МАКЕДОНСКА ПОГАЧА
Состојки : 4 јајца, 1 шолја кисело млеко, 1/2 шолја масло, 2 шолји брашно, 1 кесичка пециво, 200-250 гр. сирење, 1/2 лажичка сол по потреба , и малку сусам.
Јајцата се матат, па се додаваат киселото млеко и маслото.Откако добро ќе се измеша се додаваат брашното и пецивото и повторно се меша. На крај се додава здробеното сирење и се посипува со сусам.Смесата се става во тавче бр.28 и се пече на температура од 180 - 200 степени.
ПАСТРМАЈЛИЈА
Состојки: 1кг. брашно, 20гр. квасец, малку сол, мелена црвена пипер, 800гр.свинско месо малку маргарин или путер.
Еден ден предходно, месото се чисти, се посолува, му се додава мелен црвен пипер и се остава во фрижидер. Квасецот со малку топла вода и брашно се остава да нарасне. Со квасецот, се замесува тесто, малку топла вода и сол - да биде со средна цврстина. Се остава тестото да кисне, а потоа се дели на 8 топчиња. Со помош на сукало и на рака, секое се формира во форма на лист ( како што изгледа пастрмајлијата). Потоа врз секое се реди месото и малце маргарин. Се пече на 180 степени највеќе пола саат. По печењето се покрива со крпа и се остава да се одмори.
МАКЕДОНСКО МАКАЛО
Состојки: 6 компири, 20 везени суви пиперки, 2 чешениња лук, 1 лажица сол, 200мл компирова вода, 50мл. масло
Компирите и пиперките убаво се мијат па се ставаат да се сварат и да омекнат. Пиперките се сечат на половина по должина и им се острануваат семките да остане само месестиот дел од пиперката ( може со лажиче). Во аван се ставаат солта и лукот и убаво се толчат. Излупениот компир се пасира. Потоа се додава внатрешноста од пиперките и компировата вода ( во која се вареа компирите и пиперките) и се добива смеса малку погуста од пире. Маслото се загрева и се попаруваат компирите.
ПОЛЛЕТА ПАСТРМКА НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН
Состојки: 1 голема пастрмка, 2 китки магданос, 10 чешниња лук , 2 големи моркови , сок од 2 лимона , вегета, сол , бибер и масло. 125мл. бело вино
Рибата се посолува и се остава една ноќ да престои во фрижидер. тавата се подмачкува со масло и вода. рибата се сече на пола по должина, па се става вегета и целата се полива со сокот од лимон. Внатре во тавата, рибата прво се полива со масло, сок од лимон, па вегета, па сично сечен магданос, па ситно сечен морков и на крај ситно сечен лук. Така врз рибата повторно се полива лимонов сок , уште еден ред магдонос и се поклопува рибата .Од горе ја поливаме со белото вино и неколку лукчиња. Се покрива со фолија но фолијата не смее да ја допира рибата. Се пече саат време на 250 степени , се вади фолијата и уште 30 минути да зарумени.