски услови кои во февруари ја зафатија Македонија, ќе се одработуваат во саботите.
Со оглед на лошите временски услови и студеното време, што ја зафати Македонија, во средината на февруари, голем дел од училиштата како средните така и основните немаа можност за одржување на настава.
Министерот за образование и наука, Панче Кралев истакна дека загубените часови ќе се одработуваат во саботите до крајот на учебната година.
-Околу 50 отсто од основните и 30 осто од средните училишта, овие часови ќе треба да ги одработат во саботите до крајот на учебнта година, истакна министерот Кралев.
Тој посочи дека продолжување на учебната година или скратување на наставната програма се крајни мерки, односно мерки кои би се употребиле во краен случај.
Во врска со училиштата во Чаир, Кралев посочи дека истите мора да имаат табла со називот на училиштето се додека МОН не ги верификува барањата за промена на статутите. Тој додаде дека нема причина барањата за промена на статутите од овие училишта да се разгледуваат преку ред.
Се дотогаш училиштата мора да поседуваат табли, а во следниот период истите ќе бидат предмет на контрола на Државниот просветен инспекторат.
извор(и)