Илјадници компании кои прават масакар врз животни да си ги тестираат своите нови линии на производи со цел да остварат што поголем приход.
Дали е тоа хумано ?Што мислите вие за ова?Дали треба и понатаму да продолжат со вакви активности?!Или треба да си платат казна и да престанат веќе да убиваат невини животни!?
БРУТАЛНАТА ВИСТИНА ЗА КОЗМЕТИКАТА НА АВОН
Дали ви се допаѓаат производите на Авон? Да тие се разнообразни, атрактивни и се на сосема достапна цена. Освен тоа Авон се борат за хумани цели како кампањата против рак на градата на пример. Навистина, колку хумано! Единствено што, бруталната вистина, за која во Македонија не се најде кој да ја раскаже е добро скриена некаде зад шарените страници на нивниот каталог… Таму каде никој не би предпоставил дека за крајниот производ некој платил со крв и со солзи…
Еве што објави ПЕТА за Авон:
“Во почетокот на 2012 стана јасно дека Авон не само што не престана да тестира производи врз животни, туку инвестираше повеќе во постапката. Бидејќи во Кина вивисекција не е забранета, всушност и е задолжителна, за да биде дозволено продуктот да се најде на пазарот, многу компании решија да се повлечат од Кина. Но ова не важи и за Авон. Тие продолжуваат да ја користат тамошната ефтина работна рака за производство на својата козметика и секоја година убиваат помеѓу 80 000 и 100 000 животни во името на печалбата“.