Јелена Карлеуша

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Бидејќи сум нејзин не фан туку фанатик а за вкусови не се дискутира сакам да напишам нешто повеќе за неа и да видам што вие мислите за нејзината музика. Ве молам немојте да коментирате ако ја немате слушнато воопшто и само на изглед да ја коментирате.
Значи вака : родена е во Белград на 17 август 1978 и е ќерка на Дивна и Драган Карлеуша. Мажена е со Душко Тошич фудбалерот и има две ќерки 3 и 4 години. Постои на српската сцена веќе 17 години. Таа уште од мала се издвојувала од своите соученици и секогаш кажувала што мисли без да се плаши за последиците. И денес е таква. На 11 јуни 2012 го издаде својот нов албум и го нарече Дива.

Албумот ги сочинува песните : Микрофон, пуцај у љубав, нова религија , мушкарац који мрзи жене, крими рад, инсомнија, Радим на бол, содома и гомора, савршен злочин, дубоко рањена и песната со. За со и крими рад има веќе спот а за содома и гомора и савршен злочин се во тек на изработка.

Еве ги спотовите на со и крими рад



Дискографија
Прочитајте овде

http://serbianforum.org/domace-diskografije/16753-jelena-karleusa-diskografija.html


И за крај нејзиниот вистински профил на Фејсбук

http://www.facebook.com/karleusa?ref=ts&fref=ts

Па повелете
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
абе која е Јелена Карлеуша,
мислам не заслужува да се спомнува нејзиното име а камо ли да има тема на форум со Јелена Карлеуша..
Дефинитивно не..
Извини ако сум вака брутална ама Јелена Карлеуша нема ништо интересно и посебно на себе..
Ниту пак некојa посебна приказна позади себе која е вредна да ја анализираме во темава.
Ниту пак знае да пее..WTF...
А јас сум уште посмешна што одговарам на темава....
:rofl:rofl:rofl

Леллелеле Јелена Карлеуша хаххаххахха...
извини морам:ladno
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Еден против сите а? Се навртевте на новиов член како пчели на мед. Бидете покултурни како постари членови и кажете само не ми се допаѓа ни она, ни музиката нејзина и толку. Си ја покажувате сериозноста според годините. Темава никако не е за во канта, си има луѓе што ја следат Карлеуша, слушаат нејзината музика и нека си коментираат овде, за другите си има теми за рок, џез музика... Нели секој според свој вкус?
Он: Не ја слушам, ниту и ја следам кариерата. Ај чао. :)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Еден против сите а? Се навртевте на новиов член како пчели на мед. Бидете покултурни како постари членови и кажете само не ми се допаѓа ни она, ни музиката нејзина и толку. Си ја покажувате сериозноста според годините. Темава никако не е за во канта, си има луѓе што ја следат Карлеуша, слушаат нејзината музика и нека си коментираат овде, за другите си има теми за рок, џез музика... Нели секој според свој вкус?
Он: Не ја слушам, ниту и ја следам кариерата. Ај чао. :)
мислам погрешно сфакаш,никој не е против новиот член туку против Карлеуша,
што има врска новиот член со коментарите??
не гледам никаква причина да се смета и дека се смета новиот член како маловреден,само затоа што има тема Карлеуша отворено.
И освен тоа секој има право да каже свое мислење..
ако ке кажам само позитивно мислење не е тоа тоа..
И критиката не е наменета на Весна ,туку на Карлеуша,дури и не може да се нарече критика..
Мислење,свое лично мислење едноставно..
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
...има ли барем една песна куде што ЈК пое истински ???
у сфаку песну глас ву е компјутерски напраен цакум пакум, и оној преработено Шер завивање
Крими рад гу слуша пред некој дн у кладионицу, кловн песна сс мафијашки манири : ) јаоооо
И како да слушам некога што пое блејбек цел живот
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Farfalla and Lena

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Чекај, пластичнава пејачка се нарекува :^)?
А текстовите на песните па уште подобри и се. Всушност текст, само рефренот го имам слушнато, направи ми сина (така беше).
Штета што некому е идол женава. Ги замислувам квалитетите на дотичниот.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Нејзината музика не ја слушам од причина зашто не слушам новокомпонирана српска музика, турбо фолк. Така да, не сум компетентен да коментирам за музика која не ја слушам.
Инаку пејачкава ми личи на колешка на работа, која ја викаме Гица
Miss_Piggy_and_Kermit_%285535955078%29.jpg