Книжевен предизвик 2015

Кое ниво го прифаќате?

  • Екстра-лесно (10 книги)

    Гласови: 4 57.1%
  • Лесно (11-20)

    Гласови: 2 28.6%
  • Средно (21-35)

    Гласови: 0 0.0%
  • Гик-левел (36-50)

    Гласови: 1 14.3%

  • Вкупно гласале
    7
Статус
Затворена за нови мислења.

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Трета година по ред отвораме книжевен предизвик или кој колку книги ќе прочита од почетокот до крајот на тековнава 2015 година.
Најпрвин треба да изберете од анкетата која тежина на предизвик ја прифаќате, а потоа одвреме-навреме да навраќате на темава и да кажете кои книги сте ги прочитале во меѓувреме.

Редоследот на информации за прочитаните книги треба да биде:

реден број - име на книгата - автор - страници
рецензија
оцена од 1 до 5.

пример:
01 - црнобело- црнобело - 100 страници
убава книга во која се раскажува за тоа и тоа.
оцена 5.

Бујрум и ви посакувам добра читателска година!
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Увек се ставам на „најлесно“ посебно коа станува збор за пишаниот збор од причина дека читањето го сметам исклучиво за задоволство а не натпревар. Сеа колку стигнам, толку. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and The Tramp

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Бидејќи ја отворив темата, редно е и сам да напишам кои сум ги изгледал досега.

1. A Walk to Remember од Nicholas Sparks (100страници во пдф формат)
Книгата морав да ја читам. :D Не беше мој избор. Чик-лит жанр со едноставен стил. Станува збор за Лендон кој се вљубува во девојка за која секогаш имал предрасуди бидејќи била бубалица, лошо се облекувала итн. Не препорачувам. Моја оцена - 2/5

2. Крадачка на книги од Маркус Зусак (издание на Три - 475стр.)
Од книгава имав одредени очекувања кои не ми ги оправда. Стилот беше едноставен, приказната горе-долу добра, но ништо посебно. Се работи за германско девојче кое за време на Втора светска војна ќе краде книги, нејзините авантури и ликовите кои ја опкружуваат. Оцена 2.5/5

3. The Three Musketeers од Alexandre Dumas (Wordsworth Classics, 555p.)
Одлична авантура за Тројцата мускетари и Дартањан која опфаќа многу повеќе од она што сме го виделе за Тројцата мускетари низ филмовите. Препорачувам. Оцена 4/5

To be continued..
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Нешто слично мислам како Саладин, затоа бирам - "лесно".
t9504.gif
Башка си ставив желба на bucket листа која гласи: "Read A dozen book this year", а штом ми е ставено на бакет листа значи остварувам. :zelen
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Јас одбрав Гик- левел:zelen. Посилно е од мене.
Оваа година планирам да читам книги кои се прогласени како класици, како модерни, така и стандардни. Можеби ќе се навратам и на веќе прочитани книги. Не дека нема да има исклучоци.:rolleyes:
1. "Имотот Холоу"-Агата Кристи(некоја Српска издавачка куќа)- 207 стр.
Морам да признаам дека повеќе очекував од книгава. Некако премногу едноставна ми беше приказната. Но, сепак како во секоја друга, така и во оваа книга си најдов нешто што ми се допадна. Расплетот е истовремено и логичен и не е.:eek
Оцена: 2.8/5
2. "Убиство во Ориент Експрес"- Агата Кристи(пак не знам како е правилното име, ама книгата е од оние што беа со Утрински весник)- 208 стр.
Не за џабе е толку позната. Самиот план на сторителот/ сторителите е фасцинантен, а уште повеќе се фасцинантни и истрагите и анализите на Поаро.
Оцена: 5/5
3. "Крадци и проститутки"- Рута Шепетис(Сакам Книги)- 256 стр.
Како и Хитлер, така и Сталин убивал луѓе за полесно да ги освои Балтичките простори. Сите мажи, жени и деца се носени во кампови, се' со цел да ги снема од планетата. А оние најиздржливите да не издржат во сивилото на Арктикот. Немало само страдања на луѓето поттикнати од Оската, туку имало и од другата страна. Токму затоа оваа книга ја препорачувам.
Оцена: 5/5
4. "Момчето во пижами на риги"- Џон Бојн( Сакам Книги)- 224 стр.
Главниот лик е дете во недетска книга. На своето патување Бруно ќе открие страшна тајна која подоцна ќе ја дознае целиот свет.
Интересно е тоа што последниве две книги ги купив заедно и уште поинтересно е тоа што во едната се раскажуваат ужасите кои ги трпел народот, а биле предизвикани од Сталин, додека во другата се раскажува приказната на ужасите правени од Германците, но овој пат од моќната страна која во еден момент не е ни моќна, ни инфериорна.
Оцена: 4.9/5
5. "После погребот"- Агата Кристи (Младинска Књига)- 258 стр.
Многу собро разработена приказна која интересно го открива убиецот и што се однесува до мене, уште понтересниот мотив.
Оцена: 4/5
6. "Белешките на Лајла Грејс: Карма"- Марија Јаневска(ТРИ)- 158 стр.
Продолжението на добро позната "Лајла Грејс" нуди сосема поинакви белешки. Искрено, вториов дел беше подобар според мене.
Оцена: 4.6/5
7. " Заточеник на небото"- Карлос Руиз Зафон(Матица)- 305 стр.
Прочитав некаде дека неговите книги иако се во серијали, можат да се читаат како посебни приказни. И покрај одличните оценки, јас ќе и дадам скромна двојка.
Оцена: 2/5
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
За број 7 ти абер немаш. :)

