И конечно после толку непреспиени ноќи го дознав убиецот 
Крајот на истрагата за убиството на Рози воопшто не ме разочара, напротив беше и над очекувањата, а очекувањата за серијава богами ми беа огромни.
Неочекуван, многу непредвидлив и доста емотивен крај, друго немам што да кажам, ретко сум гледала серии до крај, не ми задржале внимание или сум нашла подобри, а тоа што за недела дена изгледав триесетина епизоди ваљда нешто кажува за серијава.
Сега откако ги изгледав двете сезони можам да и дадам чиста 10ка!
Пошто бевме во заблуда на почеток за сезоните и колку сезони се обработува првото убиство:
Приказната за убиството за кое зборувам јас во воведот се завршува со крајот на втората сезона.
Трета сезона, нова приказна, поврзана со случајот што го истражувала Линден пред случајот со Рози, која ваљда исто така ќе има две сезони.
Во спојлерот е кратка содржина од трета сезона, не открива ништо битно освен воведот, но ете нека е во спојлер знам има и некој друг ко мене што не сака да чита ни воведи

Млада мајка била брутално убиена пред очите на својот син, а тој живеел денови до нејзиниот леш. Убиецот бил неговиот татко, случајот бил решен, а тој испратен на погубување. Во третата сезона се појавуваат убиства направени по идентичен начин како кај младата мајка, па почнува и новата истрага која доведува до сомнеж дека на столчето за погубување ќе застане погрешна личност?!