Триологијата на Зафон за заборавените книги е феноменална. Мада, другите две дека беа поголеми, повеќе задоволство ми создадоа. ^^
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
За број 7 ти абер немаш. :)

Триологијата на Зафон за заборавените книги е феноменална. Мада, другите две дека беа поголеми, повеќе задоволство ми создадоа. ^^
Мене не ми се допадна.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Има уште 2 недели до крајот на годината, но не верувам дека ќе прочитам уште некоја книга бидејќи во моментот сум зафатена со The Beautiful and Damned на F. Scott Fitzgerald која е на англиски и има 417 страни. Предизвиков за жал го започнав од мај, што значи изгубив цели 4 месеци. Но, тоа е што е. Овие се книгите кои ги прочитав, но никогаш не запишував колку страници имаат, така да, ќе морам тој дел да го прескокнам:

01. На Пат, Џек Керуак
Му го обожавам стилот на Керуак иако далеку поубаво звучи оригинално на англиски, сепак ми се допадна изданието. Речиси автобиографска приказна поврзана со неговото патување низ државите во Америка (и при крајот и Мексико), многу дружење со разни луѓе слични на него, делумно идолизирање на Дин Мориарти, чат-пат по некоја девојка, доста алкохол и по некоја дрога... живот со мото во стилот "Имаш еден живот, искористи го максимум" а.к.а. yolo.
4,7/5

02. Frankenstain, Mary Shelly
Првото книгиче прочитано на англиски годинава, одличен избор. Испадна дека многу малку сум знаела за приказната поврзана со Франкенштајн. Бев позитивно изненадена и од приказната и од стилот на пишување, многу ми се допадна.
4,5/5

03. Страв и гадење во Лас Вегас, Хантер С. Томпсон
Книгава (а и филмот) не е за сечиј вкус. Многу шлакната приказна со уште пошлакнати ликови, мене невидено многу ме забавуваше книгава. Јас прочитав за 2 дена, читајќи ја по 3 саати (што значи ја исчитав за 6). Иако нема некоја посебна филозофија, целата приказна е како едно лудо возење на ролер-костер кое на крајот ќе те остави со насмевка. Само, преводот не беше нешто баш нај-нај.
4,5/5

05. Даблинци, Џејмс Џојс
Редно време беше да читнам нешто од Џојс, ја ископав книгава која ми била подарена во основно поради добар успех на крајот на годината (хихих). Не знаев дека е збирка раскази, така да, малце се разочарав. Имаше неколку кои ми се допаднаа, но се на се, доста досадна ми беше.
3/5

06. 1984, Џорџ Орвел
Книга на годината, а можеби и на животот. После оваа книга сите ми беа малце досадни. Неописливо добра приказна која ни на момент не ослаби, одлични филозофии и животни пораки кои те тераат не само моментално да размислуваш туку и да си го преиспиташ животот и ситуацијата на секое поле, убаво разработени ликови. Кога ја прочитав се осеќав духовно посилно, но и ми беше жал што ја исчитав. И сфатив дека ќе морам повторно некогаш да ја прочитам (најверојатно повеќе пати).
5/5

07. На дното и отфрлен во Париз и Лондон, Џорџ Орвел
Му го обожавам начинот на кој раскажува. Едноставен, но толку живописен. Ми се допаѓа што раскажува од свое искуство, пренесува тоа што видел и почувстувал и не се плаши да ги осети негативните страни на животот.
4,5/5

- Играта со стаклени ѕвона, Херман Хесе
Имав големи очекувања за книгава, а едвај исчитав третина. Толку ми беше досадна, се чудам како може да има толку позитивна критика. Читав со надеж дека нешто интересно ќе се случи, но на крајот после добри 150 страни, се откажав. За џабе си потрошив време.
1,5/5

08. Сликата на Доријан Греј, Оскар Вајлд
Имав грешна претстава за книгава се додека не ја прочитав. Очекував дека ќе биде некое романтично булшит каде некоја наивна девојка се вљубува во Доријан. Не да сум се излажала! Една од подобрите книги каде што ликовите се одлично обработени. Многу јака поента. Интересно одвивање на случките, постојано имаше некаква тензија. Топ книгиче.
4,8/5

09. Спутник Љубов, Харуки Мураками
Not bad. Ми се допадна ликот на Сумире и "демоните" со кои се бореше. Има доста живописен стил на раскажување, успеваше постојано да ми ја разбудува фантазијата. Но, не ми се допаднаа некои делови, кои не ги ни разбрав баш. Дали беа натприродни работи, дали беа метафори, не знам. Во секој случај, интересна книга.
4/5

10. Срамота, Џ. М. Котзи
Прв пат слушнав и за книгата и за авторот, но бидејќи е дел од колекцијата на Светски ѕвезди на литературата (мислам дека така беше) и не беше толку голема (таков ми беше периодот, не сакав да претерувам), ја земав од библиотека. Не беше лоша, но не беше ништо посебно. Главниот лик на таткото (заборавив како се викаше) ми беше до некаде интересен, но ќерката ме нервираше. Многу глупо постапуваше, иако знам дека тоа и беше поентата на целата книга. На некој начин, акцентот беше ставен на феминизмот.
3,8/5

11. Лолита, Владимир Набоков
Уфф, книгиште. Ми беа потребни 3 месеци (минимум) за да ја прочитам. Не знам зошто, но не можев да ја читам константно и брзо. Ми се допадна стилот на пишување, нешто слично на Орвел, едноставен, но живописен. Приказната е нешто што прв пат сретнувам, иако е малце грозна, сепак интересно е да се види неговата перпектива. На моменти заборавав дека се работи за девојче, не дека ги оправдував неговите постапки, едноставно него се му беше така нормално, како да не е ништо лошо тоа што го прави. Каква приказна, каков лик, ау.
4,8/5

- Најубавата жена во градот и други приказни, Чарлс Буковски
Покатастрофален превод немам видено. Секоја втора приказна беше несредена, немаше голема буква на почеток од речениците, на моменти имаше дури и англиски (заборавени, не преведени) зборови. Исчитав 6-7 приказни и ја баталив, не можев да издржам поради преводот.

- Ефи Брист, Теодор Фонтејн
И за оваа книга и автор немав слушнато и ја земав зошто е Светска ѕвезда. Исчитав повеќе од пола, ми остана околу третина. Но, едноставно не ми се допадна. Досадна беше, ништо интересно не се случуваше, и тоа дејствие што го имаше ептен споро се одвиваше. За џабе потрошив време.
2/5

12. Во чест на Каталонија, Џорџ Орвел
Ете, најпознатите дела му ги исчитав во 2015 и сега не знам што ќе правам. Оваа ме потсети на На дното и отфрлен во Париз и Лондон бидејќи слично раскажуваше и повторно, од искуство. Малце на моменти ми беше слаба приказната бидејќи имаше доста раскажување околу политиката во тоа време во Шпанија. Но сепак, има некој посебен дух во неговите приказни, не знам.
4,2/5

13. Смртта на Иван Илич, Лео Толстој
Книгиче од 100 страни со многу добра порака. Оваа ја исчитав за што знам, 2 саати. Толку се задлабочив што после тоа се осеќав ужасно. Ми беше жал и за ликот, ми беше тапа општо, добив црни мисли (што се вика) за животот. Како и да е, it makes you think.
4,5/5

- The Beautiful and Damned, F. Scott Fitzgerald
Сега за сега сум до 95 страна, што е едвај четвртина. Не знам дали ќе стигнам да ја прочитам, искрено толку ми е интересна и убава за читање, што нема да ја брзам. Дури може и да земам друга да читам паралелно, ем да ја завлечам малце (да уживам подолго во неа), ем имам 2-3 книги кои се помали, а сакам да ги причитам.

Епа тоа е тоа, технички успеав во предизвикот. За жал доцна почнав, но како и да е, кога станува збор за читање книги, никогаш не е доцна. Повеќе во наредната година!
 
Последна промена:

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Скромно во бројка, квалитетно според оноа што ми падна во рака. Уствари оноа што не ми се допаѓаше не го ни читав понатаму макар и да сум стигнал до половина на книгата.
1. Леон Африканац - Амин Малуф
Историска фикција за шпанија и арапскиот свет во 16тиот век - инквизиција, преку опис на еден лик - маур кој подоцна ќе биде крунисан како папа (има некои шлекулации ова да било вистина). Се` на се` убаво временско патување во тој период. 4.5/5
2. Ѕвонарот на богородичната црква - В.Иго. Секој додатен опис би бил сувишен за ова негово писание кое изобилува од атрибути - заедно мрачни и светли. Неговиот опус на речитост досега нема човек не останал без зборови. 5/5
3. Барселона Блуз - Франсеск Мираљез. Иако една од послабите книги за оваа година, сепак беше прекупотребна после истоштувачките описи на Иго, така да ова му доаѓа одлична inbetween литература. 3.5/5
4. Осаменоста на простите броеви - Паоло Џордано. Релаксирачка психолошка книга за сите оние кои некогаш во животот се осетиле како отпадок од општеството. За тој период ми беше како погодена. 4/5
5. Три пати в`зори - Барико. Најслаба негова како и прочитана за оваа година. Во дадениов момент не се ни сеќавам како течеше приказната, така да не би ја препорачал. 2/5
6. To kill a mockingbird - Harper Lee. Одлично освежување после Барико, достојна култна книга заедно со Catcher in the rye и Men and mice. 4.5/5
7. Писма до еден германски пријател - А. Ками. Солиден опис со емпириски факти за нацистичката окупација на Германија како и сите грешки што нацистите ги направија за да ја одржат истата. 5/5
8. Мојот маж - Румена Бужаровска. Сатиричен приказ на македонската современа реалност прикажана во фокус на една жена. Нема на кој не сум ја препорачал. Задолжително за оние кои го фураат урбаниот начин на живот. 4.5/5
9. Чкртки - Румена Бужаровска. Помека (затоа и порана) варијанта на „Мојот Маж“ 4/5
10. Исповедни финеси - Владо Галевски (cinemania). Лесен едноставен збир на раскази за македонското секојдневие, збогатено со урбаниот мирис на кафаните и чистиот воздух на природата. (4.5/5)
11. Кротки раскази - И. Ангелков. Неговото првенче доста невино ви легнува на душа. Кратки хумористични раскази за скопското секојдневие. 4/5
12. Фотосинтеза - И. Ангелков. Една од најсветлите точки за оваа година, иако лесно, романче кое ќе ве натера да го фрлите еднаш засекогаш товарот на минатото и да се обидете да смените нешто кај себе. 5+
13. Време љубави и време смрти - Ремарк. Пак ќе кажам, нема постои лоша книга од овој човек. Описот на љубовта, толку сентиментално и длабоко навлегува во човековата психа, дури и кога истата таа се обидува да го негира своето постоење. He is just... Remarqueable. 5+
14. Играта на ДеНиро - Рави Хаж. Рандом купена, прв пат го сретнувам авторот, пријатно изненаден. Либан 80тите, народот разнебитен на повеќе етнички гетоа, двајца најдобри пријатели, сомнежи, љубов, војна... Доза на Ремарк, оваа книга нема шанса да остави човек рамнодушен. 4.5/5
15. Осмица - Румена Бужаровска. Повторно кратки раскази со доза на цинизам на нашево скопско секојдневие. 4/5
16. Неподнослива леснотија на постоењето - Кундера. 4 стории кои меѓусебно се испреплетуваат. Ако Ремарк е бог на (пост)воената белетристика, Кундера е истото за неподносливата едноставност кога луѓето се љубат. Едноставност на толку комплексни пориви. Како драг подарок од една многу сакана личност. 5/5
17. Најдоброто место на светот е тука - Франсеск Мираљез. По Кундеровата „едноставност“ и факултетските студии, ми беше потребен еден ваков шик-лит роман, малку мозок на пасење, лесно филмче во главата. Иако „Љубов со мали букви“ му е најдобра до сега. 3.5/5
18. Владетелот - Макјавели. Ренесансно, дури и помалку контраверзно дело за тој период, Макјавели го опишува совршено целиот систем на владеење и како еден „принц“ би требало да се постави кон државата која ја управува. 5/5
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker
Статус
Затворена за нови мислења